Oд накит акцентот треба да биде на обетките, кратки до средна должина и еден голем прстен. Ланче не доаѓа во предвид. Во однос на бојата за чевлите и чантата, може крем, секако би одговарало, за неутрална елеганција, ќе биде сосема нежно. А ако сакаш да дојде до израз, т.е да има изгледот посилен ефект, можеш со виолетова. А за второто прашање, секако дека може да биде, мислам и треба да носиш со V израз, бидејќи така ќе има складност во пропорциите и атрибутите, отколку со некој др. дизајн, како полукружен израз, а надолу рамно, па ќе изгледа погрешно.
Девојки јас имам едно прашање.Срамота ли е да се носи фустанче со долги чипкени ракави.Времево навечер си е ладничко,ама пак да не изгледам ептен зимски?
Нема зошто да е срамота, вчера беше 13 степени вечерта, ако ти прпа облечи си по кратки и трпи си. Едноставно нема срамота, секако ова не се летни температури, а дали има уште 9 дена до календарската есен, воопшто не ми е важно. Поважно ми е здравјето од терањето мода или инат, како и да е.
чил аут грл по реачцијава сватив дека изразот шутка патики не го користиш шутка патики е израз за патики кои ги има по продавниците по малите места за цена од по 400-500 денари,тие се незнам како да ти објаснам еве пример значи не се спортски-да станеш да трчаш во нив цела нога плускавци ќе ти биде,а и моделите се нешто не дефинирано,ги носат највеќе за на школо ние си користиме за вакви патики израз шутка патики
Нема врска чипката и онака не е дебел материјал. Едноставно ако ти е жешко ќе ги кренеш ракавите ама мислам дека нема потреба. Носи си.
Здраво девојки, на свадба сум на 26 октомври преку ден ќе го носам ваков фустан само мастило боја а за навечер го имам овој бидејќи времто ќе биде поладно, што би можела да носам одозгора: палто, капут......?
За првото фустанче можеш да облечеш кратко струкирано сако или пак подолг мантил во овој стил. Би било убаво мантилчето да е подолго од фустанот.
Фала ти...бидејки многу ми се допаднаа твоите идеи би сакала да те прашам и за шминката што мислиш, конкретно каква боја на кармин би одговарало ? Позз
Не знам какви ти се карактеристиките на лицето како и тенот, но еве во однос на комбинацијата, еве ти мој предлог: Можеш две варијанти 1. Едноставна шминка на очите, како горните два примера со црвен кармин (можеи и потемен тон) 2. Потемна шминка со беж кармин. Нешто слично како што е и самата моделка што го носи фустанот, нашминкана. 3. Така гледано од сите примери, реално било која тип за сенка со било кој од дадените каримини ќе одговара.
За чизмите... Календарски сме лето, ама зарад календарот што да облечам сега по дождовиве....??? Баш кај нашиов реон улициве се секогаш преполни со реки вода (иако во центар е почисто)... И вчера видов женски со чизмичиња (некои полесни, не апла зимски). И многу обожавам такви комбинации, есенско-пролетни, а со чизмичиња. Не дека сакам чизми отсега да носам...ама побитно е здравјето, календарот што кажува или другите што ќе речат....???
Луѓее..да прашам,висока сум само 1,56 матуранка сум оваа година,а многу сакам долг фустан да износам многу,сакав ова лето ама многу ми беше срам,немојд а не ми стои,па сеа сакам за свадбава..да не ке изгледам смешно,дека сум ниска? :/
^Зависи каков е фустанот. Општо да го кажам правило е дека на пониски девојки не им стои долг фустан бидејки ке ги скрати уште толку но има модели на фустани кои одговаат и на таков тип девојки.Треба да го по погодиш вистинскиот модел и слободно можеш да си носиш. Некој поедноставен модел на фустан на кој ке можеш да ја нагласиш половината со каиш и да додаеш повпечатлив накит мислам дека би бил добитна комбинација. Гледај да не е некој многу наџиџан и слоевит бидејки така уште толку ке те смали и ке се изгубиш во него. Во поглед на чизмите за тие што прашуваа дали се носат ова време. Во саботава пукаше сонце а надвор веке сите имаа извадено чизми ко да е јануари месец со снег до колена. Мене лично смешни ми беа бидејки некако уште е рано за чизми иако врне сепак не е толку ладно надвор. Балетанки и сандали а дождов сигурно нема никој да носи,но сметам дека некои позатворени кондурки ,оксфордки или до глужд некои чевли се ок. Ама класика чизма зимска уште некако не ми иде.
Јас сум за чизмички! Не зборувам за класична зимска чизма до колена, туку за кратки чизми над глуждови. И што да правиме сега ако врне, да чекаме календарски да дојде есента? И на 22ри септември магично станува океј да се носат чизми? Глупости. Ако толку многу сакаш, носи долг фустан, но нека биде нагласена половината за дополнително да не те скратува. И секогаш можеш да одбереш асиметричен фустан
За кратки чизми е во ред. Не секој сака патики и оксфордки. Ама каде бе со високите чизми до колена? Што не оди, не оди. До вчера бевме сите во апостолки и оддеднаш во чизми со крзно
Ако погледаш малку селебрити фаци на црвениот тепих, сите се со долги фустани, а колку од нив се високи по 1.50... Ако одбериш убав модел, со височки штикли, убаво и ќе ти стои. Јас не ги сакам многу тие правила што стои на ниски, што на високи.
па јас сум 1.60 па добро ми стојат пример вакви фустани а братучедками е можеби 10см пониска од мене па и нејзе преубаво и стои долг фустан,само од под гради надолу чисто пуштен, без додатоци иначе и јас сум матуранка оваа година и баш планирам да носам долг фустан aaa и третата матуранка што се јави за оваа година,мислам миличка123/милкичка123 (го утнав ај ќе се препознае ) беше со V фустанот: па мислам дека ти стојат такви фустани и дури мислам дека фустан со друг крој може и нема вака убаво да ти стои,баш си го исполнуваш