да,да,да може да се забремени додека се дои..има многу случки.... инаку не смее да се дои детето доколку сте бремена можело плодот да се затрови
Имав слушнато дека откако ке се породиш 40 дена си бил со месечен циклус Исто ми велееа дека после абортуси (сакан или несакан) имало месечен циклус од 40 дена било исто како да се породиш. Ама еве јас од искуство велам дека не е така минатата година имав миссед абортион и месечен циклус имав 7 дена а потоа добивав секој месец редовно било на 25 дена или 28 . Сепак зборот ми беше дека и кога добиваш месечен циклус може да си бремена има многу мајки кој цела бременост ја износиле со месечни циклуси секој месец.
Добро од каде вадите вакви бисери? Од што ќе се затрови плодот?? Јас останав бремена додека го доев син ми и сум доела додека бев бремена и да се затрови вториот син многу мал го родив, преку 4 кила, да не доев додека бев бремена можеби 6 кила ќе се родеше Не се водев дека дојам и не можам да останам бремена па да свршува мм во мене туку ете летнало некое сперматозиодче не сакајќи и ете го и вториот син
и ЈАС СУМ слушнала дека ако го дојс бебето додека си бремена во друго можело да се затруе. Ви кажав за дада ми дека додека го доеше првото дете остана бремена во фторото а матичниот и рече веднаш да престане дА го дои син и бидејки може да се затруе но незнам зошто. Исто и рече дека млекото ке и секне ако продолжи да го дои
^ Абе со тие приказни на дада ви, на баба ви, вака им кажале, така им кажале, ако имате нешто со факти поткрепено пишувајте а не рекла казала муабети колку да се напише нешто. Како ќе се затруе плодот, дај им објаснување за тие што не знаат. Може цела бременост да доиш, нема никаква опасност освен што треба да се води сметка за исхраната и внес на доволни течности, да се затруе второто нема никакви шанси, нема од што Единствено може околу 26-27 недела да се смени текстатурата на млекото па самото бебе да се одбие а инаку низ цела бременост млекото си има иста нутритивна вредност како и да не си бремена. И да моето пишување е од 14 години стаж на породилно одделение :geek:
може да се забремени додека се дое, мојата комшивка пред некој месец се изненади .. сепак колку и да е неочекувано назад нема, добра да и е мислата!
bittersweet апсолутно си во право, рекла казала муабети се претвараат во вистини..... а со споредбата ме изнасмеа до солзи, секоја чест, поздрав до тебе
bettersweet баба ми кога имала мало бебе кое го доела, во меѓувреме останала бремена со друго, и детето што го доела и починало, кога отишла на болница и рекле дека е од доењето... така да со оглед на тоа колку биле спремни болниците во тоа време и тоа што се случило, не знам што е точно... јас само го кажав примерот со баба ми
Може. Имам блиска особа која додека го доеше синчето остана бремена, и абортира, но никако не смее да се дои додека си бремена со друго дете. После абортусот повторно си го доеше.
А зошто тоа никако не смее да се дои додека си бремена со друго дете?????? Додека го доев првото синче останав бремена со второто и ете го здрав, прав, 4,5 кила се роди и сега додека го дојам вториот син повторо сум бремена со трето бебе и ете и синчето си напредува а и бебето во стомакот си напредува. Нема никаква научна основа за затровување или незнамтишто, такво нешто никогаш не се случило а за бабата на фифи16 што сакаш да и кажат пред 50 години освен дека таа е виновна а не докторите, тоа и денес се случува а не пак во тоа време.
Огромна заблуда е дека не смее да се дои за време на бременост. Имам такви примери кои ги одбиле бебоњата и многу ми е жал за нив. Точно е дека доењето предизвикува контракции во матката и затоа после породување бебето што почесто треба да се држи на града, но тие контракции се помали од оние на оргазам, така да чим може жената да има односи за време на бременост, може и да дои. Никаде нема случај на нуспојави, само рекла-казала не смееш да доиш ако си бремена. Во светот милиони мајки дојат за време на бременост. Се разбира, ако станува збор од нормална бременост. И да, апсолутно може да се остане бремена додека се дои. Јас останав, золва ми остана, нејзината кума остана, моја многу добра другарка остана, братучетка ми остана бремена и мноооогу други примери.
Еве јас уште го дојам синко, и бремена сум. Кога ја доев ќерка ми, останав бремена со синко, но таа пиеше и аптамил, доењето и беше како галење, дури и немав млеко може да се каже, но синло 20 месеци е и само доење му е за млеко, од шише нема шанси да фати. И го приметив последниве ден два е многу нервозен кога кје зацица почнува да плаче, менува една друга града.. Сама приметувам дека ми се намали млекото каде каде, но тој уште е обесен и со цицката в уста.... Ќе барам чаре да го одбијам, нема да ризикувам.
Мамички незнам дали прашањето е за овде или некоја друга тема...јас сум во паника....бебчето ми 2,5 месеца, а вчера дознав дека сум повторно бремена 6 недели... има ли некој такво искуство...
Синко е 7 месеци, а јас бремена 14+3 недели, ќе бидат 12,5 месеци разлика. Плус синко си го дојам сеуште и сама сум за се со помош од мм кога е дома. Освен што физички те исцрпува едното од надвор другото од внатре, нема некоја друга препрека.
lele kolku mala razlikaaa e jas prv pat slusam ova... kaj ste se brzale tolku? ne samo za bebeto i za tebe ne e ubavo tolku brzo :/ Organizmot uste ne se vratil vo normala, moras da imas mnogu sili, rezervi i za toa bebe sega... Konsultiraj se so ginekolog, neka ti kaze on sto e najdobro... jas imam citano deka ne e bas najdobro tolku mala razlika da ima od bremenost do bremenost... Sto i da se odlucis so lesno samo
Нема потреба да ја плашиш, јас останав трудна кога бебето имаше околу 3,5 месеци. Неколку доктори прашав, рекоа нема ризик единствено што треба енергија повеќе и за бременоста и за бебето, и после со две бебиња во куќа е малце потешко. Јас сеуште дојам и планирам до крај да терам така, малово е 7 месеци многу активно бебе го кревам, носам, ми скока на стомак, па сепак се е во ред и со двете. И плус да напоменам сама сум, мм е по цел ден на работа, така да дури навечер од него имам помош.
Кажете што контрацептивно средство користите по породување ? Јас се породив пред скоро два месеци и еднаш пробавме али ппради нелагодното чувство прекинавме... е сеа за цели 10 секунди што траеше ми е страв да не затруднам хахахаха а да напоменам дека беше далеку од ејакулирање внатре ... Предходно си се пазевме на истиот начин со вадење пред време али сега некако страв ми е само тоа Кажујте од искуство што да праам
Пазење само, вадење на време, кондоми заборавивме што се Еве сега два месеци по ред свршува во мене, но јас сеуште сум во заблуда за второ дали сакам сега, па како божем ги скокаме плодните денови
оф добро е јас мислев малце е само вадење на време хухухуху Дури вчера кондоми си купи чоекот што да се праи со луда како мене А ти ајде не се мисли многу , мене ми е страв дека сум царски затоа неможам одма