Моето дете го избегнуваат

Дискусија во 'Дете' започната од westt, 10 мај 2016.

  1. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    162
    Мајки очајна сум кога гледам пед мои очи дека моето дете го избегнуваат другите деца. Или со други зборови кога и да не сретне некој тој на сите им крева раче на сите вика тето ,чиче,баба дедо ама едвај некој му обрнува внимание. Пред некој ден бевме на роденден и таму сите си играат а него го буткаат и тој со солзи дојде и ми вика „МАМО МЕНЕ НЕ САКЕ ТАМО ДЕЦА„(нег не го сакале децата. Толку ми се скрши срцето што не постојав ни 2 мин повеќе го облеков и заминавме. Исто и кога го носам в комшии кај што има деца му ги зимаат играчките за да не плаче нивното дете или му викаат. Аман незнам параноична сум ве молам за совет. Се осеќам како мајка која неможе да му овозможи другарчиња на детето.Бидејки и јас пораснав во средина каде ме избегнуваа другите деца дека бев сиромашна многу добро знам колку боли да те буткаат и да ти се исмејуваат дека носеш дадена облека.
     
    На mode-kristina, MissAlena, VladeMila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    49.211
    Сигурна си дека не си само параноична и дека гледаш низ призмата на она како ти што си се чувствувала некогаш?
    Може поради твоето искуство и повреди да претеруваш?
    Не е можно и баби, дедовци, тети и сите деца да го избегнуваат. Поради што? Не е можно. Дете е.

    И штом бевте поканети на роденден значи не ве одбегнуваат нели :)
    Кога тој ти дојдел и ти се пожалил требаше токму спротивното, да останеш, да одиш со него во масата, да му помогнеш да се вклопи. Можеби со самиот твој инфериорен став несвесно влијаеш да се и детето само поставува така? Размисли.
    Ја знаеш онаа: детето е копија на родителот?

    Можеби не сум во право, ама од само овој еден пост првото нешто што помислив е ова.
     
    На elenkata20, anichka94, blackwave и 31 други им се допаѓа ова.
  3. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    162
    Мила нас не поканија чисто дека сме први братуледи, плус лугето роденденот го правеа дома во 1 соба и стари и млади и деца и цело време бев таму и гледав како не му даваат да си игра ќе ги скршел играчките. Вистина е дека моето беше најмало другите беа по 6 7 години ама зошто бе да го избегнуваат. Да точно дека не сите го избегнуваат ама поголем дел од опкружението да. Јас и ден денес сум избегнувана од жениве во селово ама ајде јас ... мака ми е за детето.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    162
    Ете јас таква сум дрдорка , сезнајка , оговарачка ама тоа сум ЈАС, Можеби сум станала таква од желба да не бидам сама и сум станала иста како „другарките„ за кој сум била желна. Но далеку од тоа го воспитувам моето дете. Се знае што смее а што несмее, не е како некој деца да легни и да плачи дека не е по негово дека мора да му се купи нешто . Дури и сам вели „Не утре ке купиме мама нема пари сега„. Сака да си игра со сите им ги дава своите играчки кој и да го викне тој трча од радост.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ordinary

    Ordinary Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    56.883
    Имаш потреба од сожалување или досадно ти е,па се филмаш?
    Другарките од екипата оговарачки немаат деца или не се дружите со деца за да не ве ометат во муабети :^)
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Eve ke kazam i jas eden primer,nema da spomenuvam koj bidejki nekoi me znat pa da ne pravam problemi.
    Se raboti za devojce prvace,toa so site saka da e bliska vo skolo a so nea nikoj.
    Koga odi doma place kazuvajki na mama deka nikoj ne si igra so nea,deka nikoj ne ja saka i ona sama si sesi i sama si najduva nekoi igri dodeka site ostanati igrat zaesno.
    Majkava mi potvrdi deka e taka,cesto pati odi pred vreme vo skolo i gleda deka site igrat zaedno o ona sama sedi.

    Zborivase so devojcevo da odi sama da se zblizi so drugite deca i sto se sluci,ona odikaj niv se zblizi malce pocna da odi kaj niv.
    eve edno drugo devojce kade se i bara na devojcevo,dajmi ja snolata,dajmi go molivot,gumata i taka sekoj den za malce da igrat ova dava se sto ima.
    Majkava zboruvase so nastvnickata deka treba da igrat site zaedno deka nejzinava cerka e sama sekogas i nikoj ne igra so nea,mislam deka sega nastavnickata gi podeliva vo grupi koga se raboti za igrajne.
    Isto zboruvase i so cerkai i objasna nekoi raboti iako tie deca ne se svajcat,pa se nadeva deka ke ima drugari i drugarki bez da mora da iznesuva i dava se sto ima igracki i sl.

