Јас никогаш не сум била за одење без прслук,ама при крај на летото кога бев на свадба носев фустан без прслук (не беше ни мојот фустан проѕирен) и не изгледаше лошо,само што не бев јас навикната.Јас сум за Се Носи,зошто да не? Ама да не изгледа нападно и не убаво. заборавив и јас немам многу големи гради,средни.
Црн, долг до земја со гол грб (пресек V) Напред деколте на V пристојно затворен за во никој случај да не се ѕирка и со фалти во регионот на градите затоа викам не се проѕира. Фустанот е многу елегантен и несакам да го расипувам со ленти силикони на грбот
А зошто не купиш invisible bra градник? Нема прерамки, а одговара и на мали гради, па така нема да има непријатни ситуации при играњето...
Ако си сигурна дека нема да изгледа вулгарно и дека нема да ѕирка и да се приметува ептен дека не носиш фустан слободно носи си го без прслук. Ама имаш и решение за тие силиконски ленти на грбот кои патем се Силиконски прслук само со корпички од напред, се лепи буквално на градите и нема да ти мрдне додека не го извадиш. Имаш на пазариве, а мислам дека и во Џамбо има, околу 300 денари се.
Абе се мислев за таков ама незнам дали сте носеле до сега кога ќе ги свлече надоле градите ужас е. Мене ми е поубаво без прслук да го носам ама ме интересира глобалното мислење на темава, да не бидам ЛЕЛЕЕЕЕЕ ја виде ли на свадба без прслук дошла!
Јас сум да го носиш без прслук или со таквите силиконски што се лепат на градите, или земи си лепенки, ги има низ некои продавници за долна облека, се лепат под градите, држат, или задржуваат барем да не изгледаш растресено. Категорчно не за прслук со силиконска позадина. Јас имам големи гради, па кога треба да носам фустан со гол грб носам без прслук, само со лепенкиве, само напред обично ми е затворен или со некој материјал што стега и ги прицвртува. Но ти ако имаш помалу гради, мислам дека воопшто вулгарно нема да ти стои, напротив баш секси.
Денес ми се допадна фустан за нова година.. Бел е со црна чипка околу ракавите и не знам дали би одговарал со плишени штикли.. чипка и плишено што мислите вие ? Имајте убааав ден
Може, но зошто би го прекривала? Јас би рекла, да не си го уништуваш фустанот, така би бил поуникатен
Зависи за каква крзнена капа станува збор. Но, мислам дека така гледано, и се во иста боја, ќе дојде како некој комплет, и можеби ќе биде превише. Но, сепак дај пример од слични парчиња, за да видиме за какви конкретно се работи.
Го делам мислењето со Summer lover.Комбинацијата со крзнена капа, па и иста боја би била премногу.Крзнениот елек можеш да го комбинираш со еднобојна плетена капа.Ќе добиеш дискретен зимски стил,а и топло ќе се чувствуваш.