Обожавам лилави сенки и одлично ми стојат. Ама така се шминкам само кога сум облечена во лилаво. Сакам да ве прашам, со кои други комбинации на облека, може да се шминкам лилаво, а да не изгледам смешно и све ми боје лепо стоје? Гледам, невестиве многу со лилаво се шминкаат, значи со бела облека...? Друго...???
Грл можеш со неутралните бои, со крем, кафено, црно, бело, сиво, бледо розево и нијансите на лилјаково.
сакам да прашам како се викаше оној фустан што е до гуша и ус тело нешто како ова 6-тото фустанче со златно каивче без тие фустаните што ги носат девојките...
Па можеш темно сино, црно, и оние кои се во блиска комбинавија со виолетово, како кафеаво.. Главно топли бои..
Девојки да ве прашам. Имам едни борди панталони, ама немам на што да ги носам. Имам една маица црно со сиво ама не сакам само таа да ја носам. Инаку имам јас и други бои на блузи ама не одговараат пошто имам сина, виолетова, тиркиз, црвена и зелена. Е, сега ќе одам да си купам нешто, па сакам да си купам блуза што би ја носела со тие панталони. Ама каква боја??? Да не биде бела, не ми стои. Благодарам однапред и се извинувам за рефератов...
И јас тоа прашував,ама видов дека најубаво стои сиво и плаво.Мислам дека и зелено иде,ама ако некој знае повеќе,нека ни даде совет.
Со бордо оди сива боја, бела, кафена, крем. Може и со зелена ама темна. Со сино не знам баш дали оди. Јас би избрала или крем или кафена.
Sakam da ve prasam nosam naocari ama nesakam ic da gi nosam za nova godina dali bi bilo glupavo so naocari na nova godina vo restoranat ke sum i dajte mi predlog za sminka za so naocari
На какви наочари мислиш? На оние за гледање? Ако мораш да си со такви стави мат шминка, да не е многу светлуцава. И пази на маскарата, знае да се залепи за наочарите. Прво нека се исуши убаво, па стави ги наочарите. (Јас знам по оние за сонце што ги носам). Се надевам дека не мислиш на наочари за сонце.
Негрижи се ја постојано носам наочари ,т.е. ОЧИЛА да не ме сватат погрешно , и немам проблем со шминкаа но не ставам светква сенка, обично ставам некоја земјена боја неутрална еве вака И секако ке ги носам и на нова година Со нив се чуствувам многу подобро и посигурно
Дали стои ова? Овие чизмички само што моите се со полна пета и кафено крзно одозгора и ваков да е долниот дел од фустанчето или пак суќња со некоја блуза што одговара ама црни ке бидат или сл (не е бојата како на сликата, неможев да најдам некоја црна на google)?
доколку се одлучиш да не биде свечено фустанчето или сукната ке одговара. но доколку е барем малку свечено во никој случај нема да одговара со полна пета- мое мислење
Хммм па овде веќе се работи за стил,а за стил и за вкус не коментирам нема да биде некоја трагедија, којзнае каква ,само ќе бидеш облечена малку различно од другите (освен ако цело душтво имате ваков стил),но ако вака се чуствуваш најудобно -терај