И со белата постава е инетересно, ама јас би ја направила ваква: Ќе ја скратам малку и ќе ја тргнам панделката и белата постава. Одзгора ќе ставам црн дебел (околу 5цм широк) ластик и ќе ја носам со тесна бела маица (пр. рамбовка) ставена внатре во сукњата и влечки, сандали... За поладно време одзгора со џемперче и балетанки.
Добив на поклон џемперче ама ракавите ми се предолги. Завратени не стојат убаво (зошто џемперчето е цело со широки дупки). Што можам да направам со нив за да можам да си го носам џемперчето? Многу се надвиснати, до ноктите ми се долги...
Истиот аутфит на две последователни свадби. Дали или не Кај не сум баш при пари (попрво планирам за друго да ги потрошам, пр. за есенска секојдневна облека), па и не можам во моментов ништо асално да најдам. Гостите се сосема различни.
^ Зошто да не ? Експериментирај со фризурата и шминката, па дури и таа да е потполно иста ако си се допаднеш - ич да не се секираш.
rainlover, Нема да направиш некоја си многу страшна грешка ако со 2 исти комбинации, одиш едно по друго,меѓутоа сметам дека (ако си во можност секако) би можела за едната комбинација да одредиш поинаков накит, а за другата, друга комбинација на накит.Додека чантичката и чевлите , би можела да ги задржиш од првата свадба, и за втората. Мој предлог.
Кејт Мидлтон го прекрши кодексот, па ти си се за секирала, абе ич немај гајле. Плус, сега имаш шанса да ги поправиш недостатоците од претходниот пат.
Сакам да комбинирам вакво пеплум здолниште, ама не сум сигурна дали сеуште се носи, мината сезона беше ептен хит, ама некако премногу досаден стана, па како што можам да приметам почнаа да го избегнуваат. Молам за помош од девојките кои се поупатени во модните трендови
сИ КУпив сукња со висок струг ми доаѓа од половината малку по нагоре и навистина убаво ми стои таа е крем боја , но бидејки не сум љубител на кошули ја комбинирав со рамбовка и навистина изгледаелегантно и свечено , и салонки дали е добро ?
Што мислите за целосни долги панталони со нежна кремаста боја и со гол грб за во дискотека дали би ми се смејале
Зашто би ти се смееле ? Сега се носат такави, и мене баш ми се симпатични, јас би ги носела. Облечи ги нема да згрешиш.
Веројатно повеќето сте го имале овој проблем (посебно кај фармерските сукњи), одзади стои поткренато, стрчи. Како може да се справам со ова? Си имам нова сукња, целата е супер, ама не тоа отпозади ме нервира. Не баш како на сликава, малку повеќе.
Силвер за пробаш да ја запеглаш? Не знам дали се пегла тексас, мислам дека не, ама може да пробаш, не губиш ништо