види прашав, како и многу други во темава која е направена за ако некој е несигурен во нешто да праша, и некој што е посигурен да одговори и помогне, а не за некој да праша поради горенаведени причини, а типки како тебе да се испонашаат, и прашав едно а ми исфилозофира за друго, немаш потреба од ваква ароганција и глумење паметна srsly
Дали сеуште се носат вакви чизми? Купени ми се одамна, пред 5-6 години сигурно. Многу ми се удобни и со тешко срце би се откажала од нив. Се носат уште или ептен се старомодни? И за овие истото прашање. Последниве година - две ептен не сум во тек со модните случувања, па навистина добро би ми дошла помош.
Овие се класични модели така да никогаш не губат нешто многу од мода. Слободно носи си ги, не се воопшто заостанати, баш се онака класичен, безвременси модел.
@An-na Еве јас ќе бидам искрена и ќе речам дека иако мислев дека првите две слики се два различни пара, на предна страна се ок, но целиот дизајн нагоре и позади со се штиклата, не ми се допаѓа, т.е се гледа дека се постар модел, а исто мислење и за вторите. Јас не можам да ти кажам дали да ги фрлиш или да ги носиш. Ако прашуваш да си во тек со мода, т.е не ти се проблем ниту финансиите ниту ништо, пробај нови модели. Ако ја ставаш удобноста пред се и не се тркаш со модата, носи ги Истовремено, не би се согласила дека се безвременска класика.
Фала ви на одговорите @mims-89 и @Summerlover Јас овие би ги носела многу ретко. Во сезонава, дали два - три пати би ги облекла. Најчесто сум во ниски обувки или некои со ептен мала штикла. Штом не се толку застарени, ќе ги носам и ова зимо, па за следното ќе видиме. И така планирам да инвестирам во добри ниски чизми со мала штикла и искрено не ми се даваат пари за два пара од кои едините ќе ги облечам 2-3 пати.
мене вторите ми се допаѓаат, мислам дека можат и сега да се носат и баш океј комбинации да се прават со нив според мене би можела да ги носиш
Се мислам за стајлинг за водителски ангажман, имено локацијата на манифестацијата се Камените кукли во Куклица, значи природа и отворен простор, високи потпетици и фустан не ми доаѓаат во предвид. Се мислам дали во ред ќе биде да изгледам елегантно и шик, бело лелеаво кошулче со бојфренд фармерчиња и дамска чанта ? На нозе балетанчиња обични. Ја имам носено комбинацијава и изгледа океј на мене.
@sofijanoka веќе е средина на октомври, па колку и да е пријатно времето, балетанките јас ги спакував за во пролет. Чизмички до глужд би биле најдобра опција, може и старки. Ако немаш ниски чизмички, било какви чизми доаѓаат во обзир. Најдобро стави слика од кошулката, фармерките, чантата, вака можам само да претпоставувам како изгледа сето тоа.
Се сеќавам на комбинацијата. Една од најдобрите, можеби и твојата најдобра. Според мене би било полн погодок. Во однос на времето и балетанките се сложувам. Доколку имаш кратки чизмички би биле добра опција за на отворен простор во октомври.
Предлог комбинација за полуматура? За прв и втор вечер ? За сестра ми е, не можам да ја убедам дека и е рано до полуматура, 9то е таа
Не да е рано... којзнае какви бои и трендови ќе станат актуелни до тогаш, ептен има време. Р'жни малку, нека не ја фаќаат бубачки пред време за без врска.
@Sky-butterfly мила да пробаш со еластични Ribbed leggings (тие се уз нога и може да одат внатре во чизма) незнам како ги викаат кај нас мене ми е налик на хеланка Знам дека има во Сити М. по бутициве еве на кои мислам
^А ако сакаш да ги носиш под фармерка, земи си буткат џинс, како ѕвонарки се надоле и готово. Јас сега некако се навикнав на таа мода, и не ми е ич чудно да видам чизма под фармерка, дури и мажите така си носат кај овие ненормалниве. Каубојскиот шешир од мене. Иначе за чизми сте правеле муабет, па чекајте бре другари, топличко е во Македониичкава, ехаааааа. Јас уште се радувам на сонцето преку ден, балетанка мавам на велико. цело лето во затворени чевли го поминав, а да не кажувам па колку студеше, не можеше човек други ништо да облече. (Ова да се самооправдам што си носам балетанки, а пола и повеќе се со чизми до колена )
Каков градник на овој top ??? Стварно немам поима ??? https://res-3.cloudinary.com/wlabs/...2611/55e6e55d-5b61-4134-81a0-df63948115bf.jpg