    @westt kako rastat decata se poveke i poveke ke steknuvat prijatelstva,nemoj da se grizis.
    kaj site se slucuvat nekoi da ne zabelezat vo momenti.
     
    На zhap4e и rose60 им се допаѓа ова.
  7. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    4.383
    Пол:
    Женски
    Незнaм кaкo и штo дa пишaм aмa еве ви гo мoјoт пример зa мене :
    Имaм 2 сестри и еден брaт , еднa е гoлемa a другaтa сестрa и брaт ми мaлечки се , пo тoa штo мoите ме вреѓaaт и не ме пoчитувaaт децaтa мaли ме вреѓaaт истo кaкo oни , кoгa бев мaлa другaрки не мoжев дa имaм бидејќи ми ги бркaa oд дoмa , игрaв сaмa , зa жaл oд мoите "другaрки" нaстрaдaв лoшo , не смеев oд дoмa дa искaчaм , се oмaжив нa 17 гoд. и не се кaaм имaм птекрaсен мaж и две дечињa , никoј дo сегa oд рoдителите ме немa гушнaтo и дa ми кaже вo ред ќеркo ќе прoјде кoгa ми е тешкo или дa ме пoдржaт зa нештo , и ден денес нa 22 гoд. вистински другaрки јaс немaм oсвен мaж ми .

    Пoентaтa ми беше :
    -Гушкaј гo и игрaј гo дететo кoлку и дa си нервoзнa , зa грешките негoви пoвтoрнo гушни гo кaжи му вo ред е пaк тaкa немa дa прaвиш , ќе прoшетaте зaеднo и ќе игрaте зaеднo , кoгa спие пoгaли гo шепкaј му нa увце кoлку гo сaкaш (пoзитивнo нa психaтa им делувa) , кoгa ќе имa тaквa неизмернa љубoв тoa ќе биде другo дете a не тaквo кaкбo штo си гo гледaш сегa ;)
     
    На eloves, ЈеленаЏиш, kjukli и 14 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    110.047
    Не знам за деца само знам дека се многу сензитивни. Зависно од возраста тие различно гледаат на пријателството пример кога се помали (претшколска возраст), не гледаат да се дружат, туку едноставно да имаат моментален соиграч. Ако веќе оди на училиште треба да почни да гради и врски со другарчињата ама и тоа е тешко и зависи од повеќе фактори зошто децата се многу многу осетливи на било какви промени. Ако некое дете има проблем со себе, или ако некој му предизвикува проблем тогаш тоа се повлекува и оддалечува од околината што не е случај тука зошто детето сака да се дружи, а нема можност (а можи да прерасни во ова ако продолжи да биди одбивано).
    Но сепак, на помала возраст (претшколска па се до 9г), децата внимаваат на своите постапки и на постапките на пријателите и зависно од тоа реагираат позитивно или негативно зошто сеуште се слаби егоисти и мислат дека нивните чувства се најбитни. Иако мали децата знат да искористат ситуација, а на пријателството гледаат посесивно.
    Дали оди во игротека/градинка/училиште? Ова е битен фактор за социјализација. Некогаш не му трга на дете лесно ако оди на училиште, колку и училиштето да е институација за дружење на мало дете, основите се земаат во градинка. Исто така не дозволувај твојот страв поради твоето искуство да влијае на него туку охрабрувај го да се обиди да се дружи пак, да се смее и кажувај му дека децата најмногу вреднуваат убави смешки и взаемно помагање.

    Сепак ова земи го како информација од втора рака зошто јас немам искуство со деца туку ова ти е чиста теорија, ама и за да биди теорија треба да има нешто зад тоа, не?
    Се надевам дека ќе се среди и не го тргај детето кога некој нема да го дружи туку мотивирај го да продолжи да си игра, да се шегува и слично.

    :hug:
     
    На Црвче му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    769
    Да ја осети детето еднаш љубовта во домот, таа ќе му даде сила за многу работи.
    Ексик нека е пажња од лицемерни роднини.
    Сиромашни и богати, тоа не е нешто постојано, никогаш не се знае.
     
