Ако си ниска подобро ти е да носиш нешто кратко. Корсет со суќна со висок струк и високи штикли, еве пример: Истово може да се направи и едноделно ако сакаш фустанче. Ако планираш да шиеш побрзај, ретко каде има место веќе се е зафатено.
Да, секако ќе носам кратко. Но некако кратките фустани по нема избор, скоро во сите бутици е исто цветно, плетено, такви некој пролетни или пак овие со тулови. Може така да направам да си искомбинирам сукна со висок струк со корсет, а за шиење нема шанси да се стаса. Инаку се мислам за едено фустанче црно е како везено,( плетка) кратко. Еве како ова сукнава е само во црна боја.
Според мене да Само внимавај при изборот на модел и боја на обувки. П.с- јас веднаш си замислив комбинирано со црвени балетанки ( ако маичката е со морнарско плава боја)
Да, да и плус можеш слободно да си поиграш со боите на ташната и чевлите. Одговара супер и крем, тегет, црно, па дури и црвено.
Циклама розево кратко фустанче од жоржет со малце светло розевникави тонови на корсетот преливен корсет да кажам со каква боја и модел на ташна и штикли да искомбинирам?
Црни, или пак сребрени вакви Или пак крем или тегет, но се зависи од нијансата на фустанчето.. да ни дадеш слика од бојата бар..
Јави се во сакам мода, имаат уште место. Убави фустани шијат другарка таму го шиеше супер испадна. Еве ти бројче 077 856 811. Инаку за матура некако не ми иде многу кратко фустанче, поубаво малку над колена
Ваква боја е, само на корсетот предниот дел има и малку нијанси на светло розевникаво пошто материјалот се прелива, но во главно преовладув цикламата. Пробав со сребрени ама не стоеше убаво не знам зашто. А не сакав да бидам барби у иста боја од глава до пети што знам.
Имам фустан на кој горниот дел му е во коцкаст израз.Сакав да прашам каква форма на накит да одберам...Сакам некој повпечатлив накит.
Jumpsuit е одлична идеја за апсолвентска вечер, баш си размислував дека и јас сега да сум апсолвент тоа би носела. Инаку пукната сум за такви некои како што ги постираше @Hipster, да не си видела некаде во Скопјево да се продава нешто слично? Јас или не гледам добро или не постои такво нешто во градов.
Кремасти дефинитивно, еве на сликиве ножеш да видиш како изгледаат боите заедно, само овие можев да ги најдам
@Giovanna ја би одела на варијанта асос кога се работи за jumpsuits, какви има боли глава. Ма да може да се најде нешто слично, мислам дека последно видов солидни во suiteblanco за пристојна сума. Ѕирни и во Зара и во Манго, ептен сум шворц месецов, па и кога идам низ продавници гледам со пола око, за да не видам нешто убаво и да се потрошам уште толку а скоро шетав низ многу продавници Секако и да се сошијат овие се лесни, баш можеби и таа варијанта е најприфалива. Јас ќе шијам сеа за свадба фустан со горниот дел ист како комбинезонот мој во спојлерот. Само дека ми е битна свадба ми рекоа дека било малку глупо да биде jumpsuit па ќе правам макси фустан. Ама нејсе, другарка ми ми рече дека комбинезон и е уште поедноставно да сошие. Како овој ист имам од Америка само црн, купен за смешни пари. Елегантно стојат многу, јас сум заљубена во нив имам 6, 4 долги и 2кратки. Жени
Spored mene seuste e rano i ne prikladno bilo sto da se nosi s otvoren prst,navecer e uste mn ladno i navistin nevkusno bi izgledalo,maksimalno sto mozi da se stavi e salonka,ostavi so otvoren prst obuvki krajot na Maj pocetokot na letoto ubavo koga ke pukni sonceto,i navecer koga ke se stopli...
@Hipster фала за предлозите. Од Асос баш пред некој ден ги гледав, има таму доста добри за ок пари, а за шивачка да ти кажам не ми ни текнало можда пошто уште не сум нашла некоја што ја знам дека ќе ја заврши работата како што треба, а не само да личи на тоа што сум мислела. Мислев да не донеле по продавнициве кај нас затоа што со години барам нешто така поинтересно а едноставно. Единствено што донесоа беа оние ко комплети за молерисување што личеа, многу беа грди и материјалите и кроевите. Имам видено и како твојов модел што го постираше последно, ама што беше еден лит материјал, некој полиестер грд, пукаше меѓу прсти кога ќе го фатиш. За годинава не знам, ги немам баш прочешлано новиве колекции од истите причини планирани ми се за други ствари, ама ова да го најдам како што го замишљам, ќе направам некои други калкулации ))) Инаку не знам што се замараш за свадбата, многу фино звучи како што го опиша, што па морало фустан да биде за да е нешто елегантно
Море луѓе, времево си мине, ја абер немам. Да ви кажам право, баш пуштив око некое по продавнициве, @Hipster ми привлече пажња и имаше пристојни овакви џампсутс...... Ама.... да бидам искрена, не се пронаоѓам баш, за ова треба да си послаб горе а подебел горе, со танко половинче и убав грб, тип круша, а ја сум тип јаболко, нејќам уште толку да ме истакне во горниот дел и дефинитивно не сакам да изгледам како големо, дебело бебе во шпихозни.
Баш чудно што не одговарале сребрени, циклама не би ти рекла да облечеш бидејќи не ми се допаѓаат комбинации на иста боја од глава до пети, можеш и кремасти, и црни, дури и тегет, но ташната - плик и да биде иста нијанса. Јас искрено би била посмела и би го облекла со тегет штикли напред отворени.
Ми звучат примамливо комбинацииве на бои. Коа прочитав тегет одма ми мавна во глава мастило плава боја дека би стоело убаво. Ќе пробам со сите три бои: крем, црно и тегет коа ќе барам деновиве. Имам уште една дилема: лаковани или обичен материјал на штикли и ташна не знам како се вика. Материјалот на фустанчето е целосно жоржет има и набраници на корсетот малце така.