1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модни трикови

Дискусија во 'Мода и стил' започната од mirandaa, 18 јуни 2015.

  1. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Не сретнав ваква тема ,па дојдов до идеа да отворам.
    Често по порталите може да се сретнат одредени трикови со парчиња облека, и како со истите може да се добие некоја визуелна промена во вашиот изглед.
    Ова е тема во која можете да пишувате за модните трикови, со кои ќе направите да изгледате и да се чувствувате можеби подобро и поубаво.Некои мали трикови кои можете да ги постигнете преку парчињата облека.Пример како до визуелно подолги нозе, како со соодветно парче облека да истакнете некој дел од вашето тело или пак да го сокриете.

    Веќе подолг период знаеме дека високиот струк е ИН.
    26B733F600000578-0-image-m-5_1426578928411.jpg
    Сукњни со висок струк, панталини, фармерки…Сигурно имате забележано дека високиот струк визуелно ве издолжува, а и со самото тоа е погоден за било која висина, без ограничувања.

    Парчиња облека со вертикални линии 352c2627a32799a32aae9e0761a691b6a7d5a447.jpg можат визуелно да направат да изгледате послаби, а хоризонталните линии обратно. 9d374d7e4abd37ba2b44cacdf511c98a.jpg Исто така во последниот период во мода се фармерки/панталони до глужд или подвратени одоздола. 9134af88e8e3106ac4a869e8f2c1cd38.jpg Но мислам дека треба да се внимава со истите, бидејќи визуелно уште повеќе ги кратат нозете.Па со самиот тој факт може да се каже дека не се препорачливи за девојки/жени со пократки нозе, бидејќи уште повеќе би им направиле да им изгледаат кратки, односно и повеќе од што им се. PhotoGrid_1434637600896.jpg

    Панталони и чевли во иста боја ќе направат спротивен ефект, односно ќе направат нозете да изгледаат подолги.
    247955D700000578-0-image-a-78_1420628540842.jpg

    Ова се некои совети, односно трикови, кои со нивна примена, навистина би направиле мала промена во вашиот изглед.

    Се надевам темата ќе ви се допадне и секој ќе изнесе определен став, трик или совет околу ова.
    :)
     
    На angelche16, Barbie20, sanja.burgundy и 5 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ова забележувам дека многу често се греши, избор на накит според типот на блуза. :)
    [​IMG]
     
    На eloves, angelche16, sanja.burgundy и 5 други им се допаѓа ова.