Носи ги. И јас имам такви фармерки и повеќе се искинати од твоите па ги носам. Нема врска. Вакви фармерки сега се во мода.
Девојки наредната недела на 7-ми јули одам за Романија на екскурзија и ќе седам една недела. Врска немам што облека да носам. Не сакам многу да се претрупувам со облека. Мала помош од вас ако може. Ако прашањето не е за тука избришете го пошто не знаев во која друга тема да пишам.
Прво види какво ќе биде времето и земи си за секој ден по една маица, верувам ќе биде топло , фустанче што знаеш дека ќе го носиш. Направи си комбинации за секој ден да не земеш премногу облека и убав провод
Знам прашањето е милион пати поставувано одговарано а и ми се чини дека има и тема..... Пуш ап градник -Каков препорачувате? ( забележав дека има разни видови) Или некој трик?
Незнам дали е тука прашањето. Девојки предложете ми што да му купам на дечко ми онака од кејф да му купам ама незнам што нешто обично..? Благодарам однапред
Не знам дали е за тука прашањето али сепак да си прашам Дали некоја има искуство со Atelier Four - Tamara Sterjova ?
Знам дека е глупо прашањево, ама ме интересира дали е пристојно да се носат сандали во училиште? Зборам за сега кога е топло. Имам видено професорки, но не и ученици да ги носат. Станува збор за најобични сандали, вакви:
Јас имам носено сандали вака рамни септември и мај-јуни. И други носеа. Зависи до школото, кај нас беше распашана команда, немаше некој дрескод што се почитува, па затоа и не се замарав за едни сандали кога како доаѓаа облечени, моите сандали беа ништо...
За мојот роденден ќе носам црна сукња, бела маичка и црно палтенце. Е сега за обувките може ли да носам патики? Тетка ми ќе си дојде од Германија за една недела и ми рече дека ми купила скроз бели патики па се прашувам дали нив да ги носам или пак имам и бели балетанки но платнени се и се плашам да не ги извалкам. А знам дека бели обувки многу одговара со другите бела маичка и бели обувки и црно палто и црна сукња. Сега што да носам патики или балетанки ваше мислење? А и за фризурата не знам каква да ја направам помош и за неа? Имам долга коса со средна должина.
По ново се носат патики на суќна многу, ако си тинејџерка зошто да не, не мора секогаш штикли.. А за косата, можеш права испеглана или некои локни крупни.
Ехе и кај мене се носат кроп топс и продзирни блузи, бели хеланки пикнати у гз со танга... така да нема да се замарам со обични сандали, ќе си ги носам
@Mrs.Precious Јас би носела со патики, освен ако не се разликуваат многу стилски. За косата нешто нежно, пеглана или малку виткана на врвовите.
Здраво. Дали одговара бојата на коланот со кошулата и со фармерките пошто кошулата ми е малку долга па морам да ја ставам внатре во фармерките но фармерките не можам да ги носам без колан па да ве прашам дали бојата на коланот одговара со нив? Ако не одговара кажете ми каква боја да купам.