Ме интересира кој е најголемиот број на фармерки во бутиците како што се во сити мол, рамстор итн.и за до која килажа? Ова од секогаш ме интересирало па ми текна да прашам тука.
Па деновиве температурите не се како минатата недела, па да ги искористам последните сончеви денови за овој тип обувка.
Со што да искомбинирам змијасти балетанки? Освен целосно во црно, некоја друга интересна комбинација?
Јас би ставила и нешто црвено.Пример црни фармерки/панталони со црвена маичка/кошула.Или пак со нешто сиво, сребренкасто. Многу се убави
Се сложувам со @Feminka22 плус бело и крем. Би одела на варијанта црни или крем панталони, бела кошула и некое парче како сако, ташна во впечатлива боја како црвена, темно-црвена (burgundy) или виолетовата или темно зелената кои се доста актуелни сезонава. by the way уште се мислам дали да ги носам балетанките утре
Носи ги, прогнозава вели 23 степена и сончево.Можеш со месо боја хулахопка или чорапка/доколенка ако ги носиш со фармерки/панталони.
Девојки што мислите за фустанче со тенки рамчиња да носам викендов на свадба или веќе ладно е за така, мислам касно е октомври месец??
Какви фармерки ќе купувате за сега есен/зима бев и пробав разни модели,но сите ми се некако стандардни не ми се свиѓаа ниедни
Јас обожувам boyfriend jeans или mom jeans. Малку пошироки идат на ногата и даваат некој ноншалантен изглед. Ми се допаѓаат во комбинација со кратки маички и јакничка или со блузон/џемпер/блејзер за кога е постудено. Одат супер и со старки или други патичиња, но и со високи потпетици кога се искомбинирани на правилен начин.
Јас носев пред недела дена кога почнаа студените денови. Ама пак вчера пак се вратив на балетанки Гледај ја временската прогноза
Вакво палто со ваков материјал, боја и модел, но 5цм пократко од ова на слика. Дали се носи на вечер за прошетка и за на чај на пример? И дали да почекам да подзалади уште малку?? (голем ќеф имам, едвај чекам да го облечамммм хахах)