Моето дете го избегнуваат

Дискусија во 'Дете' започната од westt, 10 мај 2016.

  1. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    Службите проценија дека детето е умно и да си оди на настава. Тие дозволија мајката со месеци да седи на час и да го претепува,нашите да гледаат.Учителката на нас ни се јавуваше да им кажеме на нашите деца кога мајката го тепа да не се вртат и да не гледаат.Детето нон стоп бега од училиште учителката праќа други ученици да го бркаат по улица и да го вратат,нив ако ги згази кола ќе каже не е точно. Секој ден вика друга учителка да ги кара децата,исто и ние да сме звонеле на час да ни слушнале глас да се смиреле.
     
  2. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    Дете што уште нема 7 год.второ се сега.
     
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.257
    Допаѓања:
    21.236
    Пол:
    Машки
    Како ги тепа наставничката и мајката?
     
    На TheSecret и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    Ги удира со боксови,им ја фрла храната на децата,им плука во книгите,на девојче и истражат коса,на друго бокс во лице,на трето џемпер сече. Моето јаде најмногу ќотек зошто не давам да му враќа и да се тепаат. Вели не му зборувам не се дружам и за тоа ме тепа.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.257
    Допаѓања:
    21.236
    Пол:
    Машки
    Леле господе шо нема... психолог нешто директор да се заангажира?
     
    На Mumoftwo30, Feminka22 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
     
  7. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    Па еве година дена бетер е.Тие процениле дека е умно и кога влегувале на час тој бил мирен.
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Жено, читам од 5 септември што си пишувала, дојдов на крајот и сеуште истиот муабет.

    Како си можела да дозволиш детето во ВТОРО одделение да ти дојде модро тепано дома, а да не пријавиш во полиција и секаде каде што е можно!!

    Како дозволи детето да го бутнат од ѕид, да добие потрес на мозок а ти мирно да поминеш низ тоа.
    Со која сила го пречекуваш детето секој ден расплакано и тепано!!!

    Доколку се ова е вистина, ти си за осуда.
    Извини, ама мајчината љубов не може да помине вака ладнокрвно преку болката на своето дете.
    Не знам кое одделение е детето, но поминале минимум две години. Наместо да пријавуваш и собираш медицински докази за да и покажеш на државава како се бори мајка за своето дете, ти пишуваш по форуми.

    Мрдни го газот, стани, реагирај, бори се, не се лигави на форум.
    Тука си анонимна, но во вистинскиот живот треба да бидеш личност на која ќе се потпре твоето дете.

    Тоа дете трпело тортура и си мисли дека така треба (навикнато е и смета дека е тоа нормално, има стручни називи за состојбата). Мисли дека така треба, бидејќи неговите мама и тато се неспособни да му помогнат.

    И престани да пишуваш на форум и фб за твоите проблеми.
    Почни да ги решаваш, доколку сеуште не е доцна!!!
     
    Последна измена: 24 септември 2024
    На Gosh, strelec231992, Golden и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Mimtod

    Mimtod Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2023
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Pisav pogore decata od klasot edno zboruvaat pred nas drugo pred klasnata . Eve gi denes rodenden ima edno od drugarcinjata moeto ne e pokaneto
    Sleden rodenden e nasiot.. mozam da se stavam na mesto na deteto kako mu e
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.048
    Допаѓања:
    6.463
    Пол:
    Женски
    Жити се ова реално е или некој филм? И добро сите родители молчат? Како издржувате? Ма има цела држава да ја зберам, сите медиуми ќе расправат за ова. Ова не е нормално и размислувате ли какви трауми ќе имат децата понатаму? Остај учењето, тоа е најмал проблем сега. Јас да сум родител би се договорила со сите мајки да не праќаме деца на училиште додека не се тргне ова дете од класот. Па нека дојдат службите дома да ме прашат зошто. Што преземате вие? Со каква совест пушташ дете во школо мислејќи се што ќе му направи денес? Мајка си, мораш да преземеш нешто повеќе кога гледаш се ова до сега нема резултат. Пријави секаде, викни медиуми, штрајкувајте. Не може ова вака, цели разуми на 20тина деца ќе се испореметат од само едно дете што веќе дома го изреметиле
     
    На Gosh, Lisandra, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Ало Марс, тука земја, јави се!!!

