Облечи нешто по бизнис насочено. Панталони или сукња до колена, кошула можеш и затворени чевли Кошула фустан е супер идеа, ако имаш секако
Може. Кошула е секогаш добар избор за таква пригода. Кошула и фармерки, да, и ваков тип сандали, затворени напред.
Ова не модно прашање туку исповед и да видам дали има некој ист ко мене. Значи со коронава се поправив асални +8кг, ај заокружи ги на 10, утре сум на фенси шменси вечера.. Јас луѓе се наоѓам во тотален моден хаос. Значи пуцам јаки 83кг, висока 163, можете да замислите.. Немам лоша конструкција и на килажава, ама тотално се изгубив веќе во модниов свет.. Најверојатно ми влијае и на самодоверба, ама не сум си купила ништо веќе од Април, пошо нели дома седевме, што ќе ми е.. ама сега оди најди нешто уникатно и убаво. Значи дајте ми продавници живи се, што НЕ се во сити мол, гтц, веро и капитол...!?!?!?!? Сакам мали продавнички со избор на убави фустанчиња, широк избор на фармерки и некое интересно блузиче, кошулче, да се стокмам за есента што иде.. Што е најтрагичното ќе прашаш некој поблизок за вакви работи, сите креваат раменици, ко демек не знаат и оп после нешто убаво ќе си земат, значи мислам у реду е, не те копирам, ама луѓево се малце weird знаете.. Ај совет. Мали уникатни продавничиња, со величини за сечија душа и тело.. П.С. ХЛ до Л носам, значи не сум ХХЛ па да речеш тешко би требало да биде да се најде нешто туууу...
Види во Павиа и Бебел. Ги има на повеќе локации и двете. https://www.facebook.com/pavia.butik/ https://www.facebook.com/bebelfashion/
Интересни фустанчиња сум видела на поминување кај Тодор Александров во Кисела вода, има неколку мали продавнички наоколу, мислам дека би нашла нешто убаво,ако ти е во близина. Види и во MAGO fashion, се наоѓа после ЈБТ на раскрсницата или boutique ROSI & Impress во Буњаковец и бутик Различни исто таму, имаат и на фејс страни. Се надевам ќе си најдеш нешто убаво.
Женски, ги видов овие панталони и ме ставија во мисла. Дали ви се допаѓаат моделиве и дали се уште се носат вакви?
@Принцезичка1 јас имам како првите во долниот ред. Ги носам со ролка со кожна јакна, со краток џемпер во некоја јака боја, со сако и обична маичка. Интересни се за комбинирање. Еве примери:
Не мисли на тоа дали се носат се уште или не. Модата секогаш се менува и не можеш нон стоп да менуваш и ти стил за да бидеш "во мода". Биди своја, имај свој стил на облекување, доколку ти се допаѓаат и се во твој стил, носи ги. Мене ми се допаѓаат, а можеш и многу интересни комбинации да најдеш со вакви модели. Можеш и спортски комбинации, можеш и елегантни. Одговараат и со штикли и со патики
Ако ти се допаѓаат, не се секирај дали се носат или не. Носи си тоа што ти се допаѓа. Јас лично би ги искомбинирала со еднобојна блуза, ролка или маичка, ама тесни за да не претераш со широко. Инаку моделот на панталони многу ми се допаѓа затоа што се соодветни за речиси секоја прилика, а можеш да ги искомбинираш со речиси секакви обувки.
Каде можам да најдам такви панталони како од сликиве погоре но да има поголеми броеви и да се со висок струк?
Едно глупаво прашање од мене, камо сите проблеми вакви да ми беа. Сакам беретка ама не сум одлучна за боја, а да купам повеќе од една не ми треба, не ми стојат. Црвена - стандарна боја за беретка, а то ми е и плус и минус; Беж - одговара на се'; Тиркизна или жолта - кул и невообичаени бои, но потешки за комбинирање.
На каква боја капут ќе ги носиш? Ако е црн тогаш секоја ќе одговара и ќе биде лесно за комбинирање. Ма да, јас гледам секогаш да сум облечена во две бои. На пример: црни фармерки, чизми, ташна и капут, а црвена блуза и капа. Или сив капут и фармерки, бела блуза и бела капа. А убаво е и со 3 бои само мене ми е потешко да ги искомбинирам, иако сега кога ќе размислам многу често во зима сум дотерана бело-сиво-црно.
@Принцезичка1 ги имам црвените (втори по ред, најгоре), во левото ќоше. Не сум задоволна. Не се практични за перење, пуштаат боја. И ми уништија една чанта, црвена боја имаше на нејзе. Ептен е добар кројот, но не сакам кога вака треба да ја тупам за перење и плус ми уништуваат други работи.