1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модри патлиџани

Дискусија во 'Рецепти' започната од ludoto19, 4 јули 2012.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    Пире од модри патлиџани
    4 модри патлиџани
    2 лажици брашно
    1/4 чаша сок од изцеден лимон
    1чаша млеко
    Сол и бибер по ваш вкус
    1 чаша сирење(јас ставам бело)а можи и кашкавал или било какво друго сирење
    3,4 лажици путер или маслиново масло

    подготовка

    Се печат патлиџаните и се ставаат во кеса за по убаво да се лупат.излупените патлиџани се ставаат во раствор од лимоновиот сок и вода и стојат околу 10 минути,потоа се гмечат.
    Во загреана тава се прави запршка од путерот и брашното и се додаваат патлиџаните,млекото солта и биберот, се пржи уште неколку минути и од ко ќе се тргни од оганот се става и сирењето
     
  2. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    Мајками ги прави кисели со лукче и магдонос, во тегло, многу се вкусни така, да ги јадеш :)
     
  3. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Мојот омилен рецепт

    Ролни од модар патлиџан - Традиционално сицилијанско јадење

    (јас ги правам без јајца)



    Состојки:
    • 2 големи модри патлиџани (види слика - за две јајца потребни се 16 листа од патлиџанот )
    • масло (маслиново)
    • 115 gr лебни трошки (подобро е од стар леб, него купечки)
    • 7 - 8 лажици ладно цедено (extra-virgin) - кој може да си приушти, кој не нека прави со маслиново, кој не може и тоа нека прави со обично
    • 1 среден кромид , фино исецкан
    • 85 gr пекорино сирење, ренадано (го има во Веро и во некои други продавници, а наместо него може пармезан, слични сирења се, а може и без него, или некое друго прикладно сирење или кашкавал)
    • 1 лажиче свежо оригано (може и суво)
    • Сол и бибер
    • 2 тврдо варени јајца, исечени на кришки
    • 225 gr патлиџани мешани во блендер (јас повеќе сакам рачно, затоа ги сечам на ситни парчиња, ги дробам и малку ги проварувам да се добие како сос)



    Исечете го патлиџанот по должина, отприлика по 5 мм дебел.


    Во тавче пржете го патлиџанот додека благо да порумени.


    Префрлете го пржениот патлиџан на кујнска хартија за да се исцеди вишокот на зејтин. (Ова со хартијата слободно прескокнете го. Доволно е малку да се исцеди зејтинот.)



    Во тавче пропржете ги лебните трошки со малку маслиново масло (ладно цедено, така пишува а може и со обично). Ставете го на страна.


    Во тавче испржете го кромидот, додека да стане мек и проѕирен, не повеќе од тоа.


    Додадете ги трошките и оставете ги на страна малку да се оладат.


    Додадете го сирењето, ориганото и биберот.



    Загрејте ја рерната на 190 степени. На дното од огноотпорен сад ставете малку зејтин и малку лебни трошки. Ова ќе го спречи лепењето на патлиџанот за дното.


    Наредете ги листовите (кришките) од модриот патлиџан на работна табла (кој ја има, кој не во тањир). На секое парче ставете по една лажица од мешавината од кромид , трошки и зачин...


    И по една кришка од јајцата.


    И по една лажица од сосот од патлиџани.


    Замотајте ги кришките од модриот патлиџан во ролни.


    Ставете ги во огнотпорниот сад едно до друго.


    На крај истурете ги преостанатите трошки одозгора и сосот од патлиџан и малку маслиново масло.
    Печете во рерна околу 20 минути, т.е. додека не биде готово.
     
  4. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    625
    Модри патлиџани на индиски начин

    Потребни состојки за 4 лица:
    2 модри палиџани
    2 главици кромид
    300 грама домати
    100 грама путер
    250 мл јогурт
    исечкан магданос
    половина црвена феферонка
    150 гр грашок
    сол
    кари
    ѓумбир во прав

    Модрите патлиџани сваете ги,излупете ги,и изгмечете ги со виљушка.Грашокот сварете го посебно.Во меѓувреме,исечканиот кромид пржете го на путер додека не се застакли.Додајте ги искачканата феферонка и доматите,и динствувајте додека не испари течноста. На крајот додадете ги доматите,грашокот,јогуртот и зачините.Пред послужување,добро изладете го ова вкусно јадење.
     
  5. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Салата намаз од модар патлиџан, или домашно малиџано
    рецептата не е оригинал туку, се разбира модифицирана и помината низ рацете на неколку домаќинки која секоја му додала или скусила нешто :D , меѓу кои и јас :lol:
    2-3 испечени модри патлиџани се стават во блендер, но не до состојба да сатанат паштета, туку баш да си се раздробат.
    околу 250 грама сирење (може и повеќе, јас од рака ставам , без мерење, ако сакате повеќе да е на сирење)
    околу 200 грама салама (јас ставам посебна)

    Сирењето и саламата исто се стават во блендер, а можете и и да ги исецкате ситно. Но кога веќе ќе го извалкате блендерот.... :lol: :lol: нема потреба од сецкање.

    Потоа во блендерот заедно ги ставате веќе раздробените патлиџани и саламата и сирењето (јас лично прво во садот каде ми се оставени раздробените патлиџани ги додавам сирењето и саламата ги размешувам, па отпосле заедно ги ставам во блендорот), како уште малку заедно би се додробиле.

    Ја ставам смесата во сад, ставам малку лук во прав (или жив лук), сол по потреба, зависност од соленоста на сирењето и додавам 2-3 лажици мајонез, согласно хомегеноста, ниту многу мајонезна, ниту без ич и се размешува целата со мајонезот.
    Масло не додавам никакво, ниту жешко ниту ладно.

    Одлична е за мезе за по дома, за гости, па и за прослави и сл.
    Во соседството (мое), нескромно ќе кажам е прогласена за најдобра модифицирана малиџано салата. :tmi:
     
    На Giovanna, slavica999, mimiiiii и 4 други им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Во испечен и истолчен модар патлиџан (да се разбереме, не е ист вкус кога го печеш во релна и на ќумбет ;) поубав е вториот ), ставиш 2-3 чешнина лук и рака сецкани бадеми. Зачиниш со сол, маслинов зејтин и магданос. Во комбинација со вруќо лепче и сиренце е dance with the devil :)
     
    На Giovanna и Espadrila им се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    маж ми е љубител на оваа салата
     
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Мој рецепт за пинџур од модри патлиџани, прелесно и превкусно.

    Прво, ќе препржите кромид со малку црвен пипер, па на него ќе ја додатете претходно сварената леќа, без вода. Откако заедно се ќе препржите ги додавате исецканите модри патлиџани и домат или за овоа време, било што имате зимница од домати (ама ептен малку). Зачини по ваш избор, вегета обавезно.

    И тоа е тоа, откако ќе омекне се така фино, го послужувате со сирење или било што.

    Аааа и да, морков ќе заборавев. Значи и МОРКОВ!
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Печени, мелени, малку маслиново масло, сол и лукче по желба. Превкусно.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.