Обетки си купив сребрени, нежни со циркони како на чантата и фустанот, но се двоумам за каква боја да се лакирам стварно незнам на оваа зелена боја што навистина одговара
Не е пишано правило дека лакот мора да одговара со гардеробата. Јас со лакови секогаш експериментирам. Ако веќе незнаеш во која боја да се лакираш, направи обичен франциски маникир со бело и готово.
и овде да пишам ми требаат идеи за фармерска,тексас сукна сакам да скратам една долга прилепена за тело сукна.... дома што ја имам е како на сликава да ја скратам и некако да ја придотерам да не биде толку едноставна
Девојки се работи за обично црно фустанче вакво исто Како да го оживеам малку, несакам двобојни комбинации како црно фустанче крем штикли и плик , сакам нешто поживо незнам што накит/ штикли да земам за да го постигнам тоа Spoiler Пробав некако со штикливе (само капачето е сребрено а штиклата крем) да го комбинирам но не ми успева пробав и со вакви но незнам некако пак ми е монотоно, мртво
Денес тренд е да се вклучат неонските тонови. Можеш да пробаш со неонско розеви, зелени итн. штикли и притоа додавајќи statement necklace. Истата може да биде шарена, не мора како штиклите. Потоа, ако не си љубител на неонското, можеш со да пробаш со додавање на црвено каишче на фустанот. Др. мoже некој голем и откачен накит, но акцентот може да го задржиш и на штиклите. Тие да бидат уникатни и впечатливи. Пастелните истотака би имале добро влијание. Ако одиш во таа насока, најдобро би било со тиркизна, потоа корална во комбинација со жолто пастелна.
Неон розе одлично ќе се вклопи.Неон розе штикли,плик,обетки а ланчето може да биде големо и шарено. Ако не ти се допаѓа може да прошараш со повеќе бои.
Убавко е, слаткичко суќничето, ама се довоумам дали да го носам... Ви се допаѓа? И дали би изгледало подобро ако му ја извадам панделката? ..вака многу детско да не е?
На мене не само што детско ми изгледа, туку и демоде. Сега, не знам како на тебе стои, можеби изгледа сосема различно кога ќе го облечеш.
Според мене убаво стои моделот... само ми е поради бојата и панделката уште и чипка па има.. инаку планирам на половина да го носам кај што сум најслаба.. мислам ме разбираш.
Мхм да малце смета панделката , но бојата,чипката супер се можеш да го носиш на бела маичка крем каиш за да го покрие ластикот и крем штикли/римјанки/сандали што имаш
Значи да ја извадам панделката? Инаку и така планирам да го носам, со бела маичка пикната внатре и бели римјанки, не ми е баш за на штикли.
Разбирам, и мислам дека така е многу поубаво. Бидејќи инаку ќе изгледа подолга и нема многу да стои, а така ем по кратка ем по интересно, flirty A инаку да можеш да ја извадиш панделката
Така ми иди кратко, малку пократко од на колена, а за подолу нема шанса да го облечам, а и нема ни да ме собери така.
Мене многу ми се допага,па ни машничката не би ја извадила. Ниту смета ниту боде очи. Баш е дискретна и делува убаво и интересно. Воопшто не ми е демоде него напротив потсека на веке актуелниот винтиџ стил. Би ја комбинирала со некоја бела кошулка и со балетанки во некоја неутрална боја или евентуално штикли . Баш би се добил романтичен изглед. Не мора да е уз тело минич со ацтеки стил и сл. тракатанци што се носат за да биде модерно и убаво. Чак ова ми е многу поубаво него актуелнава мода на пеплум сукни и миничи до пич. Од мене тумбс ап имаш за сукничево.
Да не ја упропастиш сукничката ако ја извадиш панделката па после ништо да не биде. Мене баш ми е убава и не би ја извадила, но доколку се вади лесно без да ја упропастиш сукничката извади ја ако сакаш твој избор. Сите ние тука различно ќе ти кажеме но на крај ти треба да одлучиш. Инаку би ја носела со бела или крем маичка.
Со панделката е поубаво,но долниот дел + чипката некако не ми се допаѓа. Инаку мислам дека ако ја кренеш сукничката погоре,да ја направиш како со висок струк подобро ќе стои.