    На ЈеленаЏиш, YoungandBeautiful, friendy и 11 други им се допаѓа ова.
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.393
    Пол:
    Женски
    @westt зошто така си го тргнала детето, нема да го тргаш, ќе отидеш и ќе им кажеш и на другите дечиња да си играат со твоето. Ако го тргнеш само му потврдуваш дека не е пожелно, друг пат ќе отидеш и ќе им кажеш и на другите деца да го дружат, барем 5 минути, да не се осети непожелно. И мене ми се има случено да неможе да се вклопи син ми во друштвото, најчесто ако се многу поголеми децата, ама нема откажување, убаво им објаснувам дека он е малечок, да го дружат малку па ќе си одиме, и сакале децата или не мора да не истрпат малку :)
     
    На eloves, blackwave, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  11. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    Лелее кога одеше внук ми вградинка , на сликите од градинка гледав внук ми е настрна од сите деца , душата ме заболе и отидов да им одржам лекција на воспитувачките , тие се должни да ги воспитуваат децата и да ги здружат , па кога ке дојдеше внук ми иждрапан на лице од некој си некое невоспитано дете срцето ме здоболе ....
    Едноставно еве и внук ми не може да се вклопи со деца негови врсници , туку само со возрасни , со неговите брачеди кои се поголеми одлично функционира ...
    Можеби треба да потпораснат за да знаат како да се здружат со други деца , еве незнам ...
     
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    3.990
    Пол:
    Женски
    Мајка, се си земаме страшно трагично, една солзчка од дете боли многу ... не знам колку години има твоето детенце ама основно е малку ти себе си да си го подигнеш моралот, не е срамота да немаш срамота е да не работиш и крадеш и мораш детето да си го учиш да се брани. Децата знаат и да кажат работи што не се задна мисла, на син ми му викаше другарчето, каде е татко ти ? Ова се случува, син ми имаше 3 год., другарчето 4, и мојот одговара па, на небото ама јас си имам дедо, вујче сите други се тука. Доаѓа еден ден дедо му од работа и она пак му вика, се симна татко ти од небото, еве го иде. Не е лесно ова да го слушаш ама барем знае да одговори. и он и' вика, не тој ми е дедо, не татко. Една година поминува др. другарче кога му се запнало немаш татко крај,а неговите се разведени и мојот се снашол пак, и тоа до некои 8 или 9 год. континуирано имаше нешто плус критики како мајка му многу оди на работа,а тој мора сам домашните да ги пишува сам и останува сам дома и што се немаше тој перод, пуста завдливост. Мораш на детето самодоверба да му влееш и да го воспиташ човек да стане, колку има толку пак може да ги надмине другите и ти ќе можеш се што му треба да му овозможиш, не мора да се не знам какви луксузи ама тоа што му треба да го има и да вложуваш во него и во себе во образование и да ги баталиш тие комплекси што си си ги набила, децата и така и вака не сакаат да делат играчки некогаш.
     
    На WarriorAngel, theowndemon, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.732
    Допаѓања:
    253.730
    Пол:
    Женски
    @westt тебе те паметам од два поста кои ми паднаа во очи.Еден кога бараше хуманитарна помош за син ти притоа барајки скроз нова гардероба .Кога веќе бараш помош немаш мислам мн избор да бираш.Бараше и помош за погреб на тетка ли што ли беше.Од тука и впечатокот за тебе дека преку леб бараш погача.Сметам дека секој кој има за моб со нет или компјутер со нет би требало и за детенцето основни финансии да има.Ти си таа која умислува дека детето не е прифатено исклучително поради слабите финансии .Од каде другите деца знаат дали твоето има или нема?

