Девојки дали би било премногу ако саково го носам на факултет? Материјалот незнам како се вика, ама е преубав, онака и за излегување да се носи, ама нели не е сатен, туку баш за сако. Тоа црното е нешто како кожно. Уствари кога ке размислам подобро кај нас доѓаат во фустанчиња над колена, и штикли, мислиш професорки се не студенти
Јас што се немам видено на факултет. Од пристојно до безобразно. Сакото е одлично, со преубава боја и крој. Да си го носиш ич да не му ја мислиш
Веќе подолго време ме измачува ова: Сакам да прашам дали стои сукња (која ја прати линијата на телото) на девојки така слабички ? Имам една зелена и ако стои т.е. ако одговара на слаби девојки како да ја комбинирам :geek: ? слики ако може
Одговара. Инаку за тоа како да ја искомбинираш, да не зборувам напамет, може да прикачиш слика од некоја слична.
Здраво девојки, си купив сив материјал за фустан , материјалот е она како се вика трико мислам растглив материјал е , јас сум малку по пуничка во стомакот и во куковите, а сакам да сошијам фустан до над колена некаде , каков модел би ми препорачале со оглед на мојата фигура не сакам да ме оцртува , каков модел ми препорачувате ке ви бидам многу благодарна.
Значи овде моделот, не голема улога, туку всушност се зависи од него. Еве на пример, ваков дизајн, со што би се прикрил стомакот, а ќе падне на колковите во позитивна смисла, т.е ќе се истакнат атрибутите, а скријат недостатоците.
За elliesaab Се надевам помогнаа. Инаку моe лично правило е ако долниот дел е тесен, без разлика дали е сукња или фармерки, горниот да биде широк. Кошулка, растресена маичка со интересно ланче и слично
Девојки се носат ли уште сега вакви чизми, со крзно? П.С. и што мислите за нив, сакам слични да си купам, само со пониска и подебела штикла?
Мене ваков модел на чизми ми е преубав. Имам баш какви што ти опиша - со пониска и подебела штикла, онака ми се 'зимски' модел. Прекрасни. Не гледам причина да не се носат Единствено избегнувам да ги носам на снег, моите се малку лизгави, а имам и многу угорници и уздолници, не ми се ризикува
Да се носат, имам видено многу низ град со чизмички во овој стил.И да многу се убави и тренди ,и јас се мислам за да си купам
девојки ајде мала помош, добив на поклон едно кожно темно црвено палто на с&а ,во рамената е супер таман ми е ама надолу ми е широко некако, замислете си дека е закопчано ова на сликата е така широко е и долго е до под половината, некаде до газот Spoiler оваа должина како да го носам? Ве моолам помош треба барем еднаш да го облечам да врзам некој колан на половина со какви чевли да го носам
Mислам дека да ставиш каиш нема да изгледа добро, бидејќи станува збор за кожа, а таа како потежок материјал, нема да испадне како што го замислуваш, туку ќе дојде горе пошироко, а и долу нема ништо да се промени. А пак, ако имаш услови и можности, можеш од внатрешната страна да ставиш ластик, одредени парчиња на страничните делови или само во делот кај половината, при што на тој начин ќе се собере материјалот, без да изгледа грубо и нерамномерно. За чевлите, некои елегантни чизмички би интересно стоеле, додека пак ако мислиш за штикли, сметам дека лаковани подобро би стоеле од антилоп.
девојки дали е во ред да отидам во панталони и некоја интересна мајчка, блуза во ресторан на вечера со дечко ми?