Никогаш не пратам трендови, си носам и купувам тоа што ми е убаво и што ми се свиѓа. Не сакам униформираност. Чокерите ми се нешто најодвратното што може да постои, па уште кога ќе видам дебели чокери и во средина кругче метално исто како куче да гледам. Ми иде да ги фатам за врат и да ги влечам. Ја знаат историјата за чокерите или слабо? Па и уште посериозни девојки кога гледам дека носат, одма ми ствараат одбивност. Мрежастите хулахопки на искинати фармерки или сукњи ми се несфатливи. Мене мрежестите ме асоцираат на секс, не знам зошто. Од тоа везените работи више не ми се ни влага по продавници, на кошули, на маички, на папучи уште на тоалетни да ставаат везови. Да не можеш нормални и асални маички и кошулки да си купиш. Кaрнерите ме асоцираат на нешто шпанско и циганско, особено напумпаните кошули. Сега гледам надвор од Македонија во сите продавници се популарни оние широки и големи фармерски палта ама со натписи и скинати делови. Нешто налик на палтата од Ријана. Мноооогу лошо стојат и уште полошо изгледаат. И ич не ми е вкусно кога гледам девојка со маички/кошули со гол стомак. Независно дали има рамен или не рамен стомак, некако ми е ту мач.. Се нервирам кога гледам дека има униформираност помеѓу мене, гледаш во една гледаш во друга исти се.. Чокер, цветичи, сега иде сезона на шешири ии уште не знам што ќе измислат.
За мене уништување е мрежестите хулахопки да се носат со фармерки... Мрежести хулахопки ми се за сукња. Не може секоја да ги носи, повеќе ми се за жени од колку за девојки, а во никој случај не се за тинејџерки. Овие гумените чизми со отворени прсти се одвратни, дури поодвратни ми се од траперките, вие во СК ѕвонарки ги викате. Замислете дожд некој во комбинација со нив. Модата во 90тите е убедливо најодвратна... со кломпи, чокери, траперки , косата во пунџички како глушец и кафеав кармин ауууу морници да те полазат. Ајде ќе поминат и овие глупости.
Имам впечаток дека сите се во over-size фазон. Во актуелниве трендови елеганција е мисловен поим, или ќе мава на пренагласен сексапил со nude фустани или нешто преголемо да се скрие секаква облина. Ај дон'т гет ит !
Јас планирам да си купам фармерки со пократки ногавици. Панталони не носам, ама вака кога гледам на сликава не е лошо.
Во тек сум со трендовите но не ги следам. Лани пролетта и летото се сеќавам дека во тренд беа парчиња во бохо стил и тие boyfriend jeans што ги викаа, фармерките со висок струк широчки што беа. Оваа пролет во тренд е џинсот со везени цветови и долгите сукњи. Ми се допаѓаат овие два трендови. Симпатични се, фино изгледаат, само што никој од нив нема да прифатам, ќе си се носам по мое.
Многу лошо. Ај за женско на тесни ногавици стои ама за машко, што викаа порано „како по риба да си тргнал“.
Мене особено ми се допаѓаат пошироките фармеркирки со дискретен цветен вез од страните. Веднаш штом најдам соодветни ќе си купам. Сличните такви везови на оние морнарски кошули не ми се допаѓаат. Не дека се толку лоши туку станаа одбивни бидејќи сите ги носат.
Јас па ги обожавам сандалките со подебела и не толку висока штикла. Фармерките со цветен дезеен се нешто најнеубаво според мене никогаш не би ги носела. Едноставно ефтино ми изгледа. И што е ова на пример? Бљак широки кинати фармерки баш изгледа ко да ги облекла од дечко и оти и се истурило кафето на нејзините. А ова го поштоваам и изгорена сум за вакви фармерки сега некако појаки се повеќе искинати Истите фармерки како стојат на слаба и дебела нога. Нешто предобро и блузињата ми се топ. Голо меше и секако тоа не стои на сите! А да да напоменам за мрежестите хулахопки плус над фармерка absolute fave ми се само чекам подобра прилика и ќе ги опнам и јас ^Вака имам веќе носено И на куси јако стојат ама целосни, оти има еден вид како гаќи за куси пантолони Безврска е ама видов некој доста паметен ваљда ''ногавиците'' ги имаат свиткано нагоре така да се познаваше само горниот дел а долу ништо не можам да ја најдам сликата.. И да карнери
Колку страсно хејтате чоукери. Па дури и ги ставате во категорија лугето кои треба и кои не треба да носат, ко да само на проститутки и евентуално тинејџери им личело. За домашна, можете да изгледате некои ретро филмови и ќе налетате на класи, можеби и повозрасни дами кои си носат чоукер, дури и пепелашка на бал го носеше. Кој има баба од град, големи се шансите да носела чоукер пред 50 год за било која пригода.