    Друг пост по кој те паметам е кога велеше дека во бракот ти фалат мувањата,бившите дечковци,некој си Ангел итн.Самата горе се нарече озборувачка си била.Запрашај се тогаш зошто другите мајки те одбегнуваат тебе и детето ;)
    Самиот кривец си ти и твоето ниско размислување

    Извини што спомнав стари постови но се ми се поврзува тоа со твојата личност и карактер
     
    На MacenceEna, Miss.Sweet, andromedae и 29 други им се допаѓа ова.
  14. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.800
    Мене ми падна во очи последната реченица во врска со дадена облека. Јас и моите први братучеди, ама баш сите сме носеле "дадена" облека. Децата растат многу брзо, па добар дел од облеката останува нова, еве има многу мајки на форумот кои можат да го потврдат тоа.
    Разликата меѓу нас е 1 - 2 години, па таа облека ниту и е пројдена модата, ниту е уништена.
    Имам братучедка која со задоволство ја носи мојата облека. Реално гледано, оние алишта што сум ги носела на училиште никогаш не биле "износени" па да ми е непријатно да и ги дадам, а нејзе да и е непријатно да ги облече. Машките на пример, во тинејџерски години растат во висина и повеќе од 10 сантими. Зошто братучед ми да не земе јакна од брат ми, кога истата е носена само една сезона?

    @joy1 потполно се согласувам со тебе за интернетот. Прво, да купиш мобилен од кој ќе користиш интернет ти требаат барем 100 евра, а за лап топ 200. Месечна претплата за интернет мислам дека е барем 10 евра. А тоа не се малку пари.
     
    На theowndemon, mami blue, Sanjichka007 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    14.572
    Пол:
    Женски
    И јас пораснав во алишта од моите братучетки,и никој баш никој не ме избегнувал поради тоа.И не сме биле сиромашни за да немат моите да ми купат,но алиштата ми ги даваа си ги носев убави,здрави,не мора секогаш во најново да се облакаме.Ти тоа во глава си го имаш ставено,не размислувај така.Се согласувам со феминките погоре.И сега син ми носи алишта од деца на моите братучеди,сите с еубави ги бива за по дома по надвор,имам купено за новки да му облакам кога излегуваме,па никој ништо до сега не ми рекол или избегнувал.На оваа тема можам да пишувам со страни,но неможам сега.....Човекот не се гледа по облеката туку по душата!!!!!
     
    На marijaleon, eloves, IronLady и 5 други им се допаѓа ова.
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    3.466
    @westt А зошто ти не се здружиш со некоја мајка? Кога ти ќе почнеш да се дружиш со неа автоматски и децата ќе се здружат. На пр. мене со мојата најверна другарка ме запозна дедо ми, кога бев 4год. , затоа што неговиот другар имал внука на моја возраст. Мислам дека проблемот е кај тебе. Твоето дете учи од твоето однесување. Кога тоа неможе да си најде другарче најди му ти.
     
    Последна измена: 11 мај 2016
    На marijaleon, TrinityNeo, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    15.744
    Пол:
    Женски
    Не е до детето колку што е до тебе.
    Децата знаат да се ѓубренца и недружељубиви, ама приказнава ти е некако еднострана.
    И јас да те знам дека си ваква ко што се опишуваш, би те избегнувала, а со самото тоа и моето дете, чисто пошто би пратело пример од мене.

    Прочитав во друга тема дека детето ти е околу 2 и пол годинки, па може е и до годините. Тоа уште е премало за да знае било што околу социјализација, додека поголемкиве од 6-7 што ги спомнуваш, веќе знаат како-така да комуницираат и да си играат во група, за разлика од помало дете кај кое вниманието е претежно кратко и кон себе, а концептот на играње е уште само расфрлање играчки, што веројатно ги иритира поголемкиве, па го игнорираат. А, и логично е да се плашат дека ќе ги скрши играчките. Не дека сака намерно, туку ете, премало е за да знае како треба. Ништо страшно, ќе помине.
    И многу лошо е тоа „не можам да му овозможам другарчиња“... тоа самото ќе си најде другарчиња. Најлошо нешто е мама да ти наметнува другарчиња. Утре и девојки ли ќе му бркаш? Доволно е што го пушташ во група, тоа самото ќе си најде истомисленици кога ќе потпорасне, вака нема на која основа, освен за моментална занимација, ко што спомнаа погоре.
    Прво на твојата параноја, комплекси (не го сфаќај ова навредливо, сите ги имаме) и карактер поработи и не му ги наметнувај на малото.
    Пардон, али премногу рурален менталитет се наѕира овде. Проблемот потекнува од (твоја) психолошка база, другите може, ама и не мора да се баш ко што опишуваш.
     
