Не можам да се одлучам која боја Светлиот ми е по впечатлив но немам идеја како да го искомбинирам И за зима ова океј е?
@Mari* и двете бои претставуваат класика, сепак можеби црниот би можела буквално со се да го комбинираш, особено со чевли, додатоци во светли бои. Инаку ова парче облека повеќе одговара за есенско време, според мене.
@Luna91 да, зошто да не? Освен со кратки чизмички, одговара и со салонки, но и со оние тесни чизми кои наликуваат на чорапи за навистина модерен изглед.
Сукњичкава би идела супер во комбинација со бели патики или кратки чизмички до глужд кои наликуваат на чорап
дали би изгледало убаво плишанава ташничка за преку рамо со патики за дневна комбинација со фармерки?
Плишано и патики не ми делува дека си одговараат. Ако е обична ташничката по добро иако со патики ранче е најдобро ако си спортски облечена во тренерки.
Салонките и clutch ташната веќе ги имам постирано во темава. Сега сакам да ги комбинирам со крем панталониве (на сликава изгледаат како сиви ама крем се). Не знам што да облечам нагоре. Имам такво плаво royal blue сако ама ту мач да не е. Исто и со бело сако се мислев.
Можеш нешто светло розево, жолто, бебешко плаво А и бело е океј. Ама ројално плаво мислам ќе биде ту мач.
Дејзи,се сложувам.Знам дека времето е поладно,но немам други.Планирам или на тие (слични се како на сликата,ама не исти.Пониски се) или пак на конверс.Ќе носам светол џинс и бела блуза нагоре,ама попролетна е.Ти што мислиш?Секакви мислења се добредојдени
Девојки коj фустан повеќе би одговарал во комбинацијата со капутот и snake print ташната и snake print салонки (црно-бело) или подобро обични црни?
Јас мислам првиот Вториов дека има горе машничка некако не ми оди, овој првиот е едноставен за со кремаста салонка супер.