Фустанот не е готов сеуште за да го постирам, а материјалите ги избра другарката што го дизајнираше и ќе го шие, а јас само дадов патоказ каков сакам да би биде горниот дел. Претежно е од свиленкаст материјал, жорсе чинам долен ден, горе нешто малку покруто, зашто треба да држи гради па затоа избравме нешто покруто. Горе има тенки ленти во х напред пред диколтето, и плус прерамките од самиот фустан. Од струк е тесен се до колкови каде е поширок и има огромен шлиц на лева страна. Чевлите се иста боја кобалт (мастило)плава ко горниот дел, ташната мал црн клач. Ми се допадна искрено многу предлогот за темно виолетова. Имам таков многу убав кармин кој сакав да го ставам, па убаво би било да биде и наметката таква. Некако за бела сум ама и не сум, за праска сум ептен ама тешко ќе најдам таква боја убава, дури ни ако материјал купам па да правам марама, нема да ми биде тоа тоа.
тогаш имаше и шарени и еднобојни. И јас сум за еднобојна, ако сакаш ептен да двои види некоја на црвенкасто, ама јас сум повеќе за предлозите на summerlover.
Ај дајте ми идеја како да ги средам ракавите на ова сако. Од мајка ми е, многу ми се допаѓа бојата, ама сакам ракавите да бидат обични, тесни. Спојлер
Памелче, тоа мислам дека само на шнајдер може да се среди. И ако сум грешка нека ме поправи некој но мислам дека ќе треба да го растури целото палто за да може да ги стесне ракавите со тоа и делот каде што ракавот е зашиен. Инаку да, можеш да го однесеш и види таа што ќе ти предложи. Евентуално засукани ракавите да видиш како ќе седат. Инаку да, убаво е палтенцето.
Помош феминки! Фустанот за апсолвентска ми е како на сликата розовиот. Во комбинација со затворени чевли крем и плико крем. Е сега прашањето ми е за хулахопки какви да одберам а да не се познаваат линии, зедов надколенки ама завршува горе со чипка и тоа исто така се познава. ИлИ пак воопшто да не носам..
Девојки утре сум на скара лабаво во дворче , е сега сакам да ги носам овие ама некако се предомислувам ... Сакам со рамбовка и старки патики , другарка ми вика дека не се носеле веќе вакви , а чичка нови ми се сакам да ги износам летово . Што да правам ?
Не терам баш мода, носам тоа што ми се допаѓа и што ми е удобно. Да сум јас на твое место - би си ги носела и нема око да ми трепне. Е сега, не трпам тесни маици, па би облекла тенка широчка маичка, така летна поотворена. Тоа е мое мислење. Немодно.
Според мене треба да дојде до израз црвената суќна, и замисли што ќе биде ако облече блуза во некоја друга јака боја, ќе биде премногу. На пример која друга боја би ја вметнала ти? Ајде бела ќе помине, темно сина можеби, останатите не сакам ни да замислам како би изгледале.
@kjukli Па баш затоа што штиклите се неутрални, било која боја да ја стави (согласно со останатите фактори) ќе одговара и зошто црвеното да дојде до израз, наместо да се искомбинира со палета со која ќе се воведе рамнотежа или умешно да се ублажи ефектот на црвената сукња, без да изгледа помалку гламурозно. Може некоја нијанса на зелена, нежно розева, виолетова, сина, дури индиго сина (зависно каков тон на црвено е). Плус, може горниот дел да биде со принт, од линии до цветен.
@Summerlover, Во последната комбинација штиклите не се кремави, но небитно. Можеби може, но мене не ми се допаѓа, посебно не друга јака боја како што е зелената, или пак со материјал како во првата слика со розева маичка. Да, принт може да има, но би се држела до тоа бојата на маичката сепак да биде бела, крем или црна. Јас на пример никогаш не би облекла црвено парче облека ако не сакам да се истакнува, и да го „неутрализирам“ со други јаки бои, но тоа е само мое мислење.
Мене овие на гаќи ми личат. Може ти се убави ама јас ти препорачувам да си ги тргнеш настрана и да си ги чуваш за на плажа.