Силвер не е срамота, ако не ти е топло тебе, носи ги, само ќе се спариш во нив, ќе видиш нема да можеш да издржиш. Кажав и тогаш кога ме нападнавте, дека ништо од ова не е срамота, се е прашање на вкус и на тоа тебе како ти одговора. Истот и на Викиче ќе и го кажам, претопло е, ако календарки обично е рано за сандали, температурно е веќе лето. Јас се варам во фармерки веќе недела дена и само фустанчиња и здолништа носам. Така да носи си како тебе ти одговара, нема простор за срам или незнам што. Не идете голи или вулгарно облечени за да ви биде срам.
И на лето може да се носат чизми (навечер, не зборувам за денски), се прават wow комбинации, ама кај нас што и да облечеш секако ќе те загледуваат, претежно накриво, ама пред се, што нив не им држи да се облечат така. Јас дури и зимата гледав некои шетаа по балетанки, а и навечер во салонки на големо гледав.
Чизмите во лето (не зборам за оние плетенине ко миље) се носат на големо во другиве земји. Преку ден и навечер 50% од девојките се во чизми, оние налик каубојски високи над глужд негде, во комбинација со тексас панталончиња, шарени цветни фустанчиња, тексас јакнички има многу комбинации каде што чизмите одлично се вклупоуваат во овој период. Јас го обожавам тој стил, имам носено неколку пати кратки тексас панталончиња, чизми и широка кошула. Добивам втф погледи, ама ок е, ако не ова лето наредното веќе сите ќе ги носат. За тоа дека нозете се варат точно е, ама чувството е исто ко во патика, башка отворени сандалки ретко носам пошо прашина и калови ми се прават нозеве по улициве и автобусиве. Практични си се чизмите
^Jaс имам лично многу против чизми во лето, ама дека стојат кул, ма прекул, стојат. Е се додека не се кожни, туку друг материјал јас сум за, во спротивно ми нема смисла искрено. Koжата поти премногу Али јас сум таков човек, пресклетчија, јас и во зима не носам предебели џемпери, хулохапки,или шал и раквици во поголем дел од времето, така да кога ќе дојде лето, ова нашево тропско лето незнам што попрво да соблечам и да облечам. Инаку ако не ви е претопло во тие носете ги, прекул се во комбинација со џинс.
Хипстер секако, кожните чизми се скапоцени, барем за мене, ај што ги плаќам прескапо за да ме топлат во зима и да не пропуштаат капка дожд и снег, ама моиве кај во зима ми ја потат ногата па можам да замислам што би било кога би ги облекла во лето, no no Инаку па и во балетанка се вари ногата, така да исто му доаѓа
Најмногу од се што мраам се силиконски прерамки на градник . Ама сега, фустанчето во горниот дел ми е корсет и ќе мора да ми се гледаат прерамките, а не сакам да ги носам. Сега земав граник со некоја си силиконска лента од позади на грбот, ама не се осеќам удобно се мислам дека ќе ми се свлече надолу. Чаре некое?
чаре само зашивање на градникот со фустанот иначе тој градник што е со силикон на грбот не е воопшто сигурен на братучетка ми на свадба и пукна па ела снаоѓај се... посигурно ти е обичен за корсет да облечеш.јас немошев да не ставам препамки бидејќи ќе ги посеев некаде градите...
Не се разбравме. Не е силиконско одзади тоа кај закопчувањето, туку има силиконска трака за да се залепи за кожата.
Да прашам едно глупаво прашање. Шо боја штикли да земам а да одговараат на повеќе бои (а да не се бели или црни)?
Памелче, освен крем, сиви и сини(тегет) исто оди на се, или скоро се. Не гледај да одат на се, туку пример да одогвараат не некои комбинации што си ги имаш веќе смислено и планирано, а не мора да е строго овие бои. Црни штили се маст хев, со текот на времето ќе си земеш еден пар добри црни чевли. Бели и не се баш маст хев според мене, више крем или кафени се оние што одат подобро него бели.
оди и со едното и со другото, зависи што е крем-кафеното а што црното или црвеното. Ма да кафено убаво одговара со црвено, поубаво него со црно. Многу зависи од розевата и од црвената, и како е нашинкано окото според мене. Али више сум за нјуд сенка со црвен кармин. Терај на крем или мешај со крем или кафено, подобра комбинација него розево, според мене.
Девојки поставив прашање во друга тема ама никој не ми одговори, ај си реков овде ќе прашам Имам вакви чизми, и сакам да си ги носам и овај период.. преудобни се иако му е висока штиклата, дека е дебела и се многу стабилни а и хит се.. што знам, вака на интернет гледам многу комбинации со кратки панталончиња, сукњички во лето. Баш видов вчера едно девојче носеше.. што мислите вие? да не е глупо да ги носам сега?
Да си ги носиш.Прекрасни се и можеш да направиш безброј комбинации со летни парчиња И не е глупо,ич да не му ја мислиш.