Да поприлично сум викока имам тенка линија тенок струк и долги нозе па се мислев како би прилегал таков вид на фустан
Прогуглај, види. Има еден куп модели. Мене овој ми се допадна па постирав слика колку да се ,,преслушам,, со тебе дали мислиме на исто. Убаво би стоело, посебно ако е кратко. Ќе си пазиш како седнуваш, а може оздоле и ултра кратки пантолони од сатен да ти сошијат, па и да се види нешто да биде убаво
Без разлика на возраста,блејзер фустаните не се соодветни за матурска вечер.Треба да одбереш фустан кој ќе одговара на твојата телесна градба и кој нема да открива,бар не многу.Ако мислиш да играш,треба да е бар до колената.Разгледај свечени фустани по ФБ страни на бутици.
Нема ништо лошо во истакнување убави нозе на матурска вечер. Се разбира, доколку и деколтето не е откриено. И јас бев во краток фустан на матура и ни најмалку вулгарен. Изгледав најсоодветно за моите години, додека повеќето беа "тетки". Ако почнам да го опишувам моделот, ризикувам некој да ме познае, така да ќе си ќутам Блејзер фустанот во секој случај е неспоредливо подобра варијанта од долгите свечени фустани со модел "певаљка да будем"
Да и јас барам некоја варијанта да ги истакнам само нозете деколте не и да бидам во природно издание (природна минимална шминка која не е нападна во посветли бои и само средена пуштена коса ќ а не теткасти пунџи)
Зошто да не? Носи тоа во кое ти ќе се осеќаш најкомотно и ќе си поминеш убаво зошто се осеќаш убаво и самоуверено во тоа што го носиш.
Супер е би се согласила и со референтка за кусите панталонки одоздоле да сошиеш плус , за да биде се како што треба да нема непријатни моменти .. Биди тоа што сакаш и облечи она во што ќе си се чуствуваш удобно , тоа е твоја вечер
Ми требаат идеи за фустан за новогодинешната ноќ. Би сакала со долги ракави но краток во должина. Што се носи најмногу оваа зима, плишан материјал/кадифе е во мода?
Минатиот викенд шетав по дуќани за себе да купам, не носам такви модели,ама приметив дека ѕвонастите долги ракави преовладуваа(до лакт тесен ракав па до крај глок ракав).
Нешто како последниот би сакала. Само од половина надолу да е малку поширок, горе прилепен но надолу да не е премногу. Треба да разгледам што има. Ви благодарам на сите.
Девојки ве молам за совет. Утре сум на прослава од работа. Би сакала да ми дадете предлози што да облечам. Сакам да најдам средина меѓу "прослава" и "професионалност" и заглавив Се мислев кошула и темни панталони со кратки чизмички на средна штикла, ама да не е преобично? Хелп
Еднобојна кошула, карирани пантолони со висок струк и трегери Или: кожни црни хеланки и oversized кошула Или: blazer dress
Треба да купам два паричници за подарок, да не бидат исти ама слични. Се двоумам меѓу овие два на Calvin Klein и двата Guess. Со цената се тука некаде не знам за кои да се одлучам.