Мислам серијава заслужува да се издвои. Ја барав низ темите ама не ја најдов. http://www.imdb.com/title/tt0460091 Добра серија за опуштање, има доста хумор, барем во првите две сезони Штета што не ја продолжија, остана недовршена, а како што сум љубопитна мн. ми е мака што не се разјасна крајот на 4тата сезона Спојлер Најфаца се Џој и Дарнел, а Каталина ми е најдосаден лик.
И јас ја имам изгледано серијава, многу е смешна. Ама не ја памтам баш убаво, одамна беше некогаш морам да ја повторам. Една од најсмешните серии според мене. Ренди е закон
Серијата е одлична, ги имам изгледано првите 3 сезони буквално во рок од неколку денови. Кастингот е супер, главниот лик е урнебесно смешен, братчето бетер, како и неговата бивша жена и Каталина. Одлична забава и супер хумор, штета што ја прекинаа серијата. Ова е инаку една од моите први загледани серии, онака, како сериозен и посветен (да не кажам манијакален) гледач на сериски филмови, па мошне ми е драга. Препорачувам, епизодите се кратки по 20тина минути, и одлични за пополнување време и опуштање.
Ја имам изгледано цела, лани лето мислам ја смачкав у недла дена, зашто е заразна и смешна Најгупавата работа е што ја прекинаа и тоа баш кога беше интересна. НЕмам некој ептен омилен лик, сите ми беа интересни и урнебесни на свој начин КАталина ми беше многу смешна и целата таа прича меѓу неа и Ренди. Ренди, ќурка не му е рамна Носи некоја интересна порака серијава, биде фин спрема другите за да и тебе ти се насмее среќата. Не дека е далеку од вистината, не? Кarma is a bitch!