Јас имам прашање. Следнава недела на 3 дена од нашкола одиме во Белград, а мајка ми ме притиска што побрзо да се спакувам. Како што видов времето ќе биде топло околу 27 степени. Некоја идеа што да понесам? Фала однапред
1. Информирај ја мајка ти дека за патување од три дена, нема потреба да се пакуваш една недела претходно. 2. Три дена се во прашање и не ти е потребна посебна подготовка. Не сме пред твојот гардеробер за да ти помогнеме но еве ти неколку совети. Од облека: - за преку ден носи маичка на кратки ракави. Не зафаќа премногу простор и нема да ти пречи. носи тенка блуза и врз неа дуксер за ако ти е топло, да можеш да го соблечеш. - за преку ноќ (не напиша никакви детали, но претпоставувам дека ќе се враќате вечерно време) Обавезно носи многу топла облека бидејќи ноќните патувања и во лето знаат да бидат премногу студени, со оглед на квалитетот на јавиот транспорт, а не пак во ова променливо време. Што значи, ти препорачувам зимна облека. Топлото можеш да го издржиш, но ладното и не баш. Целото тоа нека биде лесна облека. Комотни фармерки би биле добра опција. Што значи, на тебе можеш да носиш маичка на кратки ракави, тенка маичка со долги ракави, дуксер и топло палто/јакна. Што е вишок, ќе ставиш во ранец. Надолу, (би ти препорачала и хулахопки со оглед на тоа колку ноќите можат да бидат студени и никакво греење нема да може да те спаси) и фармерки или тренерки. Ова беа совети за патувањето. За тамошниот престој, ќе мора сама да си разгледаш, но не трупај облека за која знаеш дека нема да ја облечеш. Пак ќе нагласам, 3 дена се во прашање и знам дека повеќето би претерале. Тоа е тоа, надолго и нашироко. Бидејќи не појасни таман ништо (од типот со што би патувала, каде би оделе и каков е настанот или дали е екскурзија), ова беше најопширното, а најопфатното објаснување.
Не викај два пати, кај секој е различно. Еве јас лично цело зимо си го преседов на кратки и ладно повеќе трпам отколку топло. Туку, јас да праша нешто. За навечер за у кафич пример на нозе што носете? Значи за балетанки навечер ми е ладно, а за чизми ми е касно веќе
Оксфордки Памелче, или некои кондурчиња од тој тип. Јас уште не сум ги извадила балетанките, ладно ми е дури и на денско време. Или пак некои кратки чизмички, зошто да не. Јас уште гледам девојчиња кои носат ваков тип на чизмички и за на факултет/школо.
^^ Клајте си балетанки, јас веќе ги отепав од носење и денски за на факултет, и навечер, нема поубаво нешто од нив меѓутоа уште носат некој кратки чизмички до глужд, можите и такви зошто да не
Mи треба искрено мислење, незнам дали е попаметно тука или во како да искомбинирам, ама ајде оваа тема прва ја видов. Ме копка ова веќе некое време и денеска решив дека после толку погледи морам да прашам, зашто се осеќав како терорист бомбаш-самоубиец. Овие надоленките ама памучни, не свилени, дали ви изгледаат вулгарно со суќна малку над колена? Значи со обична суќна, еднобојна со обични чорапи еднобојни и маичка? Денска комбинација е во прашање. Нешто вака, слично Спојлер М, баш ме интересира што ќе кажете
Ме изнасмеа! Искрено, најискрено, ако си одела на ваков тип чорапа + сукња, си била најдобро облечената и најмодерната девојка кај тебе во маало а и пошироко. Hipster from the block. Уште од сега те замислувам. Одговорот за мноштвото погледи е многу едноставен и лежи во тоа дека кај нас за жал не се навикнати да гледаат посмели комбинации, него се навикнати на она покласичното и поедноставното. Не се секирај, сум пиела и јас вакви ,,погледи'', а не сум се осетила као бомбаш самоубиец.
