Девојки имам едно цветло фустанче на прерамки, шаренко е има сино,зелено,лилаво.. дали ќе биде срамота да го носам за во кафич.. Одозгора со кожна јакна ама дека цветно да не не е период?
Јас не би го носела со кожна јакна туку со џемперче (можеш и од оние подебели џемпери што се и да ставиш некое потенко каишче) и кратки џизми до глужд... Пробај да видиш дали ќе одговараат и хулахопки во боја (ако се потемни боите на фустанчето).
Вакво е фустанчето, тесно е Не е баш за со коланче. Само ми е да не е глупо да го носам сега дека е цветно..
Убаво е, интересно. Сега само важно е какво е палтенцето? Отприлика. И не знам колку материјалот ќе иде со хулахопки. Инаку, напротив, нема врска бидејќи има цветен принт дека не е за сезоната. Само малку повеќе го истакнува летниот период, отколку есенскиот. Но пак, од друга страна ќе биде како комбинациjа којa го преминува прагот и доаѓа во есента , за што ќе се погрижи палтенцето, но ако си одговара, ако не, само може да води кон нескладна комбинација.
Јас имав друга замисла, дека не кажа каков модел е, туку само рече дека е цветно, затоа реков каишче... Инаку времето е сончево (кога врне, јас некако не сум расположена за цветови), така да можеш да го носиш фустанчето, ама со тексас јакна, јас не би облекла кожна јакна на ваков модел на фустанче...
Ти благодарам за мислењето iloveyou29 Гледам времево топло денес, најверојатно ќе можам и сукња да носам Ти благодарам уште еднаш.
Сеуште е рано. За ова време мене повеќе ми оди кожна јакна отколку мантилче,но секако дека не е срамота.
Не е рано. Овие чизмички само зимно време не се носат по снег, инаку немаат сезона. Сега баш се за овој период, со мантилче + меракот. Јас ги носам летно време со кратки пантолончиња.
Имам две интересни палтенца со 3/4 ракави и таквите ракави ми се проблем. Досега ги носев со тоа што на блузата одздола и ги засукував ракавите да не се гледаат, ама сега е многу ладно. Дали е глупаво да ги носам со ракавите излезени ???
Мислам дека не е глупаво но да се совпаѓаат боите на палтенцето и блузата. Инаку зошто да не, денес модата е таква што секое парче добро искомбинирано е кул ..
Марама на патики, оди ??? (поасални патики, не баш спортски ко за на физичко) Мене некако не ми оди, но има разноврсни марами, како замена за шал, па зошто да не, кога е поладно...
девојки овие штикли/чизми лани ги купив ама некако не ги износив мн дајте некоја комбинација со нив за зимава
Црно фустанче со златни детали. Темна фармерка подвиткана доле, кошулка со јака (бела по можност) и златно ланче и сако. Кожни хеланки со блуза внатре и каивче златно. Бордо пантолона со црна блуза, црно златна чанта и накит. Ептен се убави штикливе, јас би ти препорачала да ги носиш на фустанчиња повеќе.
Па освен на црно фустанче ни ги немам носено со друго инаку да имам бела кошула ама видеш не ми текнало да ја комбинирам со штикливе