Мене па чокерите ми се баш океј, јас сакам и си носам, а фармерките со везани цветови јас не би носела пошто некако ми се ограничени и не можиш со се да искомбинираш, не ми се ни убави. Вториот стил да многу да,обожавам долги сукњи и фустани
Делам исто мислење. Не дискриминирам, ама too gay ми се вакви фармерки или панталони кога ги гледам во комбинации кај мажи. Јас не би сакала дечко ми да купи вакви. Подобро куси до колена или над колена, него ли вакви. Повеќе ми се како за тинејџри, ми делуваат несериозно и не ми се допаѓаат за возрасни момци.
Мене пак искинативе фармерки не ми се допаѓаат. И тоа без осет, раздрапани колку и да мислам, немам за каде да ги вклопам во изгледот. Везени работи јок. Широки фармерки ми изгледаат океј, затоа што имам многу слаби нозе и ги мразам тесните фармерки, ама и тоа повеќе би ми одговарало кога бев помлада, сега некако ми е друг стилот. Сепак, без разлика на трендовите, носам тоа што ми е удобно и што мене ми се допаѓа.
Мене лично, чокерите баш ми се допаѓаат. А и многу зависи во каква комбинација ќе се искористат, дефинитивно не одат на било што. Имам неколку, слични на овие подолу.
Оф да, супер е темава! Сакам мода и сл ствари на луѓе на кои што им стои. Не сакам карнери воопшто и не носам, но има ситуации каде што ми се допаѓаат на некој друг и немам против. Имам против тоа што сите девојки носат гол стомак, на некои е ок, на некои е катастрофа. Не ми се допаѓа кога машките носат извртени маилки на прерамки, целосно сокинато фармерки или фармерки со голи глуждови. Во ред е да пратиме мода и да се дотеруваме според неа, но не по цена да личиме на кловнови.
Сакам нешто да се надополнам. Модата цело време се повторува, еве ако се сеќавате цветните дезени беа популарни во 2011/2012, сега пак се враќаат, тексас јакните беа пред 10+ години, па кога им помина модата беше срамота ако те видат со тексас... нели, олд фешнд си. Сега пак се носат, па наредната година ако ги облечеш ќе бидеш so last season, нели. Пред четири години нитни и шилци буквално на кожни јакни и на се' друго што можеа да се стават беа ептен популарни, јас препекав за една кожна јакна целата со шилци, буквално повредував луѓе кога ќе ги гушнев. Сега, ене ја ми стои во шифоњер, уште ми се допаѓа и би ја носела, ама мислам дека добри три години ја изнаносев, срамота е веќе да се појавам со неа во јавност. Да продолжам сега на актуелните трендови. Гледам ги спомнувате скинатите фармерки, што знам, јас мислам дека многу се носеа пред година-две-три, сега се повеќе mom jeans и општо широки фармерки со висок струк. Јас морам да кажам дека сум голем љубител на речиси се' скинато, а особено на фармерки, ама секако со мера, не некои исцепани пола нога, туку неколку поситни резови. Мислам дека пола и повеќе фармерки ми се искинати, па затоа немам зимно време што да облечам. Не знаев дека голите стомачиња се пак во мода, ама јас отсекогаш сум сакала такви маички, crop tops, пошироки, со или без ракави и малку да се покажува стомачето. Знам си изнакупував многу такви маички пред некоја година во Певекс, уште пред да искочат во Сити Мол. Е сега, не ми е вкусно баш до под гради да е маичката, ама малку над/под папокот ми е ок, плус јас ги носам со висок струк фармерки така да не се покажува многу гола кожа. Чоукерите... што знам. Јас не би носела, ама некои така потенки или поелегантни ми се ок, ама и не стојат на секого, плус зависи од стилот на девојката, не одат на се ко што многу девојки ги комбинираат... Мрежасти хулахопки под искинати фармерки може, ама секако да не бидат НАД фармерките, многу грдо изгледа. Јас лично дали би носела, не знам, не е баш мој стил. Амааа, пак ќе си кажам ми се допаѓаат сегашниве трендови, зошто ме потсетуваат на осумдесетите и раните деведесети, плус се враќаат интересни, јаки нијанси на шминка, особено кармини, сини, црни, кафеави.. што ми е ептен кул.