mice83 бојата одговара на вакви комбинации од бои: - црна - бела - црна + бела - црна, црвена - темно сино (тегет) Така да, бојата е добра, нема зошто да му ја мислиш ниту за неа, ниту за комбинирање.
^Како што е времето променливо, зависи. Еден ден балетанки еден ден чизми. Не, за балетанки мене ми е таман времето, прошлиот викенд преку ден носев и тоа без хулахуопка и пак ми беше жешко, а за чизма ми е топло.
Девојки едно прашање. Срамота ли е на балетанки да носам пример фармерки ама да ги подвиткам долу..? Не знам до што е работава, и претходните фармерки што ги имав и овие сега што си ги купив, сите ми станаа широки и туку ми се спуштаат надоле и ептен како клошар изгледам.. Знам дека ослабнав али мајка му стара, две недели нема од кога си ги купив овие другиве.. Нешто слично како на сликава
Нема зошто да се срамиш..како сакаш ти така се облекуви, не гледај др. што ќе кажат важно ти да се осеќаш убаво..инаку не е срамно баш е кул
Мимс, јас имам ѕвонарки, само не се баш ептен до доле, ами до глуждовите се и имаат баш таков ѕвонест завршеток. Ги комбинирам и со оксфордки за дневна шетња и мене лично многу ми се допаѓа како изгледаат и како (ми) стојат. Можеш само да пробаш, ако не ти се допаѓа така не мораш да носиш, ама ете имај во предвид. Мене ми е баш шик и дури си практикувам така да си ги носам фармерките со балетанки и секаков тип на ниски кондурчиња.
Зашто сте толку ограничени бре, ако ви е топло носете балетанки, ако ви е ладно, носете со чизми. Незнам ако јас пример ви кажам носете балетанки, а надвор е камен грч, ќе ме послушате?
Мене балетанките ми се замена за салонка, па и зимава ги носев чат- пат ако не ми се носеше салонка, а гардеробата никако не била за чизма. Гледав и многу жени кои најверојатно одат на работа, а не носат штикли зимава со балетанки. Така што ако ви се носи балетанки носете.
Напротив, и во мода е да се носат вака. Пошто јас го поставив прашањето.. Извини, темава е модни прашања, што е проблемот ако си прашам нешто? АКо имаш конкретен одговор, дај, ако немаш, која потреба да даваш саркастични, иритантни одговори? Спојлер (И, воопшто и на други теми, мора да си кул со твоите контра одговори, со офф топик, секако)
Eрин С. не знам зашто лично го свати толку постот не беше кон тебе насочен единствено, но ајде. Ти се извинувам ако си се навредила, не беше тоа целта ни намерата. Не сум кул, т.е не глумам со коментарот, кој нималку не е саркастичен, само е искрен. Модно прашањ, не е дали сега е време за тоа и тоа, поише е метролошко прашање но не е битно. Поентата ми беше, зашто да барате конфирмација од некој друг, за нешто толку лично што те засега тебе, зашто ти ако се осеќаш ладно, ќе носиш нешто потопло, а ако ти е топло, ќе носиш нешто лесно што нема да те склети. Зашто потребата од некој друг да ти каже што е правилно а што не, кога нема правила? Сум го прочитала едно милион пати претходно, и сме коментирале дека тоа е субјективно, зашто 1000 луѓе 1000 навики и карактери. Прашањето нема врска со мода, туку со потреба, ако тебе ти е ладно кога излегуваш надвор и си зимурлива не носи, а ако ти е топло носи си слободно, без разликашто јас или Петкана или Стојна ќе ти каже. Прави како што тебе ти одговара и како што тебе ти е убаво, без разлика што ќе ти каже тука некој, зашто на крајот на денот, ти ќе се разболиш, пример ако ти е ладно со балетнаки, не јас. Е тоа ме потикна да напишам така, а каде си забележела мој сарказми и незнам што не е тоа ни целта ни поентата на темата.
ајде без зајадувања сеа не сте се сфатиле и точка. него кажете ми.. си купив вакви штикли и зборевме со другарки и ми рекоа дека овие се само за зимно време..но јас напротив ги купив за сеа и летоска за вечерно искачање..и сеа кажете ми за коа се???
ма јас не марам многу со високиве обувки , овие јас и те како би ги терала и летоска имам неколку вакви слични и си ги носам и на топло време со здравје да си ги носиш дарк
Баш се симпатични, со здравје да си ги носиш. Со милион работи можеш да ги носиш, со било што можеш да ги комбинираш. И што има врска дека се само за зимно време...Глупости...Па не се до колена. Носи си ги и преку лето ако сакаш, сигурно сега нема да земеш да исполнуваш желби само на другарки... можеш и сега да ги носиш , и за крај на јуни и ти кога ќе посакаш без ралика на сезонта.
Meне овие уопште не ми се за лето.Може на пролет и на есен кога навечер е свежо а не е за длабоки чизми,но за на лето не ми одговараат.
Мене ми стојат повеќе за лето, отколку за зима, but that's just me. Зависи од настанот за кој ќе ги носиш. На лето, стојат за вечерно излегување. Преку зима, на тој снег и лизгави површини, не да не се... За в зима: едно е свадба, поголема свеченост. Но друго е излегување во дискотека. Тоа што во Македонија малку се нема осет за било што, не значи дека така сите останати треба да се однесува. Туку ако почнам да пишувам за неисправностите, ми отиде денот неповрат. Одлични се за летно и вечерно излегување. Уживај