@Sfera да бидам искрена, мислам дека повеќе би одговарал првиот фустан бидејќи е посвечен, за разлика од вториот кој иако е убав, повеќе ми изгледа како за фустан кој се облекува низ град преку ден. Сепак, ова е само мој впечаток
@joy1, @Rebecca_R , @SuperGirl24 , @danichap, @Rabbit, @senza.parole Девојки Вашето мислење. Првпат се изгубив скроз во купување, комбинирање, одлучување за едно, предомислување, неодлучност...
@Sfera дефинитивно првиот...преубава комбинација ќе биде со сината ташна и чевлите. И вториот е убав...ама ми е по едноставен...како за секој ден.
@Sfera ,мислам дека имаш поспецифичен стил и вкус така да јас гласам за вториот.Баш затоа што не е типичен свадбен фустан.Како првиот искрено гледам веќе во секој втор бутик.Башка што одиш на свадба во странство(така разбрав) па и немора класично свадбарски свечена да бидеш за таму.Исто и превише плава боја ми има првата комбинација.Зависи и каква градба имаш,како ти самата се гледаш во нив и како ќе ги износиш како комбинации и чевлите во втората комбинација ми се мн мн убави
Мене вториот ми е многу интересен, јас би го носела на свадба на отворено, под шатор. Лелеави фустани ми се идеален избор за таков тип на веселби, иако и првиот ми е убав. А помеѓу двете, втората комбинација е баш фенси, комбинацијата изгледа шик кога чевлите и чантичката не се во иста боја.
@Rebecca_R баш таква и ќе биде свадбата, на отворено. Ама оди разубеди ги моиве конзервативци. Благодарам девојки. Со ваша помош дефинитивно си се одлучив за втората комбинација.
Женски првпат сум во план да носам floral jumpsuit со wide legs малку над глужд. Основата му е црна со розе и бели цветови. Дилемата ми е дали може да го носам со црни салонки?
На свадба сум кај на дечко ми братучед, и во дилема сум за овој комбилезон.. Незнам дали е за свадба, другарка ми вели дека не е елегантен дека е многу обичен.. Што мислите вие?
Мене ми се сфиѓа.Со добар плик, штикла и парче накит може супер да изгледа.Јас би ставила крем или црно.И јас сум на свадба викендов и јас ќе одам со панталони и кошула ич не се замарај.