    Во која димензија се случува ова. Сигурно е паралелен универзум.
    Дете да тепа мајка и учителка. Добро бе, кои глупачи треба да се двете. Па уште и просветен работник да рече кога мајка му ќе го ТЕПА детето, тие да се свртат да не гледаат.
    Колку ненормална работа, се чудам дали е вистина.
    Ова не е за совет ниту за коментар.
    И мајките на децата и учителката и мајката што седи на час и си тепа дете, сите во затвор на освестување. И мајките, да, тие се соучесници. Кога седиш, трпиш, молчиш, криеш кривично дело(насилство врз дете), не пријавуваш, не си ништо подобар од монструмот. Луѓе, кренете ги својот глас.
    Не е важна партија ниту националност, важно е децата да имаат здраво и продуктивно детство.
     
    На Gosh, Mumoftwo30, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.294
    Допаѓања:
    107.722
    Пол:
    Женски
    Дозволуваш и ти 2 години ова да се дешава... Па го вадам од тоа школо и толку. Добро зошто не пријавувате во МОН, во Меѓаши, секаде ќе пријавам бре, полиција ќе однесам во школо ако треба. Од што се плашите?

    Еве и ние имаме ситуација моментално, девојче ги малтретира син ми и уште двајца другари, само што дознавме се ангажиравме одма сите да се среди и еве ситуацијата има разрешница. Абре одма се јавувам на наставничка, директорка, општина, мон, меѓаши, каде год да треба.

    Ти го прочитав и постот на ФБ, додека не си ги земеш работите во свои раце и се претставуваш во туѓо име и се плашиш за своето дете, нема да се реши ништо. Застани храбро за да му дадеш на твоето дете пример како треба, не да биде храбар и да тепа, да биде храбар и да се одбрани. На нас е да им дадеме пример на нашите деца, не да се криеме под превез и да им викаме на децата и они да се кријат пред проблемите. Не ти е наставничката проблем, децата се, ако треба ќе одам и ќе шпиунирам, ако работам ќе земам денови од одмор, ќе ги посматрам, се ќе направам за дете. Мора да си похрабра.
     
    На JoyJoy, Mumoftwo30, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.527
    Допаѓања:
    12.745
    Пол:
    Женски
    Нормално дека еден мрсул од 7 години ќе тепа и наставници и родители кога некадарни и неспособни ги вработуваат.

    Недозволиво е возрасен човек, наставник, да си дозволи да бара деца да го бранат од друго дете пошто е насилно и да крева раце од случајот наместо да бара решение.
    Проблемот не лежи само во детево, туку во надлежните од школото што не знаат како да постапуваат со вакви деца.

    Освен твоето дете да го префрлиш во друго школо или да се заканиш дека ќе викнеш служби, друго нема.
     
    На anata и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    4.104
    Пол:
    Женски
    Само да ви кажам- како што мајки на галени деца можат да пикираат дете, значи мајки зборувам друг никој не може. Сета таа агресија на дете врз дете иде од дома. Ако фатам да ви пишам што се дешава во одделението на ќерка ми од лани крајот и цело лето иако на распуст беа вие за глава ќе се фатите.
    Пошто сум инволвирана дека сум претставник во совет на родители и подетално ги знам работите и знам дека учителката е највеќе крива кај нас ќе не има по весници. Малку држиме некои средно ниво на култура помеѓу 7 мајки од една страна секако децата на училиште го прават тоа што овие дома квачки го шлапаат пред нив, и 12 мајки вразумени на другата страна. Се пикира дете до степен да бараат да се избрка тоа е лудо просто не можам јас сама да си поверувам дека се случува тоа.
    Тешко мн кога си пикиран и е избегнуваат.
    Ама кај и да е ќе не им по весници мислам оти јас колку ќутам толку и не ќутам. Многу ми е краток фитиљот ко се работи за дете, нема врска чиво е. Неправда ко му се прави.
     
