Дефинитивно вторите Мислам дека тука нема шанси да најдеш слични, а ко другите два пара ќе се најде слично.
Готово е се решив за вторите. Победија убедливо де г изласавте. Третите не беа ни у игра, ама бојата ме прелажа да ги ставам. Благодарам женски, експресни сте нема што. Justfab.com e страната Мимс Имаат доста впечатливи чевли, за приступачно цени. Јас овие ги добив бесплатно, зашто имам нарачувано доста пати претходно. Кинеско производство се, наравно како и скоро се друго, ама солидни се. Имаат промоција првиот пат 2 за 39.95 долари, секој нареден пат секој е по 39 долари. Проблемот е што не знам дали шипаат кај нас, нарачувам на америчка адреса, зашто шипниг низ цела Америка е бесплатен. Премодерни модели имаат, штосни и необични. Јас првиот пат земав чизми и цветни сандалите за 40 долари.Жабе. Сандалите ги утепав од носење.
Што би носеле на модна ревија? Што сметате дека е најприкладно да се облече? Во дилема сум, треба да одам во сабота зашто моја другарка ќе има своја колекција за прв пат самостојно па од чест решив да прифатам да одам. Имам еден миди фустан со линии, ама мајка ми ме убедува да не го носам зашто ме прави малку постара. А и линии шират а не ми стои добро како лани. Не сакам само мини да носам, некако ми е непристојно. Секој совет е добредојден.
И јас за прв пат годинава ќе одам на Моднава недела и искрено не знам што е ок да се носи. Разгледав од минатите години што носеле и искрено ретко кој ми изгледа ко навистина да тргнал за на ревија. Мислам дека миди фустанот ти е убав избор, само комбинирај го со високи штикли кои имаат мала платформа.
@Hipster , мојот предлог е малку поинаков. Ако имаш квалитетна кожена јакна, пола дилема ти е решена . Искомбинирај ја со раскроено (или глог или полу глог) здолниште, а под јакничката интересна T-shirt (со графички принт, на пример), добра штикла and you're good tо go . Оваа комбинација ми е далеку помалдешка од миди фустан. Ако, веќе се одлучиш за него, пробај одозгора со кожена јакна (најубаво црна). Само миди фустан и штикла, а бе ни на Викторија Бекам не ми се допаѓа. Еве неколку слики, колку за да имаш идеја за пропорции на линиите и кроевите. Здолништето не мора да е ниту плисирано, ниту карирано. А, боите и дезените ти останува сама да си ги ускладиш, зашто не знам што имаш на располагање. И убаво да си поминеш, а на другарката успешна ревија.
Имам кожна јакна не една поише, една со кожни ракави една со кожен дел ама остатокот памучен ама ете не сум сигурна. Не дека толку се траскам ама сакав да прашам што мисли мнозинството. Не за друго, @Lilit ќе ме пегла после у темата јавно, срам ќе ми биде Скоро сум сигурна дека ќе носам црн фустан, обичен ама сепак интересен во крој, со некоја јакна или марама голема омотана околу мене. Тетка Вики Бекам сигурно би одобрила
^ Абе за што @Hipster ? Што да носиш е прашањето? Фустан и кожна јакна мене ме е бед-ес комбинација. Многу мангупски. Се зависи до душа како изгледа комплет, ама... мене ми се допаѓа. Ма да времево е и за капут ако мене ме прашувате.
Се зезав бе па и ти. Додуша страв ми е мене од мајка ми дома колку ќе ме критикува што зашто како што па и од други не ми е сеедно, oд тебе посебно Јас го знам следново, кога не знаш што да облечеш, секогаш избери little black dress. Го планирам еден црниов на express и една малку понеобична јакничка и многу накит. Ете ја решив дилемата. Ви благодарам.
Девојки дајте предлог за испробана он лајн нарачка за штосни сандали,чевли билошто за престојниов период малку понеобични и несекојдневни... Ми требаат да стигнат до јуни за на свадба само да вршат нормално достава до Македонија
Незнам дали е за тука прашањево ама што мислите за салонка со отворени прстиња на времево? Да или уште е раничко?
Не е за отворени прсти дефинитивно. Сеуште се носат капути, рано е и за потенки палта, не па за прсти отворени.
Сакам да носам фустан со шлиц и сандали за на свадба. Прашањето ми е дали да носам хулахопки со сандалите (хулахопки за сандали нормално) или воопшто да не носам. Знам дека со хулахопки е поубаво ама па со сандали... Што мислите?