девојки ме интересира што мислите за стартки високи? да не се ептен застарена мода? си ги најдов дома,од поодамна се ,па сакам да си ги носам сега ,па се мислам да не бидам ептен затупена и ако би ги носеле како би ги комбинирале,со што? ви благодарам однапред како плавите се ,толку високи,само мојте се друга боја и не се конверс
Имам во повеќе бои, и си ги носам во зависност од мачката-блузата. Мене ми е топло веќе во дебели хуахопки, а ептен ми е глупо на апла голи нозе да одам факултет, па ова ми е некако мит ми ин д мидл, ама па денеска добив повеќе погледи од било кога у мој живот. И тоа претежно од девојки, ама она остри погледи и неубаво се почувствуав. Другарка ми ми вика дека можда деливаат сексуљаво, ама па гола нога се гледа само 3 сантими, ништо поише. Единствено ме нервираат што се смкнуваат многу, кога ги кревам над колена, па морам да ги дигам цело време. Инаку у според мене не се воопшто вулгарни, онака баш ретро 90s, Клулес стајл, али па викам да не грешам, да не се стварно се ептен нападни и вулгарни. И тоа ги носам со оние широчки, неприлепни здолништа.
^ Љубоморни се Не озбилно, мене ептен ми се допаѓа ваква коминација ама некако не сум...па да речам храбра да ја облечам. А не е вулгарна, ептен кул изгледа. И веројатно моментот би бил тоа дека ете ретко вака се носат, па сите ќе ме ѕверат (не дека се до толку битни другите нели ) Јас мислам дека на тие што те гледале им се вртело во глава као, еј кул, може и јас сеа да се облечам вака барем мене тоа би ми се врткало во глава Јас имам и лани ги носев со тексас мини сукња И да се и да не се застарени, ми се најдоа па ајт да не седат во плакар
Не бе, ич не се сексуљави Спојлер Се шалам.Зависи какво тело имаш а со тоа и како ги носиш. Најбитно е да не е многу кратко здолништето и нормално тебе да ти е удобно...
Хипстер виделе нешто поразлично, па ќе се зверат нормално. Може и на храброста што ја имаш ти завидуваат. И воопшто не е вулгарно. Сепак покажува може да се биде секси ама со мерка, без допи*њак и цицки на видик. Санја мене високите не ми се допаѓаат многу, највеќе ми се допаѓаат тие со средна висина. Сепак не изгледаат лошо., би можела да направиш убави комбинации. Со здолниште некое, со кратки тексас панталони, еве моја школска ги комбинира со хеланки и подолга маица.
И мене високите не ми се допаѓаат многу , мислам дека знам за какви збориш беа актуелни поодамна нема кој не ги носеше и јас имам светло сини ЧД Инаку јас не би ги носела сега , ама ако ти се допаѓаат и знаеш како да си го носиш само напред
Мене ми е глупо и гломазно ми изгледа , јас секогаш имам проблем со штиклите и на сите им ставам ненападни тенки ремчиња , тоа го правам на чевлар , ремчето е иста боја со штиклите и изгледа како да се такви купениЧД
! Ме погоди со темата на постот 1. Се знае што е „сексуљаво“ (или како и да ти беше зборот ). Ако беше вулгарно, немаше сите средни школи низ ГБ (па од нив потоа сите копираа) да се носат така. 2. За денска комбинација (воопшто - за било каде) ми изгледа многу симпатично. За на факултет, можеби малку. Освен ако (оди па напиши...ај ќе се обидам некако да објаснам без слики) 2-3cm под (овој дел оди и со пониски чорапи), колената и 2-3cm над колената да ти се visible (ако не успеав, на крај ќе качам слика ). Инаку, ова е комбинација во која секоја девојка која ја носела низ Македонија била „на мета“ на чудните погледи. Во Македонија никој не е навикнат да гледа поразлично. Мислам, едно е мода, друго е стил, трето е униформа. Секој е облечен исто и во она што го нудат бутиците во последниот месец и стравот е голем доколку некој сака да направи отстапка. Оттука се и упатените погледи и коментирањата. Мене никогаш не ми биле јасни оние кои прават нешто само за да не отскокнат од толпата и да не бидат погодени од нивните коментари. Па затоа и сакам кога некој ќе го направи тоа - но со стил! Go for it!
Времево се стопли, сите ги заборавивме чизмите. Но, мене за вечерна комбинација најубаво ќе ми одговараат високи чизми на штикла (за овој викенд) Срамота е да ги облечам во ова време ????????? Последниот викенд кога излегов сите беа на салонки, ниту една девојка не завидов со чизми.
Со оглед на тоа дека не само по салонки него и по сандали веке почнаа да одат, а и што вика Памелче топло е мене некако веке чизми не ми одговараат.