    Последна измена: 24 септември 2024
    На Gosh и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  15. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.048
    Допаѓања:
    6.463
    Пол:
    Женски
    Мајки дај да преземеме нешто за случајот на членката. Не знам да објави јавно таа да постираме сите, да се пријави во медиуми ете кој има познат во медиуми да се распраша како оди ова. Случајот ептен лично ме погоди не знам не ми е реално ова да се дешава. Пишувам приватно со членката и само што ми напиша дека кога ова го удрил син и учителката му рекла дека треба повеќе пати да го удри за да го боли, од еднаш не болело. Леле некоја вака на син ми да рече убиец ќе станам. Не знам еве мајката не е храбра може доволно, може треба некој да ја упати. Јас не живеам во Мк немам ни врски ни контакти ама ако некој има ве молам споделете. Ова не смее да се случува!
     
  16. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.263
    Пол:
    Женски
    Нез, некако не ми е верно..
     
    На Gosh, eliesaab, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.048
    Допаѓања:
    6.463
    Пол:
    Женски
    Се молам да не е точно. Се молам!
    Ако ова се е вистина нека излезе членката јавно. Барем тука нека напише име и презиме на учителката мајката и детето. И школото да го каже. Не знам зошто се крие, може е исплашена еве не знам
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    8.460
    Пол:
    Женски
    Немам ништо објавено на фб,ниту се плашам од никого. Видов тука ако е истиот муабет некој го сподели. Нашето е многу по комплицирано и сплеткано од тоа што малку видов. Секаде реагирав и никој не презема ништо. Значи цел град знае,двајца директори и секој си збора против друг. Затоа вчера ве прашав каде следно да пријавам зошто досега само се шетам од врата на врата. Две деца се братучеди со тепачот,родителите си ќутат,две се ромчиња кои го претепуваат,остануваат уште две и моето кои се тепани.Додека јас се расправам тие се смејат,учителката само не е точно тоа па тоа.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.294
    Допаѓања:
    107.722
    Пол:
    Женски
    Не знам за која мајка пишуваш, Манако или другата, на другата јас и напишав повеќе пати како да постапи, не сака изгледа.
    На другата мајка и пишував, не на тебе, нејзиниот случај го препознав на ФБ.
     
    На LiquidLuna и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    4.104
    Пол:
    Женски
    Индиректно го прават тоа преку децата. Имаме во моментот во класот ситуација со ново дете кое се убедени дека детево има психички проблем , може и да има не знам , и нон стоп тие па тие мајки сакаат да го тргнат од класот. Тоа секако е од учителката пошто она ќути ко мумија ко зборуваат. Значи за детево другиве деца кажуваат дека освен што на час му треба нешто за да чучка, да чепка, да шкртка в тетратка и сл друго нема. Мирен, не се закача, не се тепа, учи многу итн. Ама ете они сметаат со нивни зборови дека не е нормален. Татково секој ден е таму. Средина не се наоѓа.Вели дека му прави стрес ако премсти пак. тешко прифаќал нова средина пошто се преселни тука скоро затоа е во ново училиште.
    Нивниве деца спрема него одвратно се однесуваат и ко јас лично им го кажувам тоа не се криви нивните тоа е криво оти било со дијагноза. А не е. Може има страв некој што така прави, ама не е со дијагноза ко што тврдат они.
    И така, мислам голема ќе биде до крајот ама тоа е.
     
    На Gosh, JoyJoy, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.