@Luminary скоро бранев магистерска, а од други што гледам... Најчеста ми се чини комбинацијата црно-бело. Јас бев во црни класични препиени панталони со раб однапред на ногавици (Манго), бела кошула, бело сако, црни салонки и ташна и дискретна шминка. Косата испеглана, пуштена. Повод-свадба. Комбинација сино-бела или црвено-кремаста... Фустаните ги немам и се мислам кој да го купам. Црвено-кремавиот е дупло поскап и се мислам дали да лупнам толку пари за него. Сино-бела Црвено-кремаста
Јас сум за плавиот повеќе. И не мора да се ограничуваш на плаво бела комбинација. Разбиј ја со црвено на пример. Со Некои добри штикли Поздрав и пиши што ќе одлучиш
Јас пак сум за црвено- кремастата варијанта. На прв поглед, фустанот можеби делува многу обично, ама тоа е веројатно поради сликата. Кога убаво ќе се погледне, материјалот изгледа доста богато. Посебно впечатливо е плисираното здолниште и нежните прерамки на горниот дел. Од друга страна, самиот модел во А-линија на првиот фустан и сино- белата комбинација со цветчиња ми е меххх... веќе видена и изживеана, додека пак портокалово- црвена со крем ми е многу свежо, летно и тренди.
Јас го делам мислењето со @Avery . Сината комбинација е играње на сигурно, а втората е многу посвежа и поинтересна. Мене ми изгледа баш тренди. Ниту кога беа ин ваквите фустанчиња не ми беа особено симпатични, некако ја кријат фигурата на жената, акцентот паѓа на материјалот а не на личноста која го носи фустанот, дури ни шминката не можеш да ја запомниш од цветовите.
Каква боја на фустан би комбинирале со сандаливе, а да не е црн или бел? Би одговарал ли црвен едноставен?
Бордо/кафеаво темно, сиво, крем, пастелна розе, тегет. За црвено, зависи до нијансата, но би можело да одговара.
Не ми текнало за розе, ќе го земам во предвид А црвена баш конкретно оваа? Многу ми се допаѓа фустанчево што може да се носи и кежуал и со штикла.
Фала ти, многу ми се допаѓаат фустани од ваков материјал, а овој фустан е топ - и моделот и бојата. Пред некој ден во сити мол видов девојка која носеше ваков окер, а ми беше непријатно да ја прашам од каде и е.
Со црни пантолони можеш да комбинираш што ти душа сака, се зависи од како ќе ги искомбинираш боите на чевли/каиш/чанта Секако и телесната градба игра улога па како ти стои најдобро комбинирај - блуза тесна/широка/внатре/надвор..
Девојки се мислам дали одговара фустанов да го комбинирам со royal blue салонки и плик ташна, салонките ги имам погоре постирано?
После овој пост ветувам дека на темава нема да пишува 2-3 месеци. Ги порачав овие два фустани и сега не можам да се одлучам кој да го носам на свадба во Германија. Вториот да си кажам, дома ич не ми го бендисаа. Првиот веќе го постирав планирам да го комбинирам со сината ташна и чевли. Вториот планирам да го комбинирам со сината ташна и розевите сандали. Втор фустан