Под претпоставка дека годините кои се наведени на твојот профил ти се вистинските јас би ти препорачала да носиш некое кошулче еднобојно, во зависност од тоа со какви бои располагаш дома, панталони кои не се фармерки и не се спортски или некоја сукњичка која ќе ја искомбинираш со кошулчето и со хулахопки и чизмички до глужд, бидејќи времево веќе не е за балетанки.
Би се согласила, само ако ти се рамни чизмичките. Значи во никој случај на 13 годишна возраст немој да носиш штикла. Балетанки веќе и времето не дозволува (освен ако е сончево, слободно облечи си), панталони ако имаш во некоја неутрална недречлива боја (тегет, црна, сива, крем, кафеава) во комбинација со кошулка, минимален накит и шминка. Ако не носиш кошулки, тогаш избери си маичка во едноставна боја и џемперче или маичка и палтенце. Можеш и некое шалче да ставиш. Во секој случај, убав помин.
Ни на крај памет не ми беше да облечам штикла.Јас планирав да носам црни панталони(т.е-нешто измеѓу панталони и фармерки) и црно-бело карирано кошулче со црни старки.Или пак црни хулахопки со некоја тексас сукничка и еднобојна црна блуза,па врз неа откопчана карирана кошулка а на нозете неам поим што.Во секој случај женски фала ви на идеите,и ако имате уште некоја идеја,you're welcome
рано е за чизмичиња? сакав да си напраам една комбинација со чизмички до коленици проѕирни хулахопки и тесна суќничка...па ме интересира дали е смешно да облечам чизми ?
Девојки дали на црни хулакопки ( мислам на оние сто изгледаат како хеланки) се носи штикла? Времево е некако ладно за танки хулакопки, па сакав да изкомбинирам ткави хулакопки со фустенче?
Секако дека можеш да си облечеш штикли( салонки или чизмички до глужд).Чим планираш да носиш фустанче тоа и ти е единствена варијанта што можеш да носиш на нозе
Ако сакаш да носиш носи си, што се замараш дали на некого ќе му биде смешно тоа. Какви се луѓево ненормални на се живо се смеат не па на твоите чизми. Јас си носам уште од пред една недела. времево дефинитивно не е за балетанки и сандали.
lovelife јас вчера носев чизми а воопшто не ни обрнувам внимание на тоа дали е смешно или не ако некој го интересира зошто одговорот е затоа што ми беше ладно во пролет на 10 степена сите се во капути а сега ке се правиме како разголени хероини нешто мене кога ми е ладно ми е ладно и крај на муабетот а тоа ако му е смешно на некого може слободно да се смее, секако не ме засега
Јас лично не сакам мешање на тегет и црна боја. Ама гледам дека на големо ја комбинираат. Денес веќе нема правила околу боите, се се меша. За на таа пригода во никој случај не би облекла старки или тексас сукња. Ако не сакаш штикли, барем нека се некои балетанки, убави чевлички. Јас би одбрала сукња со помодерна маица и некое сако или џемперче со марама. Или варијанта со панталони. Може и некое поедноставно фустанче со холахопки. Не е рано. Кога на лето носат плетени чизми на +40, зошто сега да е рано, кога посебно наутро и навечер е ладно? Јас вече почнав да носам неколку дена за преку вечер. Денски, сеуште ми е топло, сакам да ги поносам балетанките иако знае и во нив да е ладно.
Ммногу, многу, најмногу ми треба ваша помош... Имам вакви тегет панталони со преклоп (јас така ги викам), само кај потколениците ми се припиени за ногата , сакам да ги комбинирам со вакви тегет чизми Да не се премногу гломазни за овие панталони?
Мене овој тип на панталони не ми се допаѓа во комбинација на чизма,па макар и до глужд.Како што кажа и самата некако гломазни се за нив. Панталоните се по летни некако и поубаво е со салонки на штикла (како на сликата)или со римјанка(кога е топло) или евентуално со балетанка да пробаш како ќе изгледа.
Јас не сум љубител на вакви панталони, ама ако можеш да ги искомбинираш, зошто да не? Ќе бидеш малку поинаква и хипи, нема да бидеш како масовно производство, фармерки и маица/блуза. Терај си по свое. Јас би додала и некоја едноставна маичка со марама.
decki dali seuste se vo moda koznite pantaloni ili mantili??? Imam pantaloni mnogu si gi sakam no ne znam dali se vo moda...? [mod-kirilicaj3e73w2][/mod-kirilicaj3e73w2]
kozeni mantili i pantaloni Ако ме прашуваш мене,да си ги носиш слободно.Јас би ги носела со мерак,ама не ми стојат
Рано е за чизми?Ама за високи Без штикла,рамна подлога. Се мислам дали да им ја отворам сезоната или пак во план сум да си земам еден пар ниски Little help is welcome
Грејната сезона почна вчера, значи апсолутно е време за чизми. Jaс планирам деновиве да почнам, ама луѓе јес да е 20сетина степени преку ден ама гледам некои уште носат сандали. Гола нога во втора половина на октомври. Јас дома отворив сезона на термо чорапа и папуча, а не па во гладијаторки да шетам.
Стварно е ладно за сандали,но мене ми е рано пак за чизми.На 25 степени некако не ми е привлечна идејата да опнам чизма,а дополнително ми одмага сознанието дека ќе бидам приморана да носам чизми во следниве пет месеци.Така да,никаде не ми се брза. А плус тоа,некој паметен измислил оксфордки,салонки,чевли и патики. Кога ќе видам висока чизма преку ден,се прашувам дали нема да им досади носењето чизми па почнуваат уште сега,или или се заљубени во новите што сега си ги купиле,или одамна не ставиле чизма на нога па некако им недостига чувството... Но,секој си знае најдобро како му одговара и си има свои причини.И нека си тера како што си знае.