Што мислите, дали е соодветно на свадба (не многу блиска) да се носат исти вакви бели панталони и некоја ваква маичка (и совет каква маичка би изгледало посвечено)
Кошулата без ракави, како на сликата, е соодветна за на свадба да. Но шорцот, бидејќи е по тесен и клот бел, не ми е за на свадба баш. Повеќе е како за поопуштена варијанта. Да беше поширок малце и горе со некоја машна што се врзува или сл. повеќе ќе одговараше мислам за на свадба. Но ако си решела веќе, горе можеш кошула како на сликата или пак со ракавчиња некоја, во било каква боја. Само да не биде маица обична, односно памучна. Премногу обично ќе биде за таа пригода. Убаво би било каква е бојата на кошулата, такви и штикли/сандали. Ако убаво, без многу претерување, додадеш по некои детали, ќе искочи убаво јас мислам. Накит некој понежен можеш, бидејќи сега и се носи понежен, а не масивен во стилот на Хурем.
Феминки, порачав ваква блузичка/туника онлајн, но ми стигна преголема иако беше во мојот број. Ве молам кажете ми дали познавате кројач/ка, плетачка, некој во Скопје што би можел да ми помогне да ја стеснам?
На што да носам бордо штикли, пликче и обетки освен со црно?! Фустани не носам, па затоа ми е потешко да комбинирам. Ај предложете ми некои интересни комбинации, барав слики по нет и не најдов.
Со тегет, со бело, со светло розе.. Сигурно имаш панталони тегет или бели или фармерки и искомбинирај нешто..
Јас не практикувам да носам бордо со црно од причина што ми се многу темни двете бои. Пробај ова што го напомена со фармерки и горе нешто кремасто, бело.. а доколку имаш и панталони во некоја од овие бои, супер ќе биде
Дали е срамота да носам долга бела суќна преку која минимално ми се гледаат гаќите без постава - друга бела суќна доле?
Дали е лошо ако бидам цела облечена во црно (црна кожна јакна, црни фармерки тесни, црна блуза со цветови) и облечам розови патичиња како еспадрили што личат? Сакав црни штикли ама нозете ми се во дефект деновиве
Дали постои некаква онлајн бесплатна страница каде може да се експериментира (со дезени,форми)? Мислам, да може самата да си направам нешто.Ми треба за да сошијам, ама пред тоа сакам да си ја видам креацијата, да не направам некоја утка
Не знам дали прашањево ми е за во оваа тема, не ми се лутете. Утре сум на свадба, ќе го носам овој фустан, но во црна боја, па ме мачи прашањето околу фризурата. Имам многу долга, густа и тешка коса, морам да ја скротам некако, па мислев да ја носам фатена во пунџа (ќе одам на фризер, дома нема шанси да ја направам сама). Најдов интересни фризури на Pinterest, најмногу ми се допадна оваа на Џесика Алба, но сепак сакам да слушнам и ваше мислење
Не можам да најдам слика од кратките панталончиња(шорцеви) на Калиопе, може некоја од вас ги видела во Сити мол. Катки се со висок струк бебешко розевки со коси џебџиња напред, одзади само имитација на џеб. Па ме интересира дали такви би одговарале си ситно цветна маичка на тенки прерамки (тиркизни и тегентни преовладуваат после розевки, кафенки доста ситни цветчиња), крем балетанки и крем ташничка???
Ако се до/над глужд може зошто да не, башка и времево залади бајаги Ама ако се до колена некако се уште не ми е за такви чизми
@Anna-Banana Ништо не е срамота кога е во прашање дожд (вода). Се што е добро искомбинирано и се чувствуваш топло и удобно е повеќе од модерно.
Секоја година истиов месец, истово прашање Девојки не се замарајте, чувајте си го здравјето и носете што ви прија и што имате во плакар. Мене лично не ми е ладно до толку за да носам високи чизми, ама затоа сите пониски си ги извадив и кај и да е ќе ги носам. Само прогнозата за неделава ми ги мати плановите зошто вика дека ќе биде сончево. Минатата недела носев есенски чевли, поесенски здравје, па жива вода се направив на тој дожд што испопаѓа од нигде никаде и поплава направи по улиците. Дома се вратив премрзната. Да бев во чизми немаше да завршам со мокри стапала. Не знам ни што е толку чудно, октомври е за некој ден, 9 степени најавуваат дека ќе биде наутро.