Не дека ниските девојки+долгите фусани се табу тема, но секако станува збор за идеја што треба комплетно размисли до крај, пред да биде изнесена. Да не пишувам и пишувам какви се не форми, па линии, па дизајни треба да запазиш, наједноставно е дека горниот дел на фустанот треба да биде визуелно многу помал, така да ќе им се даде посакуваната должина на нозете (Примерно првиот и вториот од прв ред). За материјали, заборави на сатенот и шифонот. И немој да одиш со фустаните кои се прв потег на сите матурантки, кои да не речам изгледаат како Шутка Транс, како и жестоки бои како горе наведениот пример. И секако најлогично е да постигнеш ефект на височина со високи потпетици, но немој превисоки бидејќи ќе се добие спротивниот ефект, ќе испаднеш уште пониска. Главно кажано, мисли софистицирано со доза на шик.
Незнам дали прашањето е за тука, ама тука ќе го поставам. Купив штикли да се учам да одам, кога ги земав ми беа се точни дури едната ме и стегаше. Ама сега откако ги разгазив од позади има место за скоро еден прст да се стави. Напред се отворени на палецот, па така идејата за да ги потполнам со памук отпаѓа. Ај кажете лек некој, сакам да ги носам на свадба, ама не позади да ми фуфка.
Има силиконски подлоги за чевли. И помагаат за поголем број. Пробај така Проѕирни се и се лепат на чевлите Ги има овие по аптеки, отприлика нека се 250 ден.
Ги има и во некои чорапари само што не се целосно силиконски туку се како перничиња со силикон одоздола (значи стапалото ти е на перниче, а силиконот лежи на штиклата) Јас имам такви и задоволна сум дека не ми лизга ногата. Ги купив од Сара фешн што е на влезот на Кисела Вода
Дали за на работа оправдувате носење здолништа со должина над коленици ??? (Имам некои сукњи кои се над колена, ама не се миничи, но сепак кратко си е кратко... )
абе види зависи што работиш, ако примр работиш физичка работа или во образование-не , најпрво од аспект дека тебе нама да ти е удобно, ама ако работиш со возрасни луѓе (канцаларицка работа или сл)да зошто да не
Се додека не е вулгарен миниќ не гледам зошто не би ги носела. Божем кај нас толку е запазен канцеларискиот дрес код па да не можеш да ги носиш. Точно е дека правило е на работа да се носи здолниште до под колена,затворени чевли и не знам што,ама ретко кога некој тоа правило го применува. За мене повулгарно е коа ке видам деколте до пупак или облека за у град да ја носат на работа,отколку здолниште 3 сантима над колена.
во образование(средно-основно,посебно срено) не од проста причина оти ќе биде трач муабет на учениците,тема за шали цел ден мислам ученик сум и знам што се не ни е тема за смеа, од макси суќната на професорката па до суќната над колена,значи со стајлингот си тепаме време п.с. мислам дека силвер не е професорка па и не вреди да тепам време пишувајки зошто не би препорачала суќна во образование а во канцеларија оти има услови за тоа, нема физичка работа и луѓето со кои работи баш и нема да седна и да си прават шеги на сметка на нејзината суќна ете затоа
Воопшто не гледам зошто не. Па на твојата возраст очигледно е дека сукњата би била малку над колениците, за разлика од подолга должина, освен ако не се работи за некоја поуникатна комбинација да сакаш да изведш, што верувам дека овде не станува збор за тоа. Еве примерно професорка на твоја возраст, па само колку е убаво кога ќе се дотера, се стегне а притоа изгледа толку софистицирано. Значи не заборава дека е професорка, ама пак не заборава дека е сепак млада. А не денешните, или ќе почне да се облекува како постарите колешки (демек така било поисправно) или ќе и текне дека е млада, ама од просто незнаење, ќе почне да се облекува како учениците. Па и да не е професорка, што има врска? И тоа е професија, односно работа, што од тука доаѓа и самото прашање на девојката.
Работам во канцеларија, но излегувам и на терен по потреба (обавезно во денот 1-2 пати). Сите колешки кои моментално работаат во фирмата се постари и знаат да дојдат во тинејџерски алишта, со избацени гради , па се прашувам зошто јас да не дојдам со прибрана сукња, ама до над колена. За професорките и јас се сложувам, не ги личи да одат разголени или провокативно облечени, зошто работаат со деца, посебно средношколците се во осетливи години, машките ќе се лигават, а женските ќе почнат да доаѓаат исто така недолично облечени. Иако премногу ги има кои се облекуваат вака.
ете силвр, јас на твое место би носела и текако би носела суќна,значи слободно искористи го она маалце сонце што ни остана од летото
феминки дали е срамота да се носат сандалки , мислам на ниски сандалки преубаво ми стојат со фармерки а и мене воопшто не ми е ладно, само викам да не е срамота
Девојки, незнаев каде на друго место да го поставам прашањево, па морав тука. Утре ќе одам во кафана со друштво. Поточно со дечкото и другари и другарки. Не сум баш во можност да носам фустанче или сукња бидејќи сум настината, а сигурно ќе ми биде ладно вечерта. Прашањето ми беше, дали ќе биде срамота ако отидам со фармерки, балетанки, една маичка ако ги знаете тие на ракавите што се како набрани, и долго ланче.. Комбинацијата ми е таа, само кажете ми да не е преобично? Ќе имам накит впечатлив но.. пак да си прашам јас. Ве молам за мислење. Редактирам: Може и наместо балетанките, штикли да облечам, така мислам подобро ќе е?! А да, и другите што ќе одат со нас, нема да се нешто ептен свечено облечени, туку така лабава вечер ќе ни биде, како друштво собрани, ништо посебно.
Јас мислам дека со штикли ке изгледа подобро, бидејки не одиш ептен на прошетка само па за да биде со балетанки.