Ајде јас пак тука на консултација Што мислите за ваква комбинација за во кафич??? Сукна кратка црна како оваа и ваква маичка? како првата
Може , зашто не. Одбери добар акцесорис, некоја алка и еден пар обетки соодветни на овој аутфит and you're ready to go.
Имам вакво фустанче во црвена боја, без јаките и нема онаков колан т.е нема каде да се стави. Сметате дека е во мода да го носам,или премногу старомоден. Прашувам затоа што фустанот го имам од мојата мајка и не сум сигрна дали би можела да го носам? Ако сметате дека е модерно,тогаш со што би можела да го искомбинирам освен со црно,што е веќе видено насекаде.Сакам да го носам со нешто во некоја друга боја за да делува помодерно
сега се е во мода не е стармодно затоа што модата се враќа можеш да го комбинираш со сина боја или некоја што ќе ти одговара на чевлите и ташничката
Лелее, прекрасно е. Носи го секако, како што рече сани грл, модата се врти. Да, може со иста боја како чевлите и чантата, а може да кажеме некој аксесоар на глава, како венче, некоја голема цветна шнола, нешто такво, и чевлите такви.
Купв долг летен фустан и го скратив бидејќи малку ми беше долг. Откако го исправ, пак се скуси. Прашањето ми е до каде да го скратам за да не изглегам смешно? До под коленици би одговарало, оти долу е широк??
А колку долг ти е? Мене ми се свијаат оние не скроз макси, туку на пола лист, вака некако, Спојлер Барај на гугл middle dresses, тие се оваа должина. Мене многу ми се свијаат, ама ама една мана, некако малку како за повоздрасни да се, барем мене така ме прават, постара, поозибилна.
Да, и јас мислев на истото. Сега ми е над глуждовите, околу една педа над нив. Мислев некако асиметричен да го направам некој предлог? Инаку овие middle ми се некако како за поозбилна прилика
На свадба сум за 2 недели па си купив ваква боја на фустан (моделот не е тој) па ве молам за совет какви обетки да носам (исто има ваков сребрен украс и на мојот фустан) и каква боја на лак за нокти да се лакирам и на нозе и на раце.
Ланче и алки не носам никогаш па нема ни сега, носам само обетки и прстен (кога како), за обетки некако и ќе се снајдам ама незнам каква боја на лак да се лакирам
ana-banana а чевлите и чантата каква боја ти се? Инаку оваа зелена боја многу убаво би одговарала во комбинација со виолетова.