    На SV1911, Offspring, papillonP и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    92.261
    Мислам дека не постои мајка која некогаш не помислила како на нејзиното дете не му се посветува доволно внимание од воспитувачки, роднини, други деца. И најчесто е параноја, или преголеми очекувања да другите секогаш го анимираат вашето дете, или да се потрудат тоа да се истакне или вклопи. Плус лични фрустрации низ кои гледате и ги пренесувате на децата. Знаат мали деца дали вие имате пари или не, дали облеката е стара или нова, па затоа го избегнуваат, како да не. Деца како деца, си имаат свои критеруми, и ако гледаш дека вистина почесто е на страна, потруди се да му подигнеш самодоверба, почесто носи го да се дружи со деца, веројатно тоа не знае како.
    Возрасните се друга приказна. Судат (најчесто) за децата врз основа на родителите, посебно во мали места каде секој со секого се познава. Фер или не, тоа е.
    Погрижи се за себе првенствено, да биде и за доброто на твоето дете.
     
    На MacenceEna, ЈеленаЏиш, evangelina.ina и 12 други им се допаѓа ова.
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.600
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека по малку претеруваш ама ако си таква како што се претставуваш на форумот (да, мислам на тоj дел "Ете јас таква сум дрдорка , сезнајка , оговарачка ама тоа сум ЈАС") искрено и јас не би сакала да бидам во друштво со таква жена. Сум приметила дека многу пати кога едно семејство е скарано со друго или не комуницираат (без разлика одкоја причина) и децата се одбегнуваат меѓу себе или го сметаат тоа другарче за "забрането".

    Не е тука проблемот во облеката или парите, туку во начинот на размислување. Верувам дека голем дел од нас носеле дадена облека, од братучедки, постари браќа и сестри, роднини итн па еве не сите прави и здрави. Не знам од каде некој од страна би знаел дали мене блузата ми е нова од бутик купена или ми ја подарил некој. Особено ако се работи за помали деца кои брзо растат па многу работи остануваат нови или па скоро неупотребени. Во моја близина има многу мајки со мали деца кои си ги подаруваат работите и не гледам тука ништо лошо, напротив.

    Друга една работа, ако постарите деца не сакале да го дружат син ти тука нема ништо за замерување. Тие се деца, не мислат ништо лошо, напротив во тие години сите сме биле такви. Ти како мајка си требала да го фатиш за раче и однесеш кај нив, фино да ги замолиш дечињата да го дружат и него, не верувам дека би те одбиле. Сите како мали сме биле такви, па дури и јас ама кога ќе дојдеше некоја мајка заедно со детето и ќе речеше "ајде и тој да си игра малку со вас", тука немаше бегање од тоа.
    Ако ти си била одбегнувана како дете, повеќе од јасно ми е дека имаш страв исто така да не биде и со твојот син, го знам тоа чуство многу добро.
    Не сакам да звучам грубо, ниту пак дека солам памет на постари жени ама ти и твојот сопруг како негови родители треба од дома да му посветувате доволно внимание, да си играте со него, да бидете блиски за детето да знае колку вреди и дека не е само, така полесно утре ќе се вклопува во нови средини и ќе се здружува со други деца. Сигурно имаш малку слободно време иснеси го во парк каде што има други дечиња, таму исто така ќе има прилика да се дружи.
     
    На evangelina.ina, Winter Lady, rose60 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    11.906
    Пол:
    Женски
    Она со носената облека мислам дека е комплекс на поголемите деца а не на помалите.
    Доколку не го дружат детето не мислам дека е затоа што панталоните не му се од Зара или маичката од Теранова, туку од пазар или „дадена“.
    Знам по себе, јас и брат ми немавме многу роднини на наша возраст за да носиме „дадени“ работи, ама затоа баба ми беше DIY Queen :D па секогаш ни шиеше секаква облека. Ама никогаш не паметам некое дете да ме прашало за облеката, поготово на толку мала возраст. Никој не приметувал зошто некое фустанче кое сум го носела 3 недели магично се претворило во панталони, па да не ме дружат бидејќи баба ми ми ги сошила. :D
    Ниту пак јас сум приметувала другарчињата дали носат нова или носена облека, дали е по мода или не.
    Тинејџерите веќе се сурови за такви работи.

    А од друга страна ако има голема разлика меѓу годините на децата, нормално е да не го дружат. меѓу 3 и 7-8 години има доста разлика.
    Пробај да во клопиш со деца на иста возраст или запиши го во градинка. :)
    Таму сигурно ќе си најде другарчиња.
     
    На Doozy, BoneMachine, kim.k и 4 други им се допаѓа ова.