Јас купувам од Ваикики од машкиот оддел за тинејџери. И моделот и бојата ми одговараат. Носам помал број, па имам можност да си најдам класични фармерки. Женските модели не можам да ги смислам.
Девојки на 5ти мај сум на свадба,па во дилема сум секако ке носам некое фустанче,но проблемот ми е со штиклите дали затворени напред или сандали(отворени). Што повеќе се носи во мај месец?
Долг беше фустанов и во импулс го исеков. Сакав да го поминам со машина и да го порамнам ама вака некако МНОГУ ми се допадна баш ми е некако интересен и witchy иако се гледа апла дека е искасапен. Срамота е да го носам вака?
Не се работи за тоа дали е срамота вака да излезеш. Облеката треба да изгледа средено и убаво. Заврши го на машина и ќе видиш дека повеќе ќе ти се допаѓа.
@Belgin1 мислам дека уште е рано, а и ладничко е навечер. Девојки, треба да шијам фустан за свечен настан. Неколку дена разгледувам модели низ интернет, ама ништо не ми “влегува во око”. Обично сум доста одлучна за вакви работи и точно знам што сакам, но не и овој пат... Само знам дека сакам фустанот да е до колена, едноставен, но впечатлив. Имате ли некој предлог?