Го купив за свадба ама сега се мислам дали да го носам некако мн ми е обичен,а и навикната сум на свадби да носам сукњи и фустанчиња.Прашањето ми е ако го носам со какви штикли,нешто ми се врти во глава дека добро би било со крем шпиц (треба да купам) или пак со обични салонки
Како што гледам од сликава црн е со златен каиш. Јас би облекла вакво нешто на свадба, бидејќи не мора да се све фустани, сукњи. Сега комбинезоните се многу актуелни и може убаво да се искомбинираат и за секојдневно и за свечено нешто. Овој би одел и со крем штикли да, како што спомна ти, а и со бордо, мастило плави… Бидејќи самиот он е црн, со штикли можеш да експериментираш.Плико/ташна ќе видиш според штиклите. Од ланче мислам дека нема потреба, но менѓуши убави можеш да ставиш. А косата може да ти биде фатена, поради отворот од комбинезонот, да се гледа убаво.
Да таков е црн со златен каиш,само што немам шпиц салонки и незнам дали би било добро со обични ,а косата планирам соберена пунџа.
Можеш и салонки, или сандали сеедно, ни на боја не му мисли многу, имаш ептен опции, златни, бордо, крем, сини, виолетови, бели, розеви.. Ако не ти одговараат со каивчето можеш да го смениш..
Јас би го носела со бела pencil-skirt со висок струк, и бели или црни штикли. Што знам, штосно ми звучи така.
Сo крaтки пaнтaлoни сo среднo висoк струк. Мoже кoжни, тексaс, бели или црни, пa дури и сo скoрт. А сo сукњa дефинитивнo не иaкo се е дo вкусoт. Зa oбувки мoже сaндaлки, бaлетaнки, пa дури и кoнверс. А зa штикли сaмo сo сaндaли би мoжелa дa гo зaмислaм.
Jas bi go iskombinirala so beli farmerki ili krem pantoloni i golema canta... @pamelche suknicka+baletanki najprikladno spored mene...
Модел како овој, адаптиран за наше поднебје с е подразбира, материјалот е ваков ама бојата е тиркизна ваква. Е сега, се носи ? Мене повеќе од добро ми стои оваа боја, ама некако имам предрасуди со трендовите. Што велите ? Можеби крем салонки и плик ?
@XstrongerX Не е само работата бојата да ти предобро стои. Се работи за специфичен дизајн на фустан што ептен ретко која би знаела вистински да го изнесе како што треба. Во однос на трендовите, ваквите фустани сега се на мода, т.е со два странични високи шлицеви. За доброто стоење, пресудни се и ставот и телото.
Добро тоа, доволно самосвесно и самоуверено би го носела. Прашањето ми беше за бојата, ете некако ми е не знам,,, или дека искрено ретко ја носам. Го имам на располагање материјалов, си велам да не купувам друг ...
Kажете ми со какви ниски сандали / балетанки да го искомбинирам комбинезонов? Го купив за роденден / крштевка на ќерка ми и во никој случај не можам да носам штикли. Предлози? Исто ме интересира каков накит да ставам и дали да го сменам ременов со некој сребреникав, златникав или да остане овој? Предлози?
Некако не ми се за балетанки, подобро сандалки. Би одговарало и на ниски и на сандали на платформа ако можеш такви да носиш, јас богами за нашиот роденден добро се справив во нив За накит одговара од оние гломазните statement огрлици.
Фала ви на одговорите. И јас си мислев за сребрената варијанта. Злато ич не сакам. Каишот каков да биде? Од оние тенките или како синџирчиња што се (ако сеуште се носат)? @Kitten Блазе си ти, кога можеш да одиш. Јас по природа сум си трапава и ептен ми е страв дури и со минимално штикличе да облечам нешто. А да ве прашам, овие дали би одговарале? Ептен мерак ми направија (заради бојата најмногу) http://www.bershka.com/mk/en/shoes/woman/flat-sandals-c964084p6159156.html Би ги комбинирала со сребрено/тиркизна огрлица и сребрено каивче. Или сепак да си барам сребрени сандали?
Да, според мене супер е комбинацијата @An-na. Супер е бојата на сандалите, но и панталониве бидејќи се тегет (а тегет чарапа на све иде ) ќе ти одговараат на било која боја, јас на пример би комбинирала со сребрена или кафеава. Добро ти е осмислено се