имаат, сигурно нема да ги остават така па после некој друг да си ги "препише". Провери, прогуглај за која марка те интересира, јас како што знам секоја марка заштитниот код си го става на посебно место ( или заштитен код или имаат сериски броеви нивните фустани). Како што напоменав, незнам за која марка те интересира конкретно па така да тоа истражи го. би требало на нивните официјални страни да го има одговорот
^ Не не, не мислев за заштитен код или сериски број. Пример, Ellie Saab се познава по нежните фустани, лесни креации, светли бои, тоа не се грешава. Е како да знам дали е на Валентино или незнам некој друг?
Aј некоја слобдна феминка ако сака нека ми пише ЛП,сакам да ја прашам нешто во врска со матурски фустан Да не објавувам овде слики зошто многу лично што ме познаваат,знаат која сум на форумов
Девојки едно глупаво прашање ако може да поставам. Се носат ли уште кожени хеланки? Ми дојде еден мерак за комбинација ама незнам дали им е помината модата? Ке ми биде мило да добијам мислење од вас.
Абе колку и да се во мода или не се во мода знаеш што е најбитно пеперутка, да то стојат и да одговараат во комбинацијата. Прв пат не се носат кожни панталони сега, нит ги измислија сега. Носи тоа што сметаш дека ќе ти стои и што ти се допаѓа.
Затоа што знам за минатава година беа во мода индијански мотиви, пелерини, како и крзна последниве години, сите тие се извадени од хипи стилот, но изменети нели. Затоа ме интересираше дали ке останат и оваа година
Штом видам црвен раскошен фустан знам дека е Валентино, ретко кога сум го утнала кога станува збор за црвената боја, не дека нема во сите бои ама црвено е дефинитивно Валентино. Кавали е познат по енимал принтот и екстравагантоста, јас веднаш препознавам фустан на Кавали. Шанел по костумчето на пример доста креации имаат со тие строги линии и тежок материјал твид, чантата со логото CC и тој изглед со квадратчиња. Барбери имаат класични модели најчесто во земјени тонови и секако карираната постава. За да можеш да ги распознаваш убаво уште пред да прочиташ за кој бренд се работи мораш да ја знаеш историјата на брендот и да ги знаеш сите нивни кулни парчиња гардероба. После лесно ќе можеш да го препознаеш и стилот на модната куќа и ќе ти доаѓа многу лесно да погодиш за кој дизајнер се работи. Доволно е само да ги пратиш познатите на ред карпет и ќе ги научишкој што прави. Ели Саби Зухаир Мурад веќе од километар се познаваат.
Девојчиња, ајде да ве прашам вас за мислење. Дали тексас сукњава можам да ја носам сега, пример во комбинација со дебели хулахопки црни и црни високи рамни чизми со некое џемперче/кардиган? Да не е летна малку?
според мене можеш да ја носиш, добра ти е и комбинацијата можеш и со рамни чизми, некое убаво едноставно џемерче, впечатливо ланче
Скај батерфјал мене ми изгледа како да е тенка, тенок материјал. Плус дезенот, обелен тексас лично ми е пролетно-летен. Ако не е дебел тексас велам не, никако, на температури испод нулата ќе замрзнеш, ни 3 пара дебели хулахоки не те спасуваат. Јас сум искрено за не, чувај ја за март-април месец.
@Hipster Е затоа прашувам најмногу, ради дезенот. Дебелината е таа, класика, не знам тексас сукња да може нешто многу да е подебела, сепак не е тенко платно, плус не планирав многу за шетање надвор, од кола внатре, ама дезенот ме збунуваше. Гледав ги девојките носат такви фармерки избелени, па се запрашав зошто не би можела и јас сукнава. фала
Па стилот ти е супер, и можеш да ја носиш така супер е, но барем носи ја во потопливе денови, затоа што јас кога пеев на плоштад беше -10тина степени и бев со многу слаби хулахопки и смрзнав леле не можев да се стоплам к секако тоа се одрази со настинка. Јас дури и сакав да го слечам белиот капут ама мајка ми ме прекара и пеев со капут, но подобро што не го слеков
Ми треба мислење, експресно, под еден или под два или под 3. Сите се слатки и никако не можам да се одлучам а морам до вечер најкасно. Многу мрзам мога сум неодлучна Кој би биле најпрактични за комбиниање и најискористени. Кобалтно сина ми е една од омилените бои, имам сдоста со што да ја комбинирам. Сите се иста цена, што ми ја прави одлуката уште потешка. 1. . 2. 3.