Дете што има проблем со насилно однесување има мајка која што го претепува. Вау, колку зачудувачки. Иначе тие наставнички директори и сите таму се за најголема осуда што дозволуваат нешто такво да поминува пред нивни очи и да остават и детето што тепа и другите деца да се жртви. Зошто не го објавите случајов во медиуми?
Куку… ЦСР и МВР да се јават на главна каса. Едно е шамар да сфати кој е кој, друго е да го тепа тепа и тоа пред цел клас
Боже аман. Детето ради шамарења е со тоа понашање. Некој треба да земе да ги шамара родителите. Детето е очигледно жртва на тие родители, оти тоа дете не знае за подобро. Ама да, апсолутно ниедно друго не смее да пати и мора да се преземе се што се може.
Ја викаат мајката да седи со него на час за да го тепа бидејќи прави проблеми, ама арно си е детето, нека си седи во класот, го виделе дека си е мирен. Како може во училиштето и двете работи да ги викаат? Ако е мирен што ќе му ја мајка му на час, ако не е мирен зошто нема потреба да се преземе нешто?
Gore ja sfativ Deka ja vikale majkata poso deteto gi tepalo profesorkata i drugite deca, i zatoa ja viknale majka mu. Pa i nejze ja tepal. Pa posle ispadna ona go tepala. Koa ke se naucat da raskazuvaat ko so treba ne ko so osnovno mozhe i ke sfatime kao so treba.
Психолог, педагог нема во училиштето, место на час да поминува таму време додека не се среди детето, зошто од дома не го носат на психолог и затоа што родителот го тепа и тоа затоа мава по сите, проблемот не е детето него родителите...
Очигледно учителката нема никаков авторитет да кажи шо обично се случува, снимајте го на час, влези си и ти на час да пратиш шо се работата, како шо има право и тој родител, влези слободно никој не може да те избрка затоа што сепак и твоето дете е тепано, пак имаш право да го браниш, и снимај кога има некој инцидент за да го прикажеш како доказ на службите.
Многу нелогичности случаиве имаат, и двата. Најбитно од се беше што љубопитните копале низ профилите на членките. Овде никаде не глеам јас соодветно преземање на одговорност, ниту од родителите, ниту од училиштето и службите. Тешко на децата, само тоа ќе кажам.
Фино си кажа девојчето. Сите други сфативме. Нема ниеден психолог да му помогне на тоа дете, кога дома се враќа во ненормална средина. Родителите му се за на психијатар. Огромна штета по сите е што системот ни е тотално дисфункционален. Ниту може да го одземе тоа дете од таквите родители и да го смести каде што ќе биде почитувано како човечко битие за да може успешно да се реинтегрира, ниту може да ги заштити неговите жртви. Манако, ако е се партиски и се поврзани како црева, работата ти е тенка. Размисли дали вреди да ти остане детето во тој клас и кај таа учителка. Секогаш сум да се бориш до крај, ама некогаш предвреме го знаеме исходот. Можеби најбезболно во ситуацијава е ново школо кога веќе клас не ти дозволуваат да смениш.
Мнмн работи потекнуваат од семејството Баш пишав у темата за браќата Менендез, и оној Џефри Дамер исто. Дома кој од кој пооткачен, се караат, се дрогираат, се шибаат на апчиња. И после децата го зимаат данокот, а каматата ја плаќа скроз недужен.
И за двата случаи треба да се контактираат повеќе медиуми. Ќешки еден ќе се заинтересира и ќе се накани да објави. За насилство не треба да се молчи.
Јас за овие две работи се изнасмеав! Знам дека имате мака ама прснав од смеа. Не треба на Форум да прашуваш што да се прави, се собираат потписи од родителите, се свикува наставнички совет и се изложува проблемот, со добиениот записник вие одите во МОН и си го пријавувате училиштето за непостапување по случај. Не може наставничката, директорот или службите за правилен психички развој на децата кои се вработени во училиштето да ти речат, почекај и ќе се смири само од себе. Да си се организирате вие родителите во врска со случајов. Ама дека ова во две бои е смешно - ПРЕСМЕШНО МИ Е!
Јас искрено почнувам да мислам дека ти на форумов гледаш само како на издувен вентил. При толку совети и насоки каде да се обратиш, ти седиш и се објаснуваш на форум додека детето ти трпи насилство. Проблемот ви датира одамна и е прекомплексен, детето ти е истрауматизирано, измалтретирано, дома си доаѓа тепано, модро па уште и со потрес на мозок (што мислам дека од ова даље нема) и ти само прераскажуваш на форумов. Нема што да се објаснуваш со деца, таа прича ти е завршена. Разговараш со надлежните од школото и кога гледаш дека нема ефект, одиш повисоко. Ете те насочија, МОН, Меѓаши, па и рашири го случајов по медиумите. Па уште кога добило детето потрес си требала полиција да викнеш, пошто ниту еден наставник не ги контролирал. Верувам дека ќе добиеш поддршка особено ако случајов допре до јавноста. Мора да делуваш и да го заштитиш, вака ако само се објаснуваш по форуми и родителски па и со децата, само ќе тапкаш во место.
Рекоа мирен откако се побунивме да не доаѓа мајката на час. Кога учителката рече таа ќе си го смири,а тоа продолжи исто. Тогаш пак пријавивме и не известија џабе се жали учителката кога тие влегувале на час тој бил мирен. Најголемиот проблем е со неа,со едни вака со други така и општо хаос.
Ете тоа.Родителите комуницираат само кога треба да се собираат пари за подарок за учителката. Јас кога зборам на родителско и уште една мајка другите се смејат,зошто на секое таа си вика не е точно.После секое родителско таа не разговара,ниту добар ден на улица.Со кого да се договориш и да собираш потписи. Педагогот што и да кажеш те прекинува со момент и таа си збори неповрзано. Кога пишав вчера убаво прашав каде следно да пријавам,да си биде по закон се, онака барем јас незнам по колку пати и саати имам зборано се е џабе. Вчера на совет кажувам пред командирот а тој прв братучед на таткото на детето,а не е тоа наша должност. Во секоја училница тишина,тука живеам од двор се гледам и слушам сите деца мирни кај нас сите трчаат со се учителка едно влези,друго излези баш за смеење.
Тоа го зборам цела година,психологот тоа ми вика а не може каде ќе го преместиш. Пред сите и свикав,јас нема да го праќам на училиште ти ќе го преместиш. Ќе останат 7 деца од кои 2 не се редовни. Стопати на сите отворено им реков не знаете и не се замарате да го решите проблемот со детето и сега нашите немирни. Тоа со милостив глас велело сите ме мачат.На секој состанок се зборува за нашите,да не мора да се превземе ништо. Колку пати им реков ако моето е немирно слободно отпишете,а не не сите се немирни и машки и женски.Кога ги прашувам како може моето да оди на концерти играорна,музичко,од 4 годишна возраст со тие наставници а јас да уживам и чекам видеа и слики и награди тогаш само ќе речат деца така е. Можам да го пуштам со нив 300км и сум сигурна,со учителката не. И кога син ми прашува дали ќе одат на екскурзија одма викам Бог да чува,пред да тргнете ќе ве изгуби.
Во полиција за вознемирување, медиуми, невладини, нека ја тресат по портали мајката со моливчето, нека плати слободно судска такса сто пати поголема од вредноста на моливот и нека ја казнат за злоупотреба на правата и нека ја валкаат по портали и таа нека си го носи детето во друго школо.