Првите од Зара, вторите од Баргала. Со приближна цена. Дилемата е кои да ги купам. Најдобра варијанта е и двата, ама нема
Дали тие од Зара се кожни? Ако да, дефинитивно тие. И немаш потреба од двата, многу се слични Буквално секоја посветла боја, мене ми се допаѓа жолта, циклама, крем. Што мислите за вакви светлуцави „кожни“ или не знам како да ги дефинирам панталони? Само да потенцирам дека не се работи за хеланки, туку за панталони со патент, рабови, џебови итн. Би ги носеле ли, како би ги искомбинирале? Со шпиц штикли или чизмички на штикла за излегување? Што нагоре? Со рамни кратки чизми и oversized џемпер за посекојдневни варијанти? Какво палто? Најдов еден модел што баш добро ми стоеше и со пристапна цена, но сакам да смислам неколку комбинации пред да ги купам, затоа што имаат потенцијал да ми дремат во плакар
Ептен ми се свиѓаат вскви пантолони би ги носела со оверсајз дукс и патики па од горе може капут ако сакаш за дневни прошетки а за вечерни со шпицасти штикли и повторно некој оверсајз џемпер.
Мене лично вакви пантолони не ми се свиѓаат од причина што се претешки за комбинирање. Ама со широки џемпери, во пролет со некој ваков тип на маички како на сликата ќе изгледаш топ! Кожни широки шорцеви и сукња со материјал како превртема кожа кај можам да најдам? Има убави по бутициве во СЦМ?
Мислење за салонски со змијски дезен? Не љубам општо да носам животниски принт, ама ми изгледаат баш добро. Модна катастрофа се или проаѓаат?
Сега се на мода.На мене ми е океј змиски принт се додека го комбинираш еднобојно, на пример само во црно облечена и змиски салонки.Или комбинација со некои посмирени тонови како крем, сива, тегет. Не ми се допаѓа мешање со други дезени или текстури на облека.
За две недели сум на предновогодишна забава од работа и немам никаква идеја што да носам. Имам нови црни лаковани шпиц салонки со висока тенка штикла кои изгледаат феноменално и би ги носела нив ама за нагоре немам поим што. Сакам фустанче, пократко по можност но незнам каков модел. Секоја идеја е добредојдена а може и предлог кај да најдам нешто интересно.
Обично црно фустанче што имало крој да ти стои тесно по фигура, со дебели прерамки мислам дека би било многу добро ако го искомбинираш со плик ташна во боја или со некој дезен, шара, светки и впечатлив накит.
Било каков фустан ќе ти оди на црни салонки, а можеш и суќна со добра кошула да искомбинираш. Ако не ти се купува фустан за таа пригода најди некој што не си го носела одамна, со добар накит искомбинирај и ќе изгледаш одлично.
Мала црна хаљина е класика и никогаш нема утка кога се коктел забави во прашање. Ако не можеш да најдеш соодветен фустан, и дводелна (монохроматска) комбинација би изгледала феноменално, со сако со должина колку што е долга сукњата. Пократко не. (Сакото тука не би требало да е монохроматско. И кога зборам за сукња, зборам за кратка сукња.) Или, ако најдеш blazer dress - фустан сако', поточно краток струкиран фустан со долги ракави и копчиња, би било одлично.
Да. Од по свечен материјал, пример од сатен. Ако си тенка и висока, може вака дворедно да се направи и тоа со внатрешни брусни на половината, за да ја истакне.