Најлошиот тренд од моето постоење мислам... Јас сум поприлично класика тип, така што се ова ми е премногу. И бои, и везови, и искинати фармерки, и чевли-папучи... Единствено ми се допаѓаат плисираните сукњи и мини ташничките за преку рамо. Се останато не е за мене.
Еве ради ова веќе не сакам да ги носам, ради тоа што старката стана мода. Старка е стил, или знаеш да ја носиш или не.
Карнерите на панталони и везовие,било на фармерки или кошули,не ми се допаѓаат.Ниту мрежасти хулахопки. Скинатите фармерки,да,имам од лани едни попристојно скинати. Плисирани сукњи,мали ташнички,широки панталони,комбинезони,кошули со 3/4 ракави,не ги сметам за тренд,класика ми се.
Оти толку ги хејтате скинатите фармерки Јас имам еден пар и сакам да ги комбинирам со некои модели, мене ми се допаѓаат, е сега малку подискретно скинати сакам, оние што имаат повеќе дупки од материјал не. Мрежести холохопки си купив, не ги носам на фустани и суќни ама ги носам на фармерки и штикли каде што ми ѕирка зглобот ми се допаѓа како стои, ја прави комбинацијата малку секси. Цветни дезени отсекогаш сум мразела, имам некое парче ама не вака со везени детали, ама и тие не ги носам често што ги имам. Тексас јакни не се мода туку класика. Чоукери некои нежни можеби ми се допаднале, имам еден ама досега не сум го комбинирала. Овие фустаните со деколте што не дозволува градник ги обожавам зошто сакам таков тип на деколтеа и ми личи, имам неколку модели. Јас најчесто не следам мода ама ако некој нов тренд ми се допаѓа го вметнувам во стилот.
Цветните дезени на кошулите и фармерките не ми се допаѓаат, не би носела иако се сега во мода. Искинатите фармерки ми се допаѓаат, ама пристојно искинати, не со ептен скинати дупки.
Од се што видов пластичниве штикли изгледаат крајно неудобно и евтино. Ни во лудило не би облекла. Исто и панталони со карнер ногавици, пресмешно. Везови и детали во принцип многу сакам, ама не сакам тоа да се цветови како што е случајот со кошуливе што се во мода сега. Од свилените наметки некои личат на пењоар, некои се предобри. Наметки купувам и сакам, ми стојат секакви на висината, башка и најдосадната комбинација ја прават впечатлива па доста ми се наоѓаат. Искинати фармерки и хулахопки исто ми е ок, се додека е со усул.. Чоуекр имам еден што ми е поклон уште пред десетици години, прелегантен е и никогаш со него не би се осеќала како да носам ременче за куче. Генерално си прифаќам од секоја сезона по нешто, ама го носам и многу години подоцна. Си го осеќам како дел од мојот стил, а не како нешто со датум за истек на рок.
Нежно розе сакам, но не во комбинација со црвено. Карнери многу ми се допаѓаат, посебно кај фустани и кошули со голи рамена. Везени цветни апликации носам на фармерки и на тексас јакна ( но не истовремено). Ми се допаѓаат и на кошули, но не и на оние сино- белите во риѓи. Не дека не изгледа убаво, туку досадно е, секоја втора жена или девојка облечена во таква кошула. Скинати фармерки , но не на дебели бутови Мрежасти хулахопки ми се допаѓаат, но да не се многу крупна плетка. Ги носам и под фармерки, но никако кренати над пупакот. Многу ми се слатки мрежасти чорапчиња, патики и подвратени бојфренд фит фармерки. Пластични штикли посебно кога ќе им се запоти и запури ногата во нив. Чоукерите ми се ок, доколку не се огромни, премногу светкави и доколку не асоцираат на садо-мазо реквизит или каиш за куче. Сакам нежни чоукери и тенки, елегантни кратки ланчиња припиени до вратот. Папучи... Хммм... Домашни папучи не ми се за низ град... Пувкасти, крзнени и не знам какви би ги комбинирала единствено со пижами. Панталони и наметка кои потсетуваат на свилени пижами Во глобала, ми се допаѓа овогодинешниот тренд, но не можам да се замислам во сите актуелни парчиња.
Делам мислење освен за карнерите и цветниот дизајн. Едноставно не се мој стил. За другото се согласувам со тебе.
Во последно време од трендовиве ми се допаѓаат скинатите фармерки ( да речеме скинати само на колено , евентуално по една дупка на различен дел , пример лева ногавица над колено десна под колено ) , војничкиот принт го обожавам , исто и еднобојни војничко-зелени ( или маслинасто зелени ) кошулки , панталони , блузички .. чевли со подебела средно висока штикла со каивче , цветен дезен може но да не е претерано ко да сум излегла од некоја цветна градина морнарските маички , кога би ми стоеле како што треба , би ги носела секој ден Везови , карнери , проѕирните штикли , крзнени влечки/папучи што и да се , овер сајз јакни .. не баш овие папучиве не би ги комбинирала ниту со пижами овер сајз јакните не ми стојат а и стилот ми е таков што широко носам само ако е дукс или тренерка . Се друго сакам да е потесно ( бидејќи сум буцка , уште широко да облечам небаре сум кошница за велигденски јајца ) . Штикла и онака носам само на посебни поводи , па пре би си купила старки или балетанки отколку штикли , ама овие на подебело штикле ми се сосем ок . Чокерите ми се допаѓаат оние едноставни еднобојни , или со ситно деталче на нив , другите пренатрупано ми изгледаат
Најгрдо нешто што сум видела во последно време се тексас чизмите цели испокинати, до над колена. Според мене воопшто не стојат убаво, ги скратуваат нозете и грубо изгледаат.
Веѓиве исцртани да изгледаат подебели и поцрни, а притоа ептен да се познава тоа аматерски цртаното влага во трендови?! Многу ги хејтам овие со така исцртани веѓи. Исто така мн ми се грди тексасните чизми, прозирните штикли, везените штикли, кломпи/влечки, везените кошули на риги (бидејќи е преплавено од такви кошули). Малку се претера со веениве работи, но на некои кошули баш симпатично изгледа. Чокерите што изгледаат како ремчиња за кучиња. Некои нежни и дискретни сакам, меѓутоа да се внимава и како се комбинираат а не само плеснат чокерот на врат дека бил во тренд. Премногу искинатите фармерки како глувци да им ги гризеле, сакам подискретно искинати. Има и мн други работи што не ми се допаѓаат. Мислам дека ова сезона се намногу кичерај работи во тренд. Сепак се што е моментален тренд треба и да се знае да се носи и искомбинира а не само облечиси го, па стоело нестоело нема врска.