Моето дете го избегнуваат

Дискусија во 'Дете' започната од westt, 10 мај 2016.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Тостови и слична џанк фуд јас не јадам. Само природно и во порцелански прибор.
     
    На Sanjichka007, galapce и Ordinary им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Уште една -checked. Во план ми е сите до една да ве разочарам, досега добро ми оди.
     
    На SV1911, Doozy, Waka-waka и 5 други им се допаѓа ова.
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Росе како совесна мајка ич не убав пример не даваш на детето. Како прво нормално е постарите деца да те игнорираат, тоа треба да се научи:D А одмаздувањето на друго детенце и бламирање јавно пред другите другарчиња ич не е убав пример за ќерка ти.
     
    На Doozy, Waka-waka, eloves и 9 други им се допаѓа ова.
  4. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Зошто неубав пример ? Да гледам како некоjа разгалена jа турка и тоа отспротива живее неjзиниот родител никогаш не сум слушнала да jа поучи со убаво , и не ме интересира за вашата мисла ама баш ич , кога некоjа и после неколку пати ке и кажите дека тие се другарчина мора да играат заедно и покраj се таа ке биди глува и вие ке останите такви и ке гледате и си чутите, да и jас си викав дека ке сте, и што сега тема ли станав слободно до зори пишуваjте си дали сум дете или ваква онаква ,тоа си е мое како jас ке си одбранам своето дете од разгалени ,а секако нема да биди на начин како оваа погоре да го грабнам детето и да ме нема, мало морген.
     
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Искрено не ми се објаснува, се однесуваш ко тебе другарчињата да не те играат и водиш хајка против Теодора.:D

    Друго е да го потикнуваш детето да се дружи, а сосем друго е да им се мешаш у детските игри, така може и да има контра ефект.

    Трето е што бар ја сметам дека децата не треба да ги учиме да се одмазуваат и да враќаат мило за драго бар не во тие невини години,и мама секаде нема да може да ги натера децата го сакаат детето, ама ти си знаеш, најарно земи и ја топката на Теодора.:rofl:
     
    На SV1911, Doozy, Waka-waka и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Аман жено, доста е, разбравме сите. Ајде сега разлас, сите на спиење.
     
    На ♡BuBaLe♡ и galapce им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.890
    Пол:
    Женски
    Дете од 3 години и дете од 10 години имаат различен концепт за пријателство.
    Детето од 3 години на пријателот гледа како на привремен соиграч, а детето од 10 години сака да гради поинтимни врски, во смисла со некој да можи да разговара и да споделува тајни, а не само да игра.
     
    На SV1911, Doozy, MiloMalo и 11 други им се допаѓа ова.
  8. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Знаеш гаjле ми е за твоjата мисла мислиш се замарсм што ке кажи некоjа брижитка,мими или некоjа стоjна?
    Се закачивте за мене како пиjавици.

    Абе воопшто не ми е гаjле за форумскиве членови и за пишаново спрема мене во темава ,абе мува не ме лази , дали сум била дете или нез што ама воопшто не ми егаjле.

    Затоа мили жени,кога ке ви ги одбегнуваат туркаат , и после кажано пак абер немаат ви ги туркаат дечината, абе за нив ке се замарате ? оставете ги сами нека се снаjдат , нека го тепаат клоцаат туркат вие седете и уживаjте , е*ате маjките, знаете овде да пишувате ,ама да ви удри и турни некоj дете никоja не останува рамнодушна колку сакате праjте се нешто што не сте .
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.586
    Допаѓања:
    140.190
    Kолку злобно :(

    Можам да замислам колку боли никој да не ти го сака детето, а и повторно да го преживувш тоа. Добри совети доби. Можеби треба и да ја здружуваш со едно па со друго детенце, не со група наеднаш, ке ја осетат блиска, па кога ке бидат група нема да ја игнорираат.
     
    На buba4e89, ♡BuBaLe♡, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Што и да правите немојте да се карате со родителите на другото дете, пошто деца ко деца, утре пак ќе си играат заедно, а вие што сте направиле? За деца никогаш не се расправа, пошто деца малку можат да држат лутина и после ко ништо да не било ќе си играат заедно, само вие што ќе се изглупирате.
    После можат дури и најдобри другари децата да станат, а вие раскарани заради нив...која глупост...
     
