Има , но ако имаш големи гради како мене , па коа без прерамки нема да ти се кренати туку кај папокот пак ке ти бидат.
Женски знам дека едно време имаше жестока дискусија околу тоа дали со бел фустан на свадба, па се подзамислив и решив да прашам. Му удрив око на фустанов и сакам да го нарачам, но од друга страна сакам да го комбинирам со бели салонки и бела мини ташничка, па не сакам да бидам трн во очи на свадбата. Што мислите?
зошто би била трн во око?Не носиш бел фустан туку само чевли.Мене ми се допаѓа идејата за комбинација Фустанот е мн сладок
Зошто прешарено? Ете и на фустанот дури има бело, баш таман ќе си Инаку, лично ми се допаѓа и фустанот и замислата од предходниот твој коментар на темава (тој од asos).
Прво да те прашам, од каде се ташниве? Прекрасни се. Зависи како гледаш на комбинирањето. Можеш да се ориентираш според облеката што ја имаш во плакар. Правилото да обувките и ташната се во иста боја веќе не важи, па ташната, по боја, може да одговара со каишот, со маицата, со панталоните, накит, марама итн. Пример, јас комбинирам бели патики со маслинеста ташна и марама која е шарена, а ги содржи и двете бои. Друг пример, комбинирам фармерки, тексас јакна, бела маица, црвени патики и црна ташна. Мене кафеавата ташна не ми е неутрална, ми делува елегантно, па не би ја комбинирала со бели патики, да речеме. И сивата и розовата ташна се неутрални, ама ако имаш црвени патики, розовата ташна нема да одговара.
Сребрени подобро. Што мислите дали ќе ми стои бел кроп топ со бела сукна, сребрени шпиц штикли и сребрен плик?
@Rebecca_R ташните се од Zalando имам и др.пат порачувано супер се. И јас не се држам строго до тоа чевли и ташна да се иста боја, ама од чевли имам во црна, бела, плава и кафеава боја и барам нешто што би можела да го комбинирам со повеќето бои..јас би црна ама моделот се губи во црнатаовие ми се поубави..а оваа розевата со темно плави чевли не би стоело?
Ве молам дајте ми идеја за комбинација, за одбрана на дипломска. Толку сум без идеи и инспирација, две парчиња не можам да спојам