Искрено, хеланки без туника/подолга маичка мене ми изгледаат многу невкусно. Да, машките го сакаат тоа, но машките сакаат и долна облека па тоа не значи дека треба да се шетаме по долна облека Подебели хеланки за спортување може. Да се прошетам со нив низ град - не баш. Постојат и други работи кои ќе ти стојат убаво на добро обликуваното газе - тесни фармерки, прилепени суќни...
Знае некој како се вика стилот на тесна облека што ја истакнува силуетата и дали има тема за тој стил/мода?
Не знам за сто години од сега, ама мрежаста чорапа/хулахопка се носела и ќе се носи, а и важи за многу женствено парче, најчесто погрешно носено ама тоа е. Жена што знае да ја склопи и носи е жена и пол. Зависи од хеланките, јас носам како панталони, ама се подебели и со раб. Пикнати во чизми ми е најубаво. Оние танките накај проѕирни со некој си отсјај ми е резил да ги облечам само така, за вежбање и низ дома ги носам. Може и во спортска, може и во дотерана нели, варијанта, се` зависи од моделот и твојата замисла. А што се однесува до отворените прсти, малку е глупо една на улица во балетанки или патики, друга во чизми, трета во отворени сандали, ама кому како му одговара и колку му студи. Лично, преку глава ми е од чизми и капути дојдено, јас би облекла поотворено нешто на нога.
1) Дали салонките од антилопа повеќе попуштаат/се рашируваат од кожните салонки??? 2)И дали е намален изборот на комбинирање облека со антилопски, во споредба со кожни салонки? (Имав балетанки од антилопа и ужасно многу се раширија во споредба со кожните ) Спојлер Прашувам бидејќи си бендисав антилопски салонки, па се мислам дали да ги купам.
Морам да искоментирам за хеланките мене само хеланки без туника која го покрива газот ми изгледа премногу ефтино, која е разликата од само на хеланки и само на подебели хулахопки? Хеланките не се направени да се носат како замена за фармерки или панталнои туку ти се нешто слично на хулакопки. Никогаш не би олекла и ептег грозно и ефтино ми делува кога ќе видам девојка само на хеланки па згора на се на некои и се уцртува и пу***та ептен грозно.За спортска варијанта имаш прекрасни тренерки прилепени и од прекрасен материјал. А за чевлите од антилопа сметам дека нема разлика од обичните ’’кожените‘‘ барем јас немам приметено разлика имам и такви и такви и воопшто ме сум ограничена со комбинациите. Ако ти се допаѓаат купи си ги.
Толку биле добри тие што ти се рашириле толку. Кожата за разлика од скајот многу пушта, независно дали е превртена или обична. Друго, антилопот ми е поелегантен. Последниве салонки што ги купив се антилоп. Имаше исти такви мат, обични. Далеку поубави и повеќе до израз доаѓаа антилопскиве. Последно, комбинациите ти се неограничени (се разбира во зависност од бојата)
Јас досега со неколку пара чевли го имам приметено тоа, и дефинитивно чевлите од антилоп многу се рашируваат со носење! Од друга страна па има едни влошки кои служат за пополнување, или за меѓу број, јас со тие си го решавам проблемот со тие салонки, околу 100 ден се
Вечната дилема: дали одговара тегет со црно? Важеше како моден промашок, ама се почесто се кажува дека одговараат. Пример- Дали одговара да си облечена тип топ и да закачиш тегет чевли? Или тегет чанта?
Одговара! На тие правила веќе не се ни внимава, ако добро знаеш да ги искомбинираш нема никакво промашување.. и кога сме веќе кај правилата, порано ептен се внимаше ташната и кондурите да бидат во иста боја, па веќе никој не ни носи така
Имам капут од зимава,тегет со црн каиш,ептен модерен Другарка ми носесе на една свадба тегет црна молив сукња и тегет свилена кошула,ептен добра комбинација,јас бев воодушевена. е сега според мене ич не оди кафеаво и црно... ?!
црното и белото одговараат со секоја боја.......сега почнаа и сиво да комбинираат со секаква боја и пак изгледа убаво.....исто така почнаа да комбинираат и црвено-зелено и незнам ти какви уште бои......искрено,за ова мешањево на бои како на пр. црвена со розева или со зелена или некоја друга боја мене ме нервира некако ми изгледа ѓупски.....вкус и вкус де...секој различно..и да , се е до тоа дали знаеш убаво да комбинираш...позз
Ако е некоја убава маичка, зошто да не? Со панталони или фармерки и балетанки. Друго е чипкан фустан да облечеш, тоа не оди
Девојки едно прашање дали сеуште се носат капутчиња, мислам за навечер за искачање (бидејќи времево не ми е некако топло...)
јас еве вечер со дечко ми ќе излагам и обавезно ќе носам, од тие тенките-не сеа ептен зимски дебели и крзна
А да не се замарате толку многу, колку е лудо времево некои уште си ги носат капутите. На некој ужасно им е ладно, се зимурливи, што да прават. Срамота, зашто да е срамота не разбирам. И преку ден, некои се на работа од 8 па треба у 7 да излезат од дома. Сабајле е бајаги ладно. Носете тоа што вас ви одговара и ми годи. Нема да одиш со белетенки и мантилче а да се смрзнуваш, само зашто другите не носат :?