    На Мрчатор, glosipgirl, YoungandBeautiful и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Често сме биле во друштво мајки со мали деца, и една најмалку опсесивна мора да има. Лесно ќе ја препознаеш, додека сите опуштено си муабетат и повремено погледнуваат кон децата и реагираат само ако има некој проблем, таа очите петобанки и се, вперени во своето дете, и на секоја минута туку извикува -Остај сега ти играчката него му е редот да си игра, ти седи тука тој таму и да не се закачате, зошто му го зема од раце таа негова беше, немој таму, немој тоа, го турна, го видов како го поттурна, лошко, сега јас тебе ќе ти кажам, аааа....|(:D И на крај ќе не погледне остро сите како ние немајки сме, не ни е гајле за децата...и како да и докажеш?
     
    На baby-star, SV1911, Doozy и 18 други им се допаѓа ова.
  12. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Aj da si igraat so moeto i toa e 3:D
     
    На ♡BuBaLe♡ и rose60 им се допаѓа ова.
  13. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Dogovoreno :D
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Јас пак паметам случаи со силувања и тоа два. Едниот мислам со кумот беше.
    Не сакам да изигрувам детектив, ама некако и мене ми е чуден карактеров.
     
    На anakonda88 и joy1 им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    Нема ќерка Вест ???
    Син има ??:?::?:
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    И моето потешко се здружува со други деца и јас мислев дека ја избегнуваат другите деца арно ама учителката ми кажа дека таа несака многу да се лепи за другите, сака повеќе сама да си игра а другите стално ја викаат. Таква си ем секој си има свој карактер. и друго се согласувам со коментарите дека треба да му помогнеш да си најде другарчиња бидејќи децата обожаваат кога воздрасните им обрнуваат внимание. Отиди и ти со него прашај ги што си играат и кога ќе ти се залепат сите тогаш ќе го побутнеш твоето. АМА тоа можеш со деца од негова воздраст инаку потешко ќе му биде.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Јас пак не ја осудувам @rose60 толку многу, затоа што разбирам од кои причини направила така. Сака да му покаже на сопственото дете дека стои зад него и го штити. Така нејзиното дете ќе има и поголема самодоверба, која подоцна ќе ја развива. Еднаш читав на еден српски форум, една жена се жали како детето и било одлично во училиште меѓу најдобрите, но во одделението почнале да го малтретираат врсници и никој ништо во врска со тоа не превземал. Детево почнало и да попушта во училиште. Она се чуди што да прави... Како бе се чуди? Јас да сум ќе им отидам на тоа мрсулковците што ми го малтретираат детето, ќе им спискам два пати ако веќе нивните родители не си ги воспитале па се окомиле на моето дете, ако треба и ќе им се заканам. Зошто пак моето дете да се плаши да иде во училиште, да попушти во учењето поради два мрсулковци невоспитани? Кога моето дете ќе знае ека јас стојам позади него, нема лесно да се повлекува и понатаму во животот.
    А Девојката што бара совет, незнам, да се гордееш со тоа што си дрдорка сезнајка и оговарачка па уште и да несакаш да се промениш, потоа се чудиш зошто луѓето те избегаваат. Да не се разбереме погрешно, сите ние оговараме, зошто жени, ама не се оговара пред секого и сешто. Затоа луѓето те одбегаваат.
     
    На cresa-jagoda, MiloMalo, evangelina.ina и 9 други им се допаѓа ова.
  18. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Да така е, многу е лесно да замижам и да речам деца се бе ке му помини, ама некоj упорно да прави да турка куби тепа неможам да седам да пиjам кафе и да разговарам со " другарката" а детево нека ми го тепаат, важно муабетов е поважен со другаркава та детево коj го гледа деца се ке пораснат"

    Благодарам што ме разбра што сакав да им кажам на маjкиве, бидеjки повекето не читаат баш како што треба а брзаат да напишат да се истакнат демек леле оваа онаа,а на секоjа ке jа здоболи ако и го удри некоj детето, и да види дека маjкаму не го скарува а тоа пак удира.. сувишне су речи да зборувам, нека си дробат што сакаат, главно беше постот на жената горе не за мене да изиграваат судиjки .
     
    На MilaP, stilas7, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    48.796
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсеќа деца кога бевме , јас и братучетка ми мала возрасна разлика од 1 година а сестра и 6 години помала од нас. Леле детево ко црево за нас кај ние таму она а ние па ко за инает и бегавме не ја сакавме у друштво дека помала. :D Деца што разбираат ги избегаваат помалите. А тетка ми па коа ке не подбереше зашто не ја зимаме со нас тука циркуз настануваше, а од друга страна дополнителен револт зашто не напиња да ја дружиме.

    Сакам да кажам кога си помал што знам некако нормално ми е да ги избегаваш копиљаците (така ги викавме не е навреда) , ти постар сакаш поголема слобода, симпатии се врткаат околу тебе и не сакаш некое далеку помало дете да ти е тука па мегу другото и да ти е обврска да го мислиш и пазиш ако ти е братче или сестриче. Што знам сите ние сме го поминале тоа и со роднини и во маало сме им бегале на помалите од нас.

    Некако нормално ми е повозрасните дечиња да сакаат да се истакнат и на некој начин да шефуваат во однос на помалите, да не се лажеме и сега кога сме возрасни е исто кога седиме со некој постар од нас. Не викам дека е во ред да ги тепаат, буткаат и малтретираат малите тоа е дивјаштво и недостиг на домашно воспитување ама она бележење територија ми е до некаде ок. Секогаш ке има деца кои се покомуникативни , деца кои повеке се истакнуваат во однос на другите, па и понахални деца кои знаат да си го завземат своето место во едно друштво и деца кои ете седат од страна и имаат потешкотии со социјализација. И иксрено не знам колку е добра идеја мајката упорно да ги напиња да го дружат нејзиното дете зошто сепак колку и да е со добра намера може да створи контра ефект кај останатите дечиња.

    Сите ке си најдат другарчиња кога ке потпораснат и ке почнат да разбираат некои работи. Никој нема да остане сам. Само да се живи и здрави.
     
    На calliope, Bozica1980, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    61.059
    Па и јас ќе изреагирам ако видам дека некое постаро дете ми го удира моето. Нормално. Нема да го оставам тоа така. Ако е родителот тука очекувам да реагира, ама ако во некој случај не е таму или не реагира ќе му се обратам на детето и ќе му речам дека тоа не смее да го прави нормално.
    Ако продолжи понатаму секако ќе реагирам лично и персонално кај родителот, ама сигурно нема да продолжи бидејќи ако е оно помало нема што да бара во друштво со нив без мој надзор.

    Ама кога станува збор за играње со топка и ако не му даваат на него оти е помало ружно е јас да заводам ред. Попрво ќе му објаснам на моето дека тие се големи, дека се во игра, или не знам има многу ситуации што можат да се направат ама сфатете дека многу е себично ако постари деца се во текот на игра и малото се меша, а тие се бунат, родителот да дојде и да бара да го вклучат.
    Нема тоа никаква врска со нарушување на самодоверба, напротив детето се учи дека не може да добие се што сака, не се врти светот само околу него, децата не се злопамтила, не се суетни, не размислуваат на начин на кој ние размислуваме егоистично, тие се бргу задоволуваат со другото и посекако учат на вредности.

    Јас на ќерка ми не му давам некои играчки кои се на син ми додека тој се игра. Или ако тој е во игра треба ли само затоа што е помала да и допустам се и да му ја разруши неговата игра? Не.
    Ама исто така на него не му давам да му зема нејзини бебешки играчки од рака. Таа има приоритет со нив.
    Нека се учат да си почитуваат туѓо и време и посветеност и се друго.
    Они се играат и заедно, ама сепак мораат и двајцата да бидат испочитувани.
     
    На Doozy, Giovanna, tina-63 и 17 други им се допаѓа ова.