Висока сум 1.70, имам мали/средни гради, слаба сум и вежбам во теретана веќе 3 години и затоа мислам дека ќе можам да си го дозволам фустанот инаку во никој случај не би се осудила. Тоа не е никаква навреда, треба да се има во предвид дека секоја градба не трпи се . Не сум носела досега таков модел, а многу ми се свиѓа и се уште не знам што да правам.
@Harper Епа штом имаш таква градба, немај гајле тогаш Пред се, добрa e самосвесноста за својата градба и дали еден дизајн ќе ти одговара или не
Во тој случај фустанот ке стои ептен секси а тоа не ми соодветствува со настанот, како што кажала @DAngel. Eм краток, ем разголен е фустанот, а сакала или не, на таа висина, овој фустан ке изгледа провокативно. Не сакам да те разубедувам, ако ти се чувствуваш пријатно во таков фустан тогаш добро, зборам од моја гледна точка, дека јас не би се појавила така разголена на место каде што има возрасни луѓе, особено професори.
@Animali , @Rebecca_R , a sivi podebeli hulohopki, dali bi odgovarale, so sivi cizmi? Zosto I fustanot e nekako volnen, bas zimski.
Да, и сиви ке одговараат, ама гледај да избереш хулахопки со слична или иста боја на чизмите за да не биде премногу шарено.
Девојки фустанов со ројал блу салонки и плик ташна планирам да го комбинирам, само се двоумам дали бел или црн блејзер подобро ќе стои
Мое мислење е дека скроз ќе му го смениш концептот на фустанот и тоа што тој "има да го каже", ако го комбинираш со салонки. Овој фустан или со кратки чизмици ко на сликава или со класична чизма на штикла (да не се гледа гола нога). Мое мислење И ја лично, со бесна црна кратка кожна јакна би го комбинирала
Ми треба мислење и предлог. Ваков модел мислам дека не се носат со кратки памучни црни чорапи. Што мислите девојки вие? Макар што читам дека секој различно може да ги искомбинира дури и со виски дебели чорапи до колена. Или нешто необично со вакви чорапи: Како и да е, морам нешто да облечам затоа што многу рани ми прават. Еднаш ги носев со најлон хулахопки и одвај се вратив дома, со крвави стапала. Ми направија рани на делот од работ на кондурот каде доаѓа во контакт со кожата, внатре немав проблем. Дали има вакви чорапи ама да се памучни или некој друг подебел материјал и малку повисоки за да ми ја покријат кожата на задниот дел од стапалото? Или ако имате некој друг предлог, се е добредојдено. Навистина сакам повторно да ги носам, а првиот пат не се издржуваше, сеуште сум со 5 ханзапласи на нозете.
И јас мислам дека не се носат со чорапи памучни. Мене не ми изгледа убаво, ама секој со своето. Да си купиш такви „невидливи“ чорапи, јас вчера баш во Ваикики видов 2 пара, црни и крем 199 денари.
Идејата ми беше фустанов да го носам во елегантна варијанта, па затоа комбинацијата со ројал блу салонки и clutch ташна. Ама со оглед на временскиве прилики сигурно дека ќе треба да носам нешто одозгора, а освен блејзер мислам дека друго не доаѓа во предвид. Само околу бојата на блејзерот црна или бела ми беше/ми е дилемата.
@Sfera јас би комбинирала со бело палто. И со црно палто нема да погрешиш, ама тоа ти е 'игра на сигурно', а со бело ке направиш добитна комбинација.
Да ве прашам што мислите за блузичките со голо меше? Јас реално највише ги сакам ама гледам дека периодов покрај Сергеј доста се имаат откажано од нив. Демек линијата ја пресекувале, незнам што.А, на мене најубаво стојат.
Ако Сергеј ти е репер за мода и тој ти одлучува шо да носиш... Носи си шо ти е мерак и у што се осеќаш најубаво.
Носи си обични црни чорапи до глужд. Не би требало да се гледаат, но и да се гледа некое делче од нив не е толку важно колку што се важни твоите стапала. Овие не се носат БЕЗ чорапи токму заради тоа што е вид чизма. Ако не стигаат до задниот дел на стапалото, потегни ги наназад. Никој нема да забележи освен ти. а и никој нема да чувствува болка ако не ти се удобни освен ти Инаку, не знам од каде ги имаш земено но предобро изгледаат.