^^Без проблем може да ти стесни фармерки/панталони и во ширина и во должина ако треба. Јас пред некое време носев. Инаку,со каква боја ракавици/шал би носеле црвен капут?
Со црвен капут би носела марама или шалче во крем,црна,бледо црвена,сина (и посветла и тегет), некое во црно-бели риги...
Како да ја носам кошулата? Да ја ставам внатре во фармерките, или пак надвор? Се чудам како е поубаво. help.
Што носите врз тексас кошула? Мојата е од малку покрут материјал баш како тексас на фармерки и толку е дебела ко нормални фармерки па некако ми е тапа да носам нешто врз неа, а само со кошулата е ладничко... Предлози некои?
Мимс можеш и со некакво елече одозгора - крзнено, кожено... Спојлер Или ако е толку дебел материјал можеш со нешто под неа да ставиш, па да ја носиш откопчана... Спојлер
И едната од моите тексасни кошули е слична на оваа што ја опишуваш.Плус и подолга е некако. Јас или ја носам над некоја маица откопчана ,или закопчана ставена внатре во фармерки па одозгора крзнен елек или еден бел што имам ко плетен,или пак неа само па одозгора јакна кожна или мантилче.Затоа што е подебела и може и само онаа.Ваљда и твојата е таква чим е покрута. Гледам и со сако ги носат многу.Пробав и ств убаво стои ....
Па и така и така може, и внатре е убаво, исто и од надвор. Ама како што кажа феминката над мене, ако може да ни ја опишеш.
Добро бе што се дешава со времево ? Стварно не ми е јасно,луѓево на средина октомври носат балетанки,други пак чизмички ( доглужд или повисоки)...Времево за сончево да сончево е,ама сонцево со заби е! И сега прашање сакам да си носам плетено џемперче со кошула,ама не ми одговара бе на патики -_- Да си облечам чизми значи не се ни до колена ниту пак до глужд измеѓу се ( незнам како се вика тој дел измеѓу,ама мислам дека ќе ме сфатите за што ви правам муабет )
Абе облечи си што ти е гајле, времево е мене ми е добредојдено, зошто можам да носам чизми, кои на топло време(лето пр) не можам да ги носам, а да ги комбинирам со некои полесни парчиња кои би оделе со нив ама поради ладно време не сум можела да ги носам.Носи и немај гајле.
Девојки, да ја носам сега или да чекам пролет? Спојлер Деновиве ми стигна и одвај чекам да ја облечам, ама се мислам дали одговара на периодот
Имам една убава кошулка и сакам да ја искомбинирам со црни хеланки и розеви патики, црна ташна што велите?