Според мене рано е. Се уште маички со рамчиња носиме. Затворен кондур/оксвордки со штикла можеби повеќе би одговарало за периодов.
И јас ќе речам дека е рано за вакви. Носи онакви чевли какви што ти предложи членката или високи патики.
Подобро би било нешто еднобојно, без додатоци, без светки/нитни. Панталоните се доволно богати, не трпат второ парче кое е впечатливо.
Не дека ептен не одговараат, ама јас би комбинирала со еднобојни штикли. Вакви Спојлер или вакви Спојлер И црна еднобојна салонка ке изгледа убаво, ама за најдобар ефект, крем или црни сандали.
Штикливе ми стојат необлечени. Мерак ми е да ги носам на една претстојна прослава, па се мислам да ги комбинирам со фустанов и обична црна плик чанта. Или сепак да се одлучам за обични црни салонки
Бомбона комбинација, а убаво ти кажа Ребека можеш и со тексас фармерки или црна кошула а ја би и со црвена или бела.Можеш и на клот црн фустан да ги носиш.Убави се многу
Се сложувам со членките.Одговараат со фустанот.Можеш и со црни салонки да го комбинираш фустанот,ама и во комбинација со овие,супер ќе изгледа.
Луѓе дека доста залади деновиве сакав да носам кожна јакна, што мислите за комбинација кожна јакна кратки чизми-повеќе на кондури личат со бели фармерки? Мене на око убаво ми стои ама не знам дали личи бела фармерка со малку потопла облека...
И мене ми се допаѓаат такви комбинации, особено на вакво суво и сончево, а студено време. Бели и светли фармерки одлично се комбинираат со кожна јакна, ама не се практични за дождливо време. Денес носев тексас јакна ама ладно е во сенка, па утре најверојатно ке направам и јас некоја слична комбинација.