dali moze da se zabremeni dodeka dois? mene mi kasni veke 8 dena, napraviv test i imase slabo obojuvanje. sega cekam da napravam uste eden, a ne custvuvam simptomi deka sum bremena osven sto mi kasni. dali nekoja imala slicno iskustvo?
језда сум мала и неискусна доволно за да ти давам совет ке си кажам мое мислење. јас мислам дека од кога ке се породиш и ке ја добиеш првата менструација можеш да останеш трудна ... пошто ти си пак плодна ама сепак јас така мислам ... а тестот позитивен ли ти излезе ??? и да бил мислам дека не е сто посто точен пошто ти уште го имаш тој хормон преку кој тестот покажува резултати. колку време поминало од кога си го родила детето ? Можеш и да се јавиш на гинеколог да прашаш сигурна сум ке добиеш соодветен одговор.
Медицински во теорија е невозможно, бидејќи пролактинот - хормон што се лачи за стимулација на создавање на млекото го инхибира дејството на прогестеронот - хормон кој е задолжен за зачнувањето и одржувањето на бременоста и чии вредности се највисоки токму после овулацијата. Со самото породување и лактацијата (создавањето на млеко и следствено доењето), нивото на прогестеронот е ниско особено додека трае доењето. Тоа е теоретски - ама праксата покажала и исклучоци - значи постои можност да си бремена. Лично, имам таков случај во фамилијата, затоа не велам дека е невозможно да си бремена
Да... на една внука и се случи ... Активна ..затоа сега цепи глава со две мали и крај не може да фати
ova e tocno samo ako dois redovno na sekoi 3 sati 24/7 not i togas ima sansa da zabremenis.a ako imase obojuvanje na testot verojatno si bremena zasto testot e osetliv na Hcg,A toj hormon e prisuten vo tebe samo ako si bremena
јас го доев детето повеќе од две години, а добив менструација само 3 месеци по породувањето. сакам да казам дека двете работи не се поврзани и со добивањето на циклусот стануваш плодна повторно (ова е потврдено од доктор), а според некои другарки најбрзо се забременува првите 40 дена по пораѓајот
Моја другарка збремени со второто детенце додека доеше.Сега дечињата и се разлика само 11 месеци А и двете ги раѓаше со царски И сега и забранија никако да не останува трудна во наредните 3 години зашто и е опасно по живот, заради царскиот
Додека доиш има шанса да забремениш, но ао имаш добиено менструација. Доењето кај многу жени го одлага добивањето на менструација, но никогаш не се знае кога ќе се случи првата овулација, така да вниматлно....посе да не бидете без менструација уште една година, мислам да забремените де
Баба ми (по мајка) забременила со тетками додека ја доела мајками и разлика се само 15 месеци, а сега и една блиска роднина е бремена во 6ти а другото дете и е 1 година значи ДА МОЖИ поз
Секако дека можеш.Мајка ми забременила додека ме доела мене,па затоа јас многу малку сум доена со мајчино млеко затоа што и секнало млекото Бебето не го родила,за жал
da tocno e se zabremenuva dodeka dois stom ke dobies menstruacija si plodna i normalno e deka mozes da zabremenis
na mene mi zastana mlekoto i se cudev sto e rabotata.. napraviv test za bremenost ispadna pozitiven... srekna sum sto samoto mleko prestana,oti ne e ubavo ako si trudna da doish....