^^Мене овие штикли ми одат исто така и во комбинација со сукња. Црна сукња ,можеш да ја искомбинираш со белата кошула,златно ланче и некое интересно палтенце/сако со 3/4 ракави.
feminium , еве комбинации во кои јас сметам дека би стоеле. Моделот на штиклите е скоро ист. Оваа комбинација ми е многу прилагодлива за тие. Можеш со елече како што е овде, можеш и без. Јас сум за без, би било бомбастично. Оваа комбинација ми е исто, но бидејќи преовладува рокерски стил веројатно ќе ти изгледа чудно. Ако не си љубител на кожни ствари, отстрани го кожното палто и ќе биде прекрасна женствена комбинација.
Да ставам обично лабело,или светкав проѕирен сјај на комбинација од хеланки,широка сива маица со ресички,крем ниски чизмички,иста боја крем типска јакничка,така краткичка од болеро е малце подолга ама пак кратка и сива платнена чантичка?
Лелелел не ми се верува,колку години имаш ? Дали сјај или лабело,кој ќе забележи бе мала и кој да ти каже такво нешто Живејте си го животот не се оптеретувај со ситници,зашти гледам вечер не спиеш чекаш одговор утре за у школо Што и да ставиш по 2 саат ќе се избрише,затоа релакс 2 сати објаснуваш а никој нема ни да ти пише,морав да ти излезам во пресрет
Во право е ема што и да ставеш нема ни 2 саати да трае сакав да кажам: ви благодарам девојки за предлозите и идеите ве сакаам
Знам дека сеуште има време до нова година но сакам да сошијам некое фустанче за таа вечер и подобро на време да си започнам е сега сакам да прашам каков материјал да си земам (некој што ќе биде тред оваа зима) и некои слики од модели, затоа што сеуште не сум одбрала модел xD
Се носат уште чевли/чизми со мали штиклички ? Имам едни одамна, малку носени, комотни ми се, ама се баш со мала штикла, а гледам дека некако како за тетки ми се тие...
Дечки сатен со што да искомбинирам ?? Бојата е темно сива, шорцеви се па сакам да ги комбинирам со некои подебели хулахопки и нз нешто одозгора, ама самиот материјал не ми дава за избор многу, додуше не ни знам што можам со тоа да носам ??
Ваше мислење за ова? Да/ Не? Ако не е толку лошо тогаш што би смениле? И дали да го носам со црни фармерки, или светло сини?
^ Според мене и едното и другото оди сега доколку сакаш да биде по шик можеш сините иако од сина до сина има разлика. Зависи за која пригода ти е но нема да згршиш и со двете
Моето мислење е не, едноставно не одговара, и за да се подобри и исправи најдобро е да се тргне од нула и подобро да се осмисли.
После ќе одам да си купувам палто.. сега незнам дали да си купам некое во боја (капут) или обично црно палто? Што мислите вие?
Сите сакаме да имаме палта и капути во повеќе бои ама не ни дозволува буџетот на сите. Според мене најсигурна одлука ти е да земеш кафено/крем, црно или тегет)темно сино, затоа што ќе ти одговараат на поголемиот дел на чевлите и чантите. Доклку веќе имаш некоја од овие бои оди на похрабра варијанта како на пример црвено, виолетово или розево. НО секогаш мислам дека треба да имаш барем едно црно или тегет кое лесно ќе го носиш на скоро се ако не и на се. Би ти рекла да не купуваш бело затоа што според мене брзо се валка па ќе мора често да го одржуваш.
Црно или тегет, ако планираш само него да го носиш. Ако ова ти е второ капутче/палто, тогаш кремава нијанса земи си или сива. Сепак зависи од тебе, во која боја ти е поголемиот дел од облеката. Пример јас не можам да се замислам во розев или виолетов капут.
Прво одлучи се дали сакаш палто или капут- тоа се две различни работи. Капутот можеш да го носиш само во зима, а палтото скоро сите сезони (јас сум носела и палто под капут)... Има и разлика во цената, добрите капути се над 5000, а палтата околу 2000- 3000... А што се однесува до боите провери ги сите чанти и обувки што ги имаш и види која боја доминира, па според тоа одлучи каква боја најмногу би ти одговарала. Исто така имаш ли некое друго палто (подобро да имаш црно и кафено палто (на пример), отколку две црни- знаеш на што мислам). Ако си спремна да дадеш повеќе пари купи си некое палто со класичен крој, должина до колковите, црно или црвено...
Прашањево не е за тука но не знаев каде да го поставам -.- (се извинувам) Дали работи рамстор во среда на 23ти ?