Јас салонка си носам и во јануари.Самиот збор салонки кажува дека се негде за внатре. Значи салонки носам за вечерно излегување во зима. Секогаш кога излегувам на штикли одам со такси секаде , значи и да треба да продолжам некаде после 1 пример во дискотека и до дискотеката со такси и многу блиску да е одам со такси и поради тоа не е некој проблем и 95% од времето всушност сум внатре.Реално чизми не ми одговараат на секоја комбинација, пример некое елегантно фустанче и некоја чизма до глужд ем е погруба и не одговара ем ги скратува нозете, исто и високи чизми не одговараат секогаш на елегантни парчиња. Затоа сметам дека кој си е по поелегантна гардероба не може да ја избегне салонката. Јас не дека преелегантно се облекувам ама на фустанчиња не ми е ништо поубаво од салонка.Мене конкретно ми оди и со капут и во зима, под услов да не ја шеташ многу надвор, посебно не снег
Не сум сигурна дали уште постои дека никогаш не поминувам од таму, ама знам дека порано имаше такви ствари во ГТЦ, втор спрат, во редот позади Евроазија - значи тој што гледа накај кеј. Имаше сукњи во тој стил.
Пробав една кожна сукња од тие до колена што се широка е вака нешто малце ми е поширока во струкот и грдо ми пајѓа надолу, некако стои стариснко.. Ама си имав една замисла вака нешто да носам за Нова Година, па некој што повеќе екпериметрира ако може да ми даде совет (ако има и некоја шнајдерка тука уште поубаво ) Mи текна да сошијам подстава некоја мрежеста за да стои поширочко, само незнам дали ке успе и дали ќе стои така или пак да ја затеснам во струкот некако за да стои долу пошироко. Иначе сакам нешто вака да стои
Женски, имам една сукња подебел материјал е и е минт боја. Дали мислите дека минт бојата може да се носи во зима или е премногу летна боја за ова годишно време?
да, зошто да не може? јас лично никогаш не ги следам темна во зима, светла облека во лето..тоа ми е многу глупаво, зошто да носам само темна, демпримирачка облека, искомбинирај ја со црно, темно сина, и топ..
Стави ластик во струкот чим ти е поширочка и ќе се набере на некои места. Зависи и колку е тоа малку поширочка, ако е некој сантим нема да постигнеш ефект како на долната слика, а ако е повеќе од 6,7 см сигурно ќе постигнеш. Имам поправано така здолништа, само од потенок материјал, не знам твојов материјал како ќе се прилагоди.
И јас така си замислив, со бело кошулче црно кардиганче/џемперче, црни хулахопки и окер чизми соокер плик. @kjukli фала на одговор.
Па да си има некои 5/6 см луфта, иначе да потенок е матријалот, не е груб затоа и пајѓа чудно некако, нема некој облик ама ќе пробам со ластик па што ќе биде нека биде. Фала на советот
Ако не сакаш да ти пропуштаат, тогаш земи си ги кожните. Многу се убави и едните и другите, но првите би ги носела кога времето е суво за да не се оштетат. Така барем ми се гледа на сликата...
Првите како што гледам се превртена кожа така да ако несакаш да ти пропуштаат вода заборави ги одма. Јас сум сепак за кожните. Од оваа фирма конкретно немам користено, што сум зимала кожни од Биана и Дора не ми пропуштале, додека тие превртена кожа пропуштаат какви сака нека се.
Ауу кожните се прекрасни, не размислувај одма да си ги купиш. Подобро е кожни не пропуштаат и некако побогато делуваат плус ти ја топлат ногата
Да, зошто да не ако е подебел материјалот на сукната.Кај некоја блогерка бев видела и минт капут како носи и преубаво изгледаше.Јас не се толку водам зимна/летна боја, некои носат и бел фустан во сред зима па никому ништо, убаво изгледа.Сакав да кажам ние сами се ограничуваме за некои работи. Еве идеја како би можела да искомбинираш, само со минт сукната.Јас така некако ти ја замислувам комбинацијата а може и со тегет кошула убаво би изгледало. Еве и други...
Некоја од Скопје која добро ги познава бутиците и трговските центри (нормално облеката)? Ми треба да прашам нешто
Девојки да ве прашам, дали хипик стилот е во мода или пак некои делови, аксесоари од него сега во 2015г?
@123.Maki-first Хипи стилот е стил на поединец, јас не го сметам како дел од модните случувања. Навистина интересно е, но не се зборува за него. Но, не е важно дали е во мода во 2015, ако тебе ти се допаѓа, можеш што сакаш да носиш. Јас имам едно модно прашање, некој што се разбира во модни марки, светски модни марки нека ми одговори. Како препознавате кој фустан на кој моден дизајнер му припаѓа? Имаат ли нешто специфично за нив или ?