Панталоните дефинитивно Векичка, елегантни се и сосема прикладни за пригодата. Сум ти ја видела првава комбинација, совршена ми е и прекрасно ти стои.
@Veki4kaa Комбинацијата со панталоните дефинитивно, бидејќи изгледа далеку поелегантно и е комбинација за преку ден, само потруди се да ја завршиш убаво, со некој светол капут или елегантна наметка одозгора. Фустанчето ми е ту мач демоде што се носело за Нова Година или на диско пред неколку години.
Епа ме убедивте пантолоните ќе ги носам, ама сега пак имам друг проблем со што ги комбинирам нагоре, и дали капут или бунда и каква блуза/кошулка,ај ќе видам ќе испробам, ќе дорастурам
@Veki4kaa Па мислам дека белата маичка е океј, зависи што друго имаш во предвид? За одозгора, поелегантно ќе изгледа на комбинацијата капут и тоа по можност светол, пр. сив или кремаст. Сега зависно што и со какви модели располагаш, може да комбинираш, па ако не си сигурна, може да ја постираш пак новата комбинација
@Veki4kaa зависи дали одговара бундата, ама ако одговара, јас сум за неа. Ама кога веќе стави слики, стави и од капутот и бундата па ќе разгледаме повторно.
Здраво девојки јас планирав да си шијам исцело за нова гоодина и планирам да ми е тесно надолу во ногавицитеи сеа сакам да ве прашам каква боја да биде дали е добра темно зелена дека црвена и црна несакам и каков да биде материјалот пошто сакам да ми го истакне задникот несакам некој смотан материјал да ми изгледа лошо.
Што би носеле на свечен коктел во Александар палас (собир на компании)? Студентка сум и сеуште мала да носам нешто свечено и не сакам да носам нешто што никогаш не би го облекла повторно.
здравоо, ми треба помош околу изборот за гардероба за нова година. Имам 16 години и ќе славам со уште 5 другари и другарки , кај другар дома. Ќе може да ми предложите нешто. Фала однапред.
Сакам да купам УГГ чизми (копија) па ме интересира дали да купам кнап или поголем број (т.е да ми се комотни), бидејќи ме убедуваа дека многу се ширеле, па да сум земела кнап.
Купи си да ти се таман. Јас имам едни од кинеската продавница, ги носам веќе 6 години ( не цело време, ама носени се) и не се раширија. Мислам дека кога ќе се рашират, тогаш веќе е време да ги фрлиш зошто нема полошо од смачкани уггс кои шлапкаат од нога
Девојки,кај мајка ми на работа даваат слична ваква чанта и сака мене да ми ја даде,ама од Дуки Дасо е,не од Мајкл Корс како на сликава и ја има во црна,крем,црвена и тегет. И сега која боја да ја одберам од овие четири? Мајка ми вели црна,зашто нели се комбинира со се’,ама па имам една мала црна чантичка,па сега не знам дали да одберам пак црно. И крем се комбинира со се’,тегет се комбинира со повеќе бои, а црвена па разбива монотонија. Па се мислам која да ја одберам.
Крем ми е за потоплите денови, црвена имам и дали еднаш ја носев, тешко се комбинира, јас би црна, ама ако имаш црна, тогаш тегет
Црна си земи, класика, посебно ако малата не ти собира се што сакаш почесто и ти фали поголема, па ако имаш повторно друг пат шанса тогаш бирај друга боја.