Со подебели хулахопки, џемпери, ролки или боди, комбинирано со чизми, обично високи. Еве неколку слики за инспирација:
Црниот Calvin Klein мене ми е најубав дека е наједноставен. @AngIv јас би со некое плетено џемперче, плетени хулахопки и ваков тип чизми. А ако не се носиш вака, тогаш хулахопка,високи црни чизми (до колена) и горе маичка некоја или кошулка.
Предложете ми некоја така модерна средно-голема чанта, какви што се носат сега. Може и слика за инспирација, да знам каква да барам. Голема немам купено којзнае од кога, не знам баш какви се носат сега
Девојки предлози за долги фустани ? За свадба ми е кај близок , сакам да шијам долг ама појма немам каков..
Јас сум 12 цм повисока од тебе, а имаме иста килажа така да не грижи се, не си ептен слаба Наскоро ќе шијам долг фустан. Ова се моите избори во најтесен круг, па можеби ќе ти се допадне нешто:
@Harper, мене не ми е вулгарен, барем на сликава, меѓутоа за тоа дали е помалце, или повеќе вулгарен зависи и од големината на твојот граден кош. Иначе, лесно се решава и се прилагодува тоа (со порабување, или најобична безопасна). Можеш претходно да го пробаш и да прилагодиш кај преклопот колку би сакала да биде покриено/откриено.
Една моја школска на матура носеше фустан со иста должина и слично деколте, само бел - и беше баш океј и уникатна. Мене не ми е вулгарен за вакви пригоди. Среди си со квалитетно шиење и прилагоди го моделот според фигурата конкретно, и мислам дека ќе бидеш 5ка.
@Someonespecial @senza.parole Фала девојки, искрено сакав да слушнам ваков одговор . Немам многу големи гради, нешто слично како девојката на сликата па затоа и мислев дека ќе можам да си дозволам исто вакво деколте. А со градник што да правам? Не знам дали материјалот ќе дозволи да се зашијат на него онакви за гради (знаете, не знам како се викаат) или да земам од тие силиконските што се лепат?
@Harper, пробај види со силиконски како ќе стои. За шиење не сум баш сигурна. А, и со вакво нешто, само во црна боја, мислам дека ќе биде идеално: Спојлер: Градник
@eta Месо боја хулахопки и светло кафеави би било најдобро, така фустанчето нема да го изгуби својот израз, со темни бои нема да стои баш најдобро, мое мислење
Мене, пак, фустанот ми е вулгарен. Е сега, имај во обзир дека јас се облекувам прилично конзервативно и за такви настани преферирам нешто елегантно, а овој фустан е прилично разголен, што знам, за апсолвентска ова ми е премногу кожа. Кожа-боја хулахопки, евентуално тегет ама внимавај со какви обувки комбинираш, фустанот сам по себе е шарен и не ти требaат уште бои.
@Harper Мене фустанот ми е интересен, но се зависи од твојата градба. Секако, не ми е целта да навредам, но сакам да кажам таков тип на фустан стои баш ако имаш слична градба како манекенката што го носи, на таков тип на градба и слична, не стои вулгарно, но поинаку, може фустанот да изгуби од својот дизајн и таа некоја елеганција Еве пример на што мислам, како еден фустан различно стои на два типа на градба: На Кендал стои младелешки, некако едноставно и не е ништо претерано вулгарно, додека на Ким едноставно не и стои, покажува невкус, како да не си ја познава својата градба
@Harper и јас се согласувам со @Rebecca_R дека фустанот не ми е за апсолвентска. И јас би одела на елегантна варијанта, чисто заради дрес код, оти таков фрик сум си... Не дека е грд фустанот, супер е. Не е ми вулгарен, ама не ми соодветствува со настанот.