Незнам дали прашањево е за тука, ама сепак да си прашам јас. Дали е соодветно ако облечам тексасни шорцеви,кои не се многу кратки како за прв ден во школо?Што мислите вие?Или сепак да одам со фармерки...
Долги фармерки. Немаш професори кои бркаат од час ако отидеш во бермуди, да не зборувам за шорц? Кај мене имаше...
Ако се до колена или некои 5 см над колена мислам дека е скроз ок. Навистина е многу топло. Јас одев со до колена панталонки.
Незнам дали има, прв ден средно ми е.Но имаш право.Сакам да оставам добар прв впечаток и затоа ке носам фармерки.
Kaj нас беше дозволено се што е до под коленици. Колениците мораа да бидат покриени. Ова важеше и за дечињата и за повозрасните. Ако нешто беше над коленици (ама строго над колена) одздола носевме холахопки.
сакам да прашам нешто..имам купено фустанче со искови е напред и кога ке облечам прслук се гледа материјалот...што да облечам?
Сезона е чизмине е време за чевли. Носи ги но само до овде онде, не за свечености. Не се смешни ама се познава дека се од поодамна.
Зимава,какви бои ќе се носат,и модели на фустани? На свадба сум крајот на Декември, па сакам